2Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
Македонија„Титаник“ прв случај на СЈО, побаран притвор за осум лицаПрвиот случај за кој Специјалното јавно обвинителството (СЈО) отвори истражна постапка е „Титаник“, а се однесува на дела поврзани со изборите, соопшти денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата во СЈО посочи дека е отворена истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања во 2012 година. Наведе дека министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, како и други лица, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите. Специјалното обвинителство денеска доставило барања за притвор за осум лица, но не прецизира за кои. Едно лице е веќе приведено и изведено пред суд. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
МакедонијаЈотова бара да не се поврзуваат технички барања со политички толкувањаДодека секое барање на официјална Софија поврзано со Бугарите во Македонија се претставува како прашање за човекови права, барањата за регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија се третираат како „техничко прашање“. Ова меѓудругото произлегува од пораките што ги упатила бугарската потпретседателка Илијана Јотова на средбата со генералниот директор за човекови права и владеење на правото при Секретаријатот на Советот на Европа, Џанлука Еспозито. На состанокот кој се оддржал на 3 јули во Софија присуствувал и раководителот на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Фредерик Долт. Во кусото соопштение од кабинетот на Јотова се наведува дека една од главните теми биле пресудите на Европскиот суд за човекови права во предметите „ОМО Илинден против Бугарија“. „За време на средбата беше разговарано за конструктивниот дијалог и за ангажираноста на нашата земја во исполнување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во групата на дела „ОМО Илинден против Бугарија“. Претседателката го проследи развојот на ова прашање од 2006 година до денес и укажа на интензивниот и долготраен надзор од страна на Комитетот на министри. Во исто време се очекува дека наскоро ќе заврши и надзорот врз извршувањето на пресудите, имајќи ги предвид напорите што ги вложила Бугарија и спроведените мерки за либерализација на постапката за регистрација. „Неприфатливо е техничките барања да се поврзуваат со политички толкувања“, се вели во соопштението по средбата од трети јули. – Кабинет на претседател на Република Бугарија. Коментирајќи ја неодамнешната средба на бугарскиот државен врв со претставниците на Советот на Европа, Стојко Стојков од ОМО „Илинден Пирин“ вели дека Комитетот на министри мора да покаже и изврши одреден притисок во насока дека се преземени чекори во однос на пресудите за македонските здруженија во Бугарја, но во пракса за Софија тоа не мора да значи ништо. - Основна цел на Бугарија е да го затвори надзорот на Комитетот на министри за извршување на пресудите.Сите овие организации и сите овие случаи и пресуди, кои се однесуваат на тоа што организацииите не можат да се регистрираат, практично да бидат прогласени за извршени, без притоа ниту една од организациите да не биде регистрирана. Тоа е она што Бугарија се обидува да го направи подолг временски период. Вистинската причина за нерегистрацијата е многу јасна, како што очигледно наведува и Комитетот на министри – тоа е маргинализација на Македонците – вели Стојков. И покрај најмалку 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права, Официјална Софија сѐ уште не овозможила регистрација на ОМО Илинден–Пирин, поради што случајот останува под надзор на Советот на Европа. Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМарин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателски избори во франција во 2027Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција следната година, откако денеска ѝ беше намалена забраната за вршење јавна функција.Таа најави жалба на одлуката да носи електронска нараквица една година откако Апелацискиот суд во Париз ја потврди ланската пресуда за обвиненијата за проневера на европски пари. Таа ја отфрли можноста да му ја предаде кандидатурата на лидерот на партијата, жордан бардела. „нема такво сценарио. Тука сум вечерва за да објавам дека ќе се кандидирам на изборите во 2027“, рече Ле Пен на француската телевизија. Тоа ќе биде нејзиниот четврти обид да стане претседателка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД СкопјеОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Според обвинителниот акт, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката. Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, придонеле за значително влошување на финансиската состојба на Еуростандард Банка АД Скопје. Со ваквото постапување придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари. Според обвинителниот предлог, четвртообвинетиот, во својство на претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард Банка АД Скопје, во периодот од 2013 до 2019 година, со несовесно вршење на своите овластувања и пропуштање на должен надзор, постапувал спротивно на обврските утврдени со Законот за банките. Со тоа овозможил одобрување на нефункционални кредити, преземање прекумерни кредитни ризици, неточно прикажување на финансиската состојба на банката и непочитување на законските и интерните процедури при кредитирањето, со што придонел за создавање видлива несолвентност, намалување на сопствените средства на банката и нејзино доведување во стечај по сила на закон, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook