„Toyota“ со концептот „Prologue“ ја најавува втората генерација на „C-HR“ - Канал 5

„Toyota“ со концептот „Prologue“ ја најавува втората генерација на „C-HR“

Од неговото лансирање, „Toyota C-HR“ е препознаен по својот револуционерен дизајн и уникатен идентитет.

„Toyota“ со концептот „Prologue“ ја најавува втората генерација на „C-HR“

Сега јапонскиот производител е подготвен да ја сподели својата визија за тоа како ќе го подигне нивото, внесувајќи уште повеќе возбуда и смелост во овој „C-SUV“.

Саемот за автомобили во Париз во октомври 2014 година беше првиот навестување дека „Toyota“ се подготвува да лансира сосема нов тип на автомобили од „C“-сегментот - тогаш светот првпат го виде концептот „C-HR“.

Нешто повеќе од две години подоцна, овој концепт ќе стане реалност. Со моделот „C-HR“, „Toyota“ претстави автомобил кој не беше подготвен за компромиси.

Оваа година, 2022 година, поставен е нов предизвик: како да се подобри „C-HR“? Одговорот дојде во форма на концептот „Toyota C-HR Prologue“.

Сегашната генерација на моделот „C-HR“ е родена во центарот на „ED²“, европското седиште на „Toyota“ за развој на дизајнот, лоцирано на југот на Франција, од каде што „Toyota C-HR Prologue“ исто така го започнува својот нов живот.

Затоа „ED²“ се соочи со голем и амбициозен предизвик – како да го надмине она што е веќе постигнато.

„Нашата мисија беше да копаме длабоко, да одиме подалеку отколку што некогаш сме отишле. Навистина со нетрпение очекуваме да ја испорачаме нашата нова Toyota C-HR“, вели Ленс Скот, директор за дизајн во Центарот за развој на дизајн на „Toyota“ во Европа.

Еден поглед на „Toyota C-HR Prologue“ покажува дека автомобилот остана верен на своите корени. Но, новата генерација добива и надградби.

Досега беше двобоен. А сега „Toyota C-HR Prologue“ пристигнува и со трета боја – тоа е детал со нијанса на сулфур покрај основната металик сребрена и црна боја.

Од самиот почеток, тој беше дизајниран да се истакне во таква тробојна опција.

„C-HR Prologue“, исто така, ја докажува посветеноста на „Toyota“ за јаглеродна неутралност, носејќи уште поширок опсег на електрифицирани верзии на најголемиот и најконкурентниот пазарен сегмент во Европа – „C-SUV“.

Новата „plug-in“ варијанта на „Toyota C-HR“, со батерии склопени во Европа, покрај веќе достапната хибридна верзија, дополнително ќе ја зајакне палетата на автомобили на „Toyota“ произведени со бројни технолошки решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум лица се ранети во средно учлиште во Турција

Осум лица се ранети во   Маниса во  Турција, откако утрово непознато лице отворило оган пред средно училиште, соопшти канцеларијата на гувернерот на Маниса.

Осум лица се ранети во средно учлиште во Турција

На снимките од безбедносните камери се гледа како осомничениот оди по улицата со пушка во раката, а потоа брзо бега од местото на настанот заедно со оружјето. По вооружениот напад во училиштето во Маниса, на местото почнале да пристигнуваат вознемирени родители, додека полицајците се обидувале да ја смират толпата и да ја стават ситуацијата под контрола.

YouTube video

На местото на настанот е присутен голем број припадници на безбедносните служби, а родителите се обидуваат да добијат информации за своите деца. првичните извештаи укажуваат дека се ранети осум лица, од кои едно е во критична состојба.напаѓачот побегнал од местото на настанот. Полицијата започнала голема потрага и тој набрзо бил уапсен.пукањата во училиштата се ретки во Турција, иако претходно оваа година имаше два напади во еден по друг дена на југот од земјата што предизвикаа гнев кај локалното население

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Лидерот на СДСМ Венко Филипче утринава на прес конференција на која зборуваше за повеќе теми рече дека Македонија е изолирана земја и а Мицкоски  го нарече руски прокси играч.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Целосната изјава погледнете ја во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

СДС се дрзна да каже дека ВМРО-ДПМНЕ ја распродавала државата, и тоа замислете од партијата водена од најголемите докажани квинслинзи на Македонија, Зоран Заев и Венко Филипче. 

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

Кога Коте од Руља кој е синоним за прадавство би бил жив, на овие двајца вода може да им носи. Сменија име, сменија Устав, сменија знаме, се откажаа од македонското малцинство во соседните држави, кажуваа дека Бугарите биле ослободители, дека македонскиот јазик почна од Втората светска војна.

Донесоа француски предлог и ултиматум и го направија критериум за напредок кон Европската Унија.

Па СДС е таму каде што е токму поради овие предавства.

Така да предавствата станаа второ име за Филипче и Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер