САД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработка
2САД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработка
Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
Култура„Тоска“, „Мадам Батерфлај“ и „Оревокршачка“ на мартовскиот репертоар на Националната опера и балетОперите „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Џакомо Пучини и балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски се на мартовскиот репертоар на Националната опера и балет.- Во свет каде вистинските културни доживувања стануваат сè поретки, со особена чест ве покануваме да го доживеете март во МОБ — месец посветен на уметноста, традицијата и извонредноста. Мартовскиот репертоар обединува три дела што претставуваат врв на оперската и балетската уметност, нудејќи атмосфера на достоинство, префинетост и уметничка длабочина. Секоја изведба е внимателно подготвена со цел да создаде вистинско културно искуство, стои во соопштението од Националната опера и балет. „Тоска“, како што се наведува, носи драматична енергија и силна сценска експресија што го отсликува вечниот судир меѓу љубовта и моќта. „Тоска“ ќе биде изведена на 6 март во 19:30 часот, а билети можат да се набават на следниот линк: https://t.ly/Toska06.03.26 „Мадам Батерфлај“, како што наведуваат, раскажува деликатна и длабоко човечка приказна што ја нагласува убавината на искрената емоција. „Мадам Батерфлај“ ќе биде изведена на 13 март во 19:30 часот, а билети можат да се набават на следниот линк: https://t.ly/Madama.Butterfly „Оревокршачка“, пак, создава атмосфера на елеганција и сценска раскош, претворајќи ја ноќта во вистински празник на уметноста. На репертоар е на 28 март 2026 година, а билетите за „Оревокршачка“ се достапни на следниот линк: https://t.ly/Oravokrsacka28.03.26 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФон Дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредноститеСостојбата на Европската унија е најсилна но и најнесигурна досега, посочи претседателката на Европската Комисија - Урусла фон дер Лајен во нејзиниот годишен говор денеска во Стразбур. Без да се осврне подетално на процесот на проширување, Фон Дер Лајен најави дека наскоро ќе бидат објавени патокази за најуспешните земји кандидатки, кои како што нагласи ќе мора да ги почитуваат основните вредности на Унијата. Фон Дер Лајен и во оваа прилика не ја одмина глорификацијата на осудениот за воени злосторства – Ратко Младиќ, која ја посочи како недозволива. -Наскоро ќе предложиме патокази за кандидатите што постигнале најголем напредок. Овој процес ќе продолжи да се базира на заслуги и драги пратеници, повторувам, почитување на нашите вредности, што не е предмет на преговарање. Бев ужасната од сликите од погребот на Ратко Младиќ во Белград,- -Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европска комисија. -Проширувањето на Унијата со полноправни членки, а можеби и со придружни членки, е во наш стратешки интерес. Не може да има скратени патишта, но не смееме да го изгубиме моментумот во овој процес, -Томас Бирн, ирско претседателство со советот на ЕУ. Европската Унија и официјално ја покани Канада да стане нејзината прва придружна членка. Овој сојуз за иднината, како што го опиша Урсула фон дер Лајен, ќе значи здружување на европските и канадски сили во клучни и стратешки области како индустријата, технологијата и одбраната. -Сакаме да ги подигнеме односите со Канада на највисоко можно ниво. Затоа би сакала да соработувам со вас (премиер Карни) за да ја отвориме вратата за Канада да биде првата придружна членка на Европската Унија,- -Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европска комисија. ЕУ ќе создаде свој Совет за безбедност и сопствен механизам налик на Натовскиот член 4 односно протокол за итна безбедност, нагласи претседателката на Европската Комисија, во чиј говор преовладуваа темите од одбраната и безбедноста на Унијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСАД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработкаПод администрацијата на Трамп, САД веќе нема да се ангажираат за „градење“ држави на Балканот, туку ќе се посветат на стабилноста и безбедноста, одржување позитивни односи и економска соработка, порача Даниел Лотон.Под администрацијата на Трамп, САД веќе нема да се ангажираат за „градење“ држави на Балканот, туку ќе се посветат на стабилноста и безбедноста, одржување позитивни односи и економска соработка, порача Даниел Лотон, заменик помошник државен секретар во чија надлежност е Балканот, кој сведочеше пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Претставнички Дом при што официјално ја претстави стратегијата на администрацијата на Трамп за Западен Балкан. „Ерата на надворешно наметнато градење држави е завршена“, изјави Лотон во своето обраќање пред конгресмените. Зборувајќи за секоја држава посебно и Македонија доби конкретно место во новата американска слика за регионот. Се очекува Македонија да биде клучна држава за изградбата на транс-балкански гасовод за транспорт на американски гас од Грција. -Македонија реално е на пат да го постигне договореното ниво на инвестиции во одбраната како НАТО членка и да ја подобри нашата одбранбена соработка. Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија се одржа во април и притоа беше реафирмирана подготвеноста на двете земји да работат заедно на унапредување на овие стратегиски линии, пишува во подготвената изјава на заменик помошник секретарот Лотон доставена до комитетот на Конгресот. Фокусот на расправата во Конгресот најмногу беше за случувањата и односите на САД со Србија, Босна и Херцеговина и Косово. Повеќе конгресмени се фокусираа и за претстојните избори во Србија закажани за во октомври и нејзините односи со САД, Русија и ЕУ, како и, како што беше посочено, кинеското влијание таму. Лотон ги посочи Русија и Кина како ривали што претставуваат закана за американските интереси на Балканот, но посочи дека САД немаат намера да му го препуштат регионот на геополитичкото влијание на Москва и Пекинг. -Тесно соработуваме со нашите НАТО сојузници, Албанија, Црна Гора и С. Македонија за нашите заеднички безбедносни цели како да се справиме со транснационалните криминални организации. Можам да ви кажам дека ние секако имаме геополитички ривали особено Кина и Русија кои претставуваат ризик за стабилноста на Западен Балкан. Затоа сакаме позитивни односи во целиот регион со сите земји во Западен Балкан да се поттикне стабилноста која е во интерес на сите нас. Во однос на Европската Унија, ние не заземаме став за членство, тоа е одлука што самите земји од Западен Балкан треба да ја донесат во соработка со Унијата, изјави Лотон. Лотон ги повика Приштина и Белград да избегнуваат провокации и да се вратат на директен дијалог, поздравувајќи го напредокот постигнат преку Стратешкиот дијалог со Србија, како и инфраструктурните и енергетските партнерства со Македонија и Црна Гора.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБура реакции во Косово и Албанија по изречените пресуди во Хаг, реагираше и Ахмети Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството од неколкуте стотици насобрани кои дојдоа заеднички да ги слушнат пресудите на ХАГ за четворицата лидери на УЧК кои добија вкупно 81 година затвор. „Срби, Срби – да ви го е.. племето.“ Според насобраните, ваквата пресуда е неправедна, наведувајќи дека борбата против Србија била ослободителна. Откако ги слушнаа пресудите се упатија по градските улици, а скандирањата продолжија пред просториите на цивилната мисија во Косово - ЕУЛЕКС, кои се под силно полициско обезбедување. Набргу по пресудата се огласија и косовските власти. Министерот за надворешни работи на Косово – Коњуфца од Хаг порача дека епилогот е ужасен за државата и нејзиниот народ. Казните ги оцени како драконски, велејќи дека и Србија во отсуство им пресудила помалку на четворицата. Екс – в.д. премиерот пак Хоцај смета дека е најцрн ден за Косово од, како што вели, ослободувањето. -Ужасна пресуда, за Косово, за нашиот народ, за нашата ослободителни војна. Луѓето на Косово тоа го искусија самите. Знаете каква беше војната на ОВК, и ние знаеме дека тука немаше никаков криминален механизам со кој се наштети на населението. Не може да се пронајде ниту еден програм, не може да се пронајде ниту намера кај ОВК која судот ја тврди. -- Гљаук Коњуфца – Министер за надворешни на Косово. -Денов ќе остане секогаш запаметен во историјата на албанците, во срцата на граѓаните на Косово, и тоа што се случи денеска е најцрниот ден кој го имале албанските граѓани од ослободувањето,- -Енвер Хоџај – потпреседател на косовскиот парламент. Пораки за поддршка и осуда на пресудата пристигна и од албанскиот премиер Еди Рама, кој со една фотографија на социјалните мрежи ја нарече срамна. Реагираше и лидерот на ДУИ – Али Ахмети, исходот го нарече разочарувачки и најави борба во понатамошната судска постапка. -Денешната одлука против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими ја сметам за неправедна и длабоко разочарувачка. Во овие тешки моменти повикувам на зрелост и единство. Не смееме да паднеме во замката на оние кои се обидуваат да создадат тензии, поделби или да фрлат дамка врз ослободителната војна на народот на Косово,- Али Ахмети – ДУИ. Косовската полиција вели дека била максимално подготвена, без разлика дали исходот ќе доведел до славје или револт. Оперативен план, уверуваат, е спроведен на територијата на целата држава, а не само во Приштина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00