3Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
1Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
3Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
Технологија„Threads“ добива уште корисни алатки од „Instagram“Новата платформа „Threads“ добива дополнителни алатки од „Instagram“, кои ја подобруваат функционалноста на мрежата.„Instagram“, платформата на американската компанија „Мета“, планира да ги пренесе своите алатки за брендирана содржина на новата социјална мрежа „Threads“, објави американскиот портал „Axios“, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање. Таквите алатки ќе им помогнат на маркетерите да работат со инфлуенсери во платени партнерства на платформата додека рекламирањето е недостапно, објави Ројтерс. „Threads“, кој доби повеќе од 100 милиони корисници за пет дена од своето постоење, се смета за ривал на „Twitter“, кој е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск. „Instagram“им овозможува на корисниците да ги префрлат своите сметки, ингеренциите и следбениците на новата платформа „Threads“. Сепак, недостатокот на „Threads“ од лесно пребарување за специфични теми на содржината и функционалноста за пребарување клучни зборови може да ја ограничи привлечноста на платформата за огласувачите. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во КинаПретседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми. Putin, Trump and Xi Jinping shake hands and briefly exchange remarks. https://t.co/0epxbYNJJm — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК. Trump arrives at APEC Economic Leaders' Meeting accompanied by live music from Chinese performers https://t.co/4RMZygITCZ — RTBreaking (@RT_Breaking_) November 18, 2026 Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваТамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сценатаНа 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум. На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан. Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара. „Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара. Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања. Генерален спонзор на овој музички настан е А1. Билетите се достапни преку karti.com.mkТагови: концерт Тамара Тодевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook