„Теремин-вокс фантазија“ во Камерната сала на Филхармонија - Канал 5

„Теремин-вокс фантазија“ во Камерната сала на Филхармонија

„Теремин -вокс фантазија" е насловен камерниот концерт кој ќе се одржи овој четврток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија. 

„Теремин-вокс фантазија“ во Камерната сала на Филхармонија

Како солистка на теремин ќе настапи Ива Дамјановски, а настапуваат и Маријана Николовска (пијано), Татјана Петрушевска (обоа),

Мартин Димитров (виолина), Марија Трајковска (виолина), Илза Бафтиари (виола) и Паскал Краповски (виолончело). На програмата се дела од Б. Мартину, К. Ајк и М. Јовановска.

Ива Дамјановски (1996) е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. (2019) во класата на проф. Тодор Светиев. Моментално е студент на катедрата за Музикологија, на универзитетот „Università di Trento", како и на катедрата по Музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје во класата на прoф. Марија Ѓошевска. Добитник е на наградата на УКИМ за најдобро дипломиран студент на Факултетот за музичка уметност во учебната 2018/2019 година. Автор е на научната статија „Сценското дело на иднината: современиот перформативен феномен, неговиот развој и комуникација со публиката.", објавена во четвртото издание на научното списание "Ars Academica" (2016). Автор е и на трудот ELELORP 76: MUSICA NOVA MACEDONICA. Електроакустичната музика во Македонија, нејзиниот развој и карактеристика", презентиран во рамки нанаучната конференција на 42-то издание на манифестацијата „Струшка Музичка Есен", издаден во официјалниот зборник.

Таа е дел од организацискиот, режиски и изведувачки тим на серијата концерти „No Hay Banda" посветени на филмската музика, во соработка со Академската сцена при Факултетот за драмски уметности при УКИМ, Скопје (2017- 2019). А, исто така, таа е организатор, режисер и изведувач на концертните проекти „Монохроматика" (дел од програмата на манифестацијата „Денови на Македонска Музика", 2018 ) и „Монолози" (дел од програмата на фестивалот „Златна Лира", 2018). Моментално работи хонорарно како корепетитор на Факултетот за музичка уметност при УКИМ и е дел од експерименталното дуо „Алембик". Нејзината прва композиција за пијано, „Breath" е објавена во компилацијата „Kлавирско небо 3" во издаваштво на продукциската куќа „Pop Depresija". Во 2021 го реализира и својот солистички концертен проект „Аs we danced we gave substance to shadows", на кој за првпат настапува, покрај пијано програмата и со изведба на теремин. Добитник е на наградата „Игор Исаковски" за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. за стихозбирката „Тие" (2017, Блесок), кој го добива своето второ и дополнето издание во 2019 г. (ПНВ Публикации). Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење", за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци" на "Струшките вечери на поезијата". Нејзината поезија е застапена во многу антологии и списанија за книжевност. Добитник е на третата награда на конкурсот „Антево Слово" за најдобра необјавена песна (2021), како и специјалната награда на меѓународниот натпревар "Castello di Duino" во Трст, за најдобра необјавена песна со значајна социјална или хуманистичка порака (2021).Учествувала на голем број поетски читања во и надвор од државата, меѓу кои и „Астални проекции" и нејзината поезија е застапена во монографијата посветена на поетската манифестација (2019, "Бегемот"),како и голем број други поетски читања во Скопје. Нејзината наградена книга „Двоумење" доби две претставувања во Осиек и Нашице во рамки на манифестациите „Денови на македонската култура" и одбележувањето на 160 години од зборникот на Миладиновци. Нејзината поезија е преведувана на српски, грчки, хрватски, словенечки, англиски, албански, шпански, италијански, бенгалски и романски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Покрај лично во канцеларија, граѓаните  ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот  ќе  биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082,

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер