Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
2Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
Забава„Тешката“ работа се исплатеше – старлета објавува како ќе изгледа нејзиниот иден домНаташа Савија пред неколку дена беше приведена заедно со Сања Станковиќ во опсежна акција на белградската полиција, во која беа уапсени вкупно 29 лица осомничени за елитна проституција. Сепак, се чини дека тоа не ја спречи Наташа во нејзините планови, па старлетата покажа во што ги вложила своите „тешко“ заработени пари. Имено, Шавија на Инстаграм на своите придружници им ја покажа новата куќа што ја гради во Нови Сад. Старлетата снимила сè, од ходникот, преку кујната и дневната соба, гардеробата и гостинската соба. View this post on Instagram A post shared by Nataša Šavija (@natasa.savija) Таа открива дека учествува изградбата и дека во една прилика ја изгребала раката. Извор: informer.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕвропаТуск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во ПолскаПолскиот премиер Доналд Туск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска, откако во таа земја, во текот на изминатите недели, се случија низа инциденти поврзани со зголемените тензии меѓу Варшава и Киев.Туск се огласи откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тројца Полјаци тепаат Украинец и неговата девојка во Вроцлав, наводно по расправија во продавница, пренесува Ројтерс. Двајцата напаѓачи се уапсени во вчера. „Секој што врши такви грозоморни дела постапува директно спротивно на интересите на Полска. Вие работите против Полска, во корист на Русија и во корист на полскиот и украинскиот национализам“, изјави Туск на седницата на владата. Според агенцијата, иако Варшава останува цврст поддржувач на Киев, Украинците што живеат во Полска во последниве години се соочуваат со зголемено непријателство од јавноста, бидејќи почетниот бран на сочувство по избувнувањето на конфликтот во Украина отстапи место на заморот од бегалците. Односите се затегнати и поради одлуката на Украина да именува воена единица по група националистички бунтовници од Втората светска војна – кои во Украина се почитувани поради борбата против нацистите и Советите, но кои во Полска учествувале во масакри врз Полјаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
СветНовите украински ракети можат да стигнат до Москва-Новите украински ракети можат да стигнат до Москва: „Напредуваме многу брзо, погодуваме важни цели во Русија“!Украина би можела да ги изведе првите напади врз Москва уште оваа есен, користејќи балистички ракети од домашно производство, изјави Денис Штилерман, сопственик и главен конструктор на одбранбената компанија „Фајр поинт“ (Fire Point). Штилерман наведе дека компанијата е во завршна фаза на тестирање на новиот ракетен систем и дека, штом ќе завршат пробните лансирања, ракетите би можеле да почнат да се користат против цели во внатрешноста на Русија. „Армијата ќе одлучи каде да удри, но верувам дека тоа веднаш ќе бидат значајни цели“, рече Штилерман. Штилерман додава дека временската рамка за распоредување на ракетите зависи од резултатите од тестирањата на моторот, вклучително и од финалното испитување на перформансите на моторот на пробната платформа. „Ќе го поставиме моторот на платформата, ќе спроведеме пробно пуштање во работа и ќе видиме како се однесува. Доколку се појават какви било проблеми, ќе ги отстраниме. Но, напредуваме многу брзо“, рече тој. Овие најнови изјави уследија по претходното интервју со Штилерман, во кое тој наведе дека компанијата „Фајр Поинт“ (Fire Point) се подготвува за сериско производство паралелно со процесот на тестирање. Имено, компанијата планира да произведе меѓу 10 и 20 ракети за пробни лансирања, при што обемот на производство би можел да се зголеми на десетици единици откако ова оружје ќе добие официјална кодификација и одобрение за набавка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотРускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долариРускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави нето-добивка од 78,4 милијарди рубљи – што е приближно една милијарда долари – за првата половина на 2026 година. Ова претставува значителен пресврт во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата забележа загуба. Во првите шест месеци од минатата година, „Гаспром“ книжеше загуба од 10,76 милијарди рубљи, односно 137 милиони долари. Оваа година, приходите на компанијата пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво, а бруто-добивката за 15 отсто, додека добивката пред оданочување остана стабилна. „Гаспром“ и понатаму е еден од најголемите светски производители на природен гас, но изгуби значителен дел од европскиот пазар по руската инвазија врз Украина. Европа брзо ја намали својата зависност од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи, а ЕУ планира целосно да го укине увозот на руски гас до 2027 година. Пред инвазијата, во 2021 година, Европа набавуваше околу 50 отсто од својот природен гас од Русија, главно преку гасоводи. Истовремено, приходите на Русија од енергенти не се целосно прекинати. Во првата половина на 2026 година, Европа увезе рекордни количества течен природен гас (LNG) од рускиот погон „Јамал ЛНГ“, со кој управува „Новатек“, а не „Гаспром“. Според податоците на „Кплер“ (Kpler), увозот од „Јамал“ достигна 9,89 милиони тони, што претставува зголемување од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во последните месеци, Русија исто така најави планови за пренасочување на испораките на гас од европскиот пазар кон Азија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook