„ТНТ“ се враќа на почеток, судиите ја прифатија оставката на поротничката - Канал 5

„ТНТ“ се враќа на почеток, судиите ја прифатија оставката на поротничката

По првата, втората неотповиклива оставка на поротничката Лилјана Ивановска Кочковска поради истекот на мандатот и како што навела здравствени проблеми, успеа да го врати случајот ТНТ од почеток.

„ТНТ“ се враќа на почеток, судиите ја прифатија оставката на поротничката

Според судот, повлекувањето на поротничката е потврда за како што соопшти претходните предупредувања за евентуални притисоци и закани. Судењето со нов поротник и заменик стартува утре, но судијата Огнен Ставрев не коментирајќи го повлекувањето на Ивановска Кочковска со предизвик до адвокатите.

„Одбраната и обвинетите тврдевте дека не сакате да одолговлекувате. Ако е така потврдете. Судењето ќе почне одново, но за целисходност на постапката и владеењето на правото прифатете само да ги исчитаме доказите.“- Огнен Ставрев – Судија

Адвокатите утре ќе треба да одговорат дали само ќе се читаат со што постапката бргу би продолжила каде што застана, или доказите повторно ќе се изведат. Но адвокатот Јовица Страшевски, повикувајќи се на правна држава навести дека најверојатно ќе бара повторно да се изведат сите докази.

Обвинителот Бурим Рустеми вели дека со притисоците врз поротничката, успеале намерите на одбраната а тоа е блокада и враќање на почеток на ова судење што трае две години. Во оваа ситуација вели Рустеми, без “карта во ракав” се и Обвинителство и судот.

Сопственикот на Космос, Фијат Цаноски, за чие рушење се води оваа постапка се сомнева во притисоци зад оставката на поротничката, но се надева дека судот побргу ќе ја заврши постапката.

Турбуленциите со судењето за овој случај започнаа пред истекот на мандатот на поротничката а кулминираа со медиумските преписки помеѓу адвокатите и судот и нејзината прва оставка по што Кривичен и понуди заштита. За незаконското според обвинителството, уривање на Космос обвинети се екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кој денеска не се појави во судница бидејќи не добил покана, вработени во Општината, поранешниот министер Миле Јанакиески, и поранешниот премиер во бегство Никола Груевски.

YouTube video

Драма на Косово: Маж испука рафал од калашников по кавга за паркинг среде Пеќ (ВИДЕО)

Драматична сцена е снимена во Пеќ кога маж отворил оган со АК-47 пред приватна компанија!

Драма на Косово: Маж испука рафал од калашников по кавга за паркинг среде Пеќ (ВИДЕО)

Инцидентот, кој се случил на паркингот на компанијата во среда наутро, бил снимен од надзорна камера. Локалните медиуми јавуваат дека драмата започнала кога вработените го замолиле мажот повторно да го паркира автомобилот. Мажот си заминал, но подоцна се вратил со квадбајк со калашников од која пукал во воздух. Потоа избегал, но полицијата го пронашла еден ден подоцна и го привела. Осомничениот бил испрашуван по наредба на надлежниот обвинител.

YouTube video

На местото на инцидентот се пронајдени многу докази.

Компанијата пред која се случил инцидентот сè уште не дала коментар, објави Телеграф.

Во Кочани се одржа петнаесетиот „Марш на ангелите“

Родителите, семејствата и пријателите на младите кои ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ повторно излегоа на Марш на ангелите низ улиците на Кочани.

Во Кочани се одржа петнаесетиот „Марш на ангелите“

Маршот и оваа сабота започна во осумнаесет часот и пет минути...

Време кое како што порачаа порисутните симболично ја претставува доцната и за жал, фатална институционална реакција....

Од пред зградата на Општина Кочани каде имаше и обраќања, упатија критики кон локалната и централната власт, како и кон политичките партии од власта и опозицијата

YouTube video
.

Палестинците тврдат дека во израелски напад во близина на дистрибутивен центар во Газа биле убиени 25 лица

Израелските војници убија најмалку 25 лица во близина на центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа, соопштија денес палестински медицински извори.

Палестинците тврдат дека во израелски напад во близина на дистрибутивен центар во Газа биле убиени 25 лица

Околу 70 лица се повредени во пукање и гранатирање од страна на израелската армија во областа Хан Јунис, на југот од затворениот крајбрежен регион, според медицински извори во локалната болница Насер. Тие биле префрлени во болница од областа Ал-Тин во Кан Јунис. Медицински извор изјавил дека се очекува бројот на жртви да се зголеми поради сериозноста на повредите на големиот број случаи во израелскиот напад .

„Го истражуваме инцидентот“

Израелската армија, како одговор на истрагата, изјави дека го истражува инцидентот.

Контроверзната хуманитарна фондација Газа (GHF) моментално е одговорна за дистрибуција на храна во Појасот Газа. Со поддршка на Израел и САД, фондацијата ја започна својата работа кон крајот на мај по неколкумесечна израелска блокада на испораката на помош.

Сепак, ОН го критикуваше фактот дека фондацијата отворила премалку дистрибутивни центри и дека луѓето таму и на пат кон нив се изложени на екстремна опасност.

Според ОН, стотици луѓе се убиени во близина на дистрибутивните центри и околу хуманитарните конвои од крајот на мај.

притисни ентер