„Тие се само танчарки“ - српски пејачки го позајмувале гласот за ѕвезди од естрадата - Канал 5

„Тие се само танчарки“ - српски пејачки го позајмувале гласот за ѕвезди од естрадата

Александра Радовиќ, Ивана Петерс, Марија Михајловиќ, Тања Јовиќевиќ и многу други пејачки во ’90-тите им го позајмувале својот глас на многу колешки.

„Тие се само танчарки“ - српски пејачки го позајмувале гласот за ѕвезди од естрадата

Марија Михајловиќ за песните наводно наплатувала по 50 марки, а за да пее наместо некоја нејзина колешка ѕвезда, имала еден услов, пишува „Курир“.

-Инсистирав моето име да е напишано на сите овие носачи на звук и во какво својство сум... Единствена забуна е тоа што луѓето претпочитаат да гледаат телевизија отколку да читаат што пишува на тие касети и ЦД-а. Тие девојки што се појавуваат се обични танчерки, не знам зошто треба да отвораат уста според сценариото - изјави тогаш Михајловиќ.

Гласот на Ивана Питерс стои зад хитот на д-р Иги „Очи боје дуге“.

Ана Кокиќ на почетокот на кариерата не пеела, под изговор дека тогаш била многу млада.

-Никогаш не сум криела дека на двата албума од групата „Енергија“ пееше некој друг. Бев млада, имав само 16 г. и немав многу искуство со естрадното пеење... – изјави Ана во една прилика.

Тања Јовиќевиќ отпеала неколку албуми за групата „Моделс“, Александра Радовиќ ја отпеала песната „Без тебе“ за познатиот бенд, а Цеца Славковиќ ја отпеала песната „Торнадо“ наместо тогашната „пејачка“.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини

Единствениот државен ПЕТ-скенер не работи повеќе од еден месец.

СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини

Онколошките пациенти повторно чекаат, повторно се праќаат на приватно, повторно плаќаат илјадници евра за дијагностика без која не може да се води терапија.

Министерот Клековски вечерва објаснува дека скенерот „не е расипан“, туку дека за време на редовен сервис откриле проблем со циклотронот, дека нема суровини, дека маслото е во рестриктивен режим, дека треба дозволи од Белгија и Америка, дека Муцунски лично се јавува во Брисел.

Ова не е објаснување туку признание за аматерски пристап кон единствената јавна дијагностика од овој тип во државата.

Циклотронот и ПЕТ-скенерот се еден систем. Без радиофармацевтик скенерот е мртва машина.

Проблемот да се открие дури кога апаратот веќе е во сервис значи дека нема постојано следење, нема залиха на критични материјали, нема план Б.

Кога станува збор за нуклеарна медицина и за пациенти со рак, таквото „ќе видиме кога ќе дојде сервисерот“ е неодговорност.

Пациентите не можат да чекаат извозни дозволи. Полуживотот на материјалот е краток. Тоа го знае секој што се занимавал сериозно со оваа област.

Во исто време Владата сече ленти на базени. Премиерот ги отвора. Потоа министерот за здравство ги повикува граѓаните да ги испразнат базените и коритата поради западнонилската треска.

Слика на целосен циркус: пари и камери за објекти кои потоа се празнат, а за единствениот ПЕТ-систем во земјата нема ни основна залиха и превентива.

Сериозен пристап изгледа поинаку.

Прво, договорот за одржување не е формалност. Мора да опфаќа и циклотрон и скенер, со задолжителна залиха на критични потрошни материјали и со рокови што не зависат од „ќе се јавиме во Брисел“.

Второ, алтернативното снабдување со радиофармацевтик од соседните земји се активира веднаш, не по еден месец застој.

Трето, јавноста и пациентите добиваат точен датум и број на чекање, а не изјави дека „многу скоро ќе објавиме кога ќе почнеме“.

Сериозна влада планира, а не се фали со бројки од минатата година додека оваа година системот стои.

Ова не е технички инцидент туку начин на управување. Пациентите со малигни заболувања не се ставка што се решава кога ќе се сети министерот.

Тие имаат право на дијагностика во јавното здравство, на време, без да продаваат имот за приватен преглед.

Додека трае овој застој, одговорноста е јасна. Не кај сервисерот. Кај оние кои две години управуваат со системот и повторно дознаваат за проблемот дури кога машината веќе не работи.

Скопје, 19.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Г. Скопје: 115 средношколци од Скопје заминаа во Охрид на бесплатен наставно-научен едукативен камп

Денес започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје.

Г. Скопје: 115 средношколци од Скопје заминаа во Охрид на бесплатен наставно-научен едукативен камп

Првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства.

Целта на кампот е младите да го поминат летниот период на креативен и едукативен начин, преку активности кои ги поттикнуваат нивната љубопитност, критичкото размислување, тимската работа и личниот развој.

Во рамки на програмата се предвидени научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културни и креативни активности, како и спорт и рекреација.

Особено внимание ќе биде посветено на развојот на лидерските, комуникациските и презентациските вештини. Учениците ќе имаат можност да работат во тимови, да разменуваат идеи, да ги претвораат своите замисли во конкретни проекти и да стекнуваат поголема самодоверба.

Покрај едукативната програма, учесниците ќе имаат можност да го запознаат богатото културно и историско наследство на Охрид, да разменуваат искуства со своите врсници и да создадат нови пријателства и спомени.

Од 25 до 31 август, во Охрид ќе престојува и втората смена, составена од дополнителни 115 ученици.

Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на целото општество. Затоа, создавањето можности за квалитетно образование, развој на вештини и поттикнување на младите да ги препознаат и развиваат своите потенцијали останува еден од клучните приоритети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетите

И денеска продолжува уписниот рок на државните факултети.

Почна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетите

Дел од идните бруцоши вчера ги поднесоа документите на факултетите во рамките на првиот уписен рок на државниот универзитет „св. Кирил и Методиј“.

На располагање се вкупно 8.851 слободно место на 23 факултети, при што намалувањето на квотите е направено врз основа на потребите на пазарот на трудот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер