„Тоби“ утре премиерно во Театарот за деца и младинци - Канал 5

„Тоби“ утре премиерно во Театарот за деца и младинци

Во Театарот за деца и младинци-Скопје утревечер премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Тоби“ според текст на Флоријан Зденек.

„Тоби“ утре премиерно во Театарот за деца и младинци
Адаптацијата на текстот и режијата е на Драгослав Тодоровиќ од Белград.

Во „Тоби“ играат Марија Ѓорѓијовска, Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа Мојаноска, Ана Левајковиќ Бошков и Мики Анчевски. Креацијата на куклите, костимите и сценографијата е на Ирина Сомборац од Белград, со помош на Кирил Василев и Љубица Велкова како помошници. Видео анимацијата е на Емил Петро, композитор е Виктор Апостолоски.

Директорката на Театарот за деца и младинци Катарина Илиевска Силјановска на денешната прес-конференција рече дека претставата е исклучително шарена и убава, наменета за најмладата публика и со кукли кои досега ги немал Театарот.

Режисерот Тодоровиќ истакна дека со задоволство и леснотија работеле со екипата.

- Претставатата не е моја, таа е наша. Текстот е многу интересен за мали деца, но и за адолесцентите бидејќи тие имаат најмногу превирања кога доаѓаат лудите или магарешки години, кога ништо не им се допаѓа на нивното тело. Постојано имаат незадоволство, се додека не ја согледаат личноста, а не ликот, рече Тодоровиќ. Додаде дека претставта е за децата, но и за возрасните кои ги носат во театар.

Марија Ѓорѓијовска која го игра кучето Тоби рече дека целта на претствата е да бидеш таков каков што си, онака како што те создала природата.

Актерската екипа нагласи дека имале одлична соработка со режисерот, учеле, се надополнувале едни со други и уживале во подготовката на претставата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шрек се враќа, но култните ликови од приказната ќе имаат драстично изменет изглед (ВИДЕО)

По 16 години, еден од омилените ликови од анимираната франшиза Шрек се враќа на големото платно. 

Шрек се враќа, но култните ликови од приказната ќе имаат драстично изменет изглед (ВИДЕО)

Нов тизер за петтото продолжение го откри враќањето на Волшебникот, но и прилично изменет изглед на неколку добро познати ликови, пишува Screen Rant.

Популарната анимирана франшиза започна во 2001 година со филмот на DreamWorks Animation базиран на сликовницата на Вилијам Штајг од 1990 година. Шрек ги претвори традиционалните бајки во пародии исполнети со сатира и референци на популарната култура, а по серија продолженија и спин-оф филмови, повторно ќе го обедини добро познатиот тим.

Познатите ликови добија нов изглед

Новиот тизер за Шрек 5 го прикажува Волшебникот, последен пат видено од публиката во филмот „Шрек секогаш и засекогаш“ од 2010 година. Краткото видео беше објавено со пораката: „Целото мочуриште се собра за ова“. Покрај Змејот, нов изглед добија и трите мали прасиња и Волкот.

Мајк Мајерс како Шрек, Еди Марфи како Магаре и Камерон Дијаз како принцезата Фиона се враќаат во петтото продолжение. Ним им се придружуваат Зендаја, Марчело Ернандез и Скајлер Гисондо, кои ги позајмуваат своите гласови на децата на Шрек и Фиона, Фелиција, Фергус и Фаркл.

Заплетот ќе го обедини тимот во авантура што ќе ги однесе во метрополата Further Further Away, но повеќето детали сè уште се чуваат во тајност. Исто така, имаше гласини дека ликовите случајно ќе завршат во реалниот свет и дека негативецот Лорд Фарквад би можел да се врати, но оваа информација не е потврдена.

YouTube video

Се подготвува и независен филм за Магарето

Покрај петтото продолжение, се подготвува и посебен филм посветен на Магаре, еден од омилените ликови на франшизата. Мајк Мајерс откри дека со задоволство би учествувал во проектот и истакна дека таков филм одамна се очекуваше.

„Сакам Магарето да живее со мене! Многу го сакам тој лик. Не мислам дека сум во тој филм. Можеби сум, не сум сигурен, но долго време чекав. Тој лик е еден од моите омилени на сите времиња, а Еди е одличен во таа улога. Изненаден сум што филмот не беше направен порано, но јас ќе бидам прв во редот да го гледам. Го обожавам човекот“, рече Мајерс.

Филмот за Магарето треба да биде приквел што го истражува потеклото на ликот и би можел да ги следи стапките на успешните филмови „Мачорот во чизми“. „Мачорот во чизми: Последната желба“ од 2022 година заработи околу 484 милиони долари низ целиот свет и постигна импресивна позитивна оценка од 95% на Rotten Tomatoes.

Преминувањето на филмот „Шрек 5“ е најавено за 30 јуни 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Назим Рашиди

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Назим Рашиди

„На кавга со Иван“ - Назим Рашиди

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција се дигна против насилството врз жените- демонстрантите бараат итни измени на законот

Протестни маршеви против насилството врз жените и високите трошоци за живот се одржаа во неколку градови низ Франција, на кои учествуваа нешто повеќе од 44.000 луѓе, според Министерството за внатрешни работи.

Франција се дигна против насилството врз жените- демонстрантите бараат итни измени на законот

Како што објави „Ле Монд“, ова е најмалиот број учесници во демонстрациите од 17 октомври.

Минатата недела, 82.500 луѓе се собраа на протести против високите трошоци за живот.

Два протестни собири во Париз против насилството врз жените, организирани од феминистички здруженија, со учество на синдикати, младински организации и членови на движењето „Жолти елеци“, собраа 12.500 луѓе, според полициската префектура.

Сепак, организаторите проценуваат дека имало 55.000 учесници.

Портпаролката на Националниот колектив за права на жените, Сузи Ројтман, апелираше на плоштадот Пантеон за навремено усвојување на сеопфатниот закон за насилство врз жените и децата, кој беше усвоен на прво читање во Националното собрание на 13 октомври.

Сенатот треба да го разгледа законот во јануари, а денес, околу петнаесет активистки од движењето Фемен се собраа пред зградата на институцијата, носејќи транспаренти.

Во Марсеј, речиси илјада луѓе учествуваа во нерегистриран протестен марш, кој беше растеран од полицијата со солзавец.

Втор протест, кој беше официјално регистриран и организиран од феминистички здруженија, собра околу 400 луѓе, според податоците од префектурата.

Во исто време, 2.000 луѓе учествуваа во протестите во Монпелје, 6.000 во Лион, а речиси 3.000 демонстранти се собраа во Лил.

Протести беа организирани и во Мец, Тулуз и Стразбур.

Во официјален извештај, објавен во среда, се наведува дека минатата година се регистрирани повеќе од сто случаи на фемицид во Франција и дека во текот на 2024 година, 272.000 жени биле жртви на силување, а 1,3 милиони од нив биле жртви на сексуално вознемирување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер