„Тивко пееше, далеку се слушаше", ден посветен на Никола Бадев во Кавадарци - Канал 5

„Тивко пееше, далеку се слушаше", ден посветен на Никола Бадев во Кавадарци

Ден посветен на Никола Бадев се одржа во Кавадарци, во рамки на традиционалната стопанско - културна и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер".

„Тивко пееше, далеку се слушаше", ден посветен на Никола Бадев во Кавадарци

„Тивко пееше, далеку се слушаше", беше речено за Бадев на настанот што го организира кавадаречката „куќа на мирис и вкус".

Томе Крстевски, виш кустос етнолог во Музеј галеријата, се осврна на животот и делото на Бадев.

- Песната е мојот живот, живеам за неа и преку неа". Ова се зборовите на големиот народен уметник, легендата на македонската изворна народна песна, Бадев. Иако физички веќе не е меѓу нас, Бадев живее преку песната, живее во сеќавањата на неговите современици, живее во срцата на сите љубители на македонската народна песна, рече Крстевски.

Роден бил на 26 октомври 1918 година во кавадаречкото село Глишиќ, место каде што луѓето, како што додаде Крстевски, ги красат питомост, ведрина и надареност за песна и свирка.

- Во таа прекрасна средина озарена од сонце и топлина, во милје од бавчанџилак, тутун, гроздобер, афион, свадби, ора, серенади, песнопојни родители, стрини, вујковци, песната ја богатела неговата детска душа, зреел и се формирал уметникот во него, нагласи Крстевски.

Во 1948 година, веднаш по аудицијата за млади таленти, Бадев дебитирал на програмата на Радио Скопје, со што започнала неговата блескава кариера како уметник и станал една од легендите меѓу интерпретаторите и афирматорите на македонската народна песна.

- Репертоарот на Бадев е обемен и разновиден. За музичката продукција на Радио Скопје, односно МРТВ има снимено над 200 песни со најразлични содржини и околу 100 грамофонски плочи за дискографските куќи од поранешна СФРЈ, како и во земјите во кои живеат македонски иселеници. Со исклучителен сензибилитет ги испеа македонските најлирски песни, не водеше по сокаци, на чардаци, ни пееше за копнежот на вљубените, оживуваше ликови, војводи и народни херои, продре меѓу народот со својот кадифен глас, нагласи Крстевски.

Ја обиколил земјата и светот многу пати.

- Беше вистински народен пејач, национално име, ја имаше таа сила да возбуди и расплаче со интерпретацијата на македонските песни, вистински мали химни од мерак, љубов, елегија и носталгија. Бадев е исклучитена личност, интерпретатор кој високо ја крена и ја прослави македонската народна песна и со тоа, остави неизбришливи траги во македонското културно наследство. Испеаните песни се молитва и огледало на неговата душа, рече Крстевски.

Бадев починал во Скопје на 25 септември 1976 година, на 58-годишна возраст.

Крстевски потсети дека на 26 октомври 2018 година, кога се навршија 100 години од раѓањето на Бадев, во Музејот на мирис и вкус беше свечено отворена спомен соба посветена на овој великан.

Во собата се експонирани лични предмети на Бадев, фотографии од неговите турнеи низ целиот свет, плочи, народни инструменти, награди и негова биста во природна големина, изработена од неговата внука Елена Рафајловска.

- На овој начин нашиот град и нашиот музеј му оддаваат почит на овој великан и неговото дело. Истовремено ја извршуваме нашата морална и професионална обврска, а тоа е заштита, промоција и афирмација на нашето културно, уметничко, историско и духовно наследство, подвлече етнологот.

А Бадев, додаде тој, е несомнено нераскинлив дел од нашето огромно материјално и нематеријално културно богатство, амбасадор на нашата прекрасна македонска народна музика низ целиот свет.

- Продолжуваме и понатаму со афирмација на нашиот великан и неговото дело пред посетители од сите страни на светот, но и пренесување континуирано на нашата историја на помладите генерации. Од мое лично име и од името на нашиот музеј, сакам да ја искористам оваа прилика и јавно да се заблагодарам на ќерките на Бадев, Роска и Сузана, кои несебично ги донираа личните предмети на својот татко, на нашиот град и музеј, нагласи Крстевски.

Настанот беше збогатен и со музички дел. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

​Додека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења.

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.

Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108.

Според пресметките на Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора.

И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард.

Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат.

Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување.

Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта.

Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа.

Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер