Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата
1Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Македонија„ТЕСА енерџи“ пушти во употреба нови капацитети за електрична и топлинска енергија во СкопјеПуштена во употреба новата когенеративна постројка.Пуштена во употреба новата когенеративна постројка, компанијата ТЕСА енерџи со инвестиција од 2, 5 милиони евра со производство на 2,1 мегават електрична енергија и 2, 6 топлинска енергија на местото на поранешната Топлана Скопје Север официјално ја пушти во употреба. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција. Секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи придонесува кон создавање посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Когенеративната централа значи дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни претстојат оваа зима, потенцира Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државатаМинистерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Министерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем. „За нас како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, секој нов капацитет има пошироко значење. Нашата цел е да изградиме енергетски систем кој ќе биде сигурен, стабилен, модерен и конкурентен – систем кој ќе може да одговори и на потребите на граѓаните и на растечките потреби на индустријата“, истакна Божиновска. Таа нагласи дека енергетската сигурност денес не е само прашање на производство на електрична енергија. „Енергетската сигурност е прашање на економска стабилност, конкурентност, инвестиции и квалитет на живот. Секој нов мегават домашно производство значи дополнителен капацитет и поголема отпорност на нашиот систем во услови на променливи цени и неизвесности на европските и светските енергетски пазари“, порача министерката. Божиновска посочи дека развојот на енергетиката мора да продолжи со инвестиции во нови производни капацитети, но истовремено и со сериозни вложувања во мрежата, инфраструктурата, енергетската ефикасност, обновливите извори и современите технологии. „Тоа е патот кон енергетски систем кој нема само да произведува повеќе енергија, туку ќе биде подобро управуван, поотпорен и подготвен за предизвиците што ги носи новото време“, нагласи Божиновска. Министерката испрати јасна порака дека Македонија има потреба од нови инвестиции во енергетиката и дека Министерството ќе продолжи да создава предвидлива и стабилна средина за нивна реализација. „Енергетските инвестиции можат и мора да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди. Нашата задача како институција е да создадеме услови за развој, но истовремено да го чуваме јавниот интерес и да обезбедиме сигурен и стабилен енергетски систем за државата“, истакна Божиновска. Таа додаде дека за Министерството е особено важно домашните инвеститори да имаат доверба и сигурност да вложуваат во енергетската иднина на државата. „Нашата порака е јасна – Македонија треба да продолжи да гради, да инвестира и да создава нови енергетски капацитети. Но секоја инвестиција треба да носи поширока вредност – за економијата, за локалната заедница и за иднината на државата“, порача министерката. Новата когенеративна постројка на „ТЕССА Енерџи“ е реализирана врз основа на Овластување за изградба на енергетски објект издадено од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, по успешно завршени технички прегледи и функционални испитувања. Тоа покажува дека енергетските инвестиции можат да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди. Постројката има инсталирана моќност од 2,106 MW за производство на електрична енергија и капацитет од 2,6 MW топлинска енергија. Инвестицијата претставува прва фаза од поширок план за развој и модернизација на поранешната Топлана Скопје Север во современ енергетски центар. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со политики кои значат повеќе домашни капацитети, поголема енергетска сигурност и стабилен систем – затоа што силната енергетика е основа за силна економија и сигурна иднина на државата. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСо мирис на ајвар, музика и многубројна публика започна „Taste the South“Првата вечер од четвртото издание на „Taste the South“ донесе токму она по што е препознатлив југот – добра храна, музика, дружење и забава до доцна во ноќта.Како што одминуваше вечерта, фестивалскиот простор во Mega Shopping Park собираше сè повеќе посетители. Мирисот на печени пиперки ја најави есента, а подготовката на ајварот привлече големо внимание. Посетителите имаа можност да го проследат целиот процес, да пробаат свежо подготвен ајвар и да уживаат во понудата на локални производи и македонски вина. На сцената настапија ЗГУД „Негорци“ од Негорци и ЗГУД „Браќа Толеви“ од Прдејци, Филип Стојанов, „Пауза за ракија“, „Куку Леле“ и „Брас Брадарс“. Песната, танцот и добрата забава ја одбележаа првата фестивалска вечер и донесоа вистинско јужно расположение во Гевгелија. „Taste the South“ продолжува вечерва со нови вкусови и нова музичка програма. Вториот фестивалски ден е посветен на смоквата и производите од смокви, па посетителите ќе можат да ја проследат нивната подготовка и да ги дегустираат специјалитетите по кои е познат гевгелискиот крај. Вечерашната програма започнува во 18:30 часот со настап на КУД „Танец“ од Миравци. Во 19:15 часот ќе настапи „Леге Артис“, во 20:15 Кико Болеро и „Болеро бенд“, во 21:30 „Нокаут“, а вечерта ќе продолжи со Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ во 23:15 часот. Фестивалот продолжува и во недела, од 14:00 часот е подготвена програма за сите генерации. Први ќе настапат Школата за гитари и Школата за тапани при Пионерскиот дом, по што следуваат Ансамблот „Бојмија“, танцовото студио „Мистик“ и Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Во вечерниот дел ќе настапат Наталија Данаилова во 19:45 часот, „Два Бона“ во 21:00 часот и Каролина Гочева во 22:30 часот, со чиј концерт ќе биде заокружено четвртото издание на фестивалот. Неделата ќе биде посветена и на традиционалната ракија. Посетителите ќе можат да ја проследат нејзината подготовка, да дегустираат и да поминат уште еден ден исполнет со вкусовите и обичаите на југот. „Taste the South“ се одржува во Mega Shopping Park во Гевгелија. Вечерашната програма трае од 18:30 до 01:00 часот, а во недела од 14:00 до полноќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
Македонија„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ за Македонија„Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година.Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија. Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија. Тагови: Фич Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook