„Темната страна на Римската историја“ ги обедини германските и македонските археолози - Канал 5

„Темната страна на Римската историја“ ги обедини германските и македонските археолози

„Темната страна на Римската историја“ ги обедини германските и македонските археолози во Франкфурт .

„Темната страна на Римската историја“ ги обедини германските и македонските археолози

Археолошките откритија од пред милиони години ни служат да добиеме повеќе одговори поврзани со развојот на цивилизацијата и општествата, со начинот на кој што функционирало човештвото некогаш. Франкфурт, освен што е дом на бројни големи банки и брокерски куќи е и дом на значајни културни институции. Во Франкфурт се сместени три многу значајни институции, кои имаат една заедничка појдовна точка. Сите се занимаваат со археологија и пред се, со грижата за културното наследство - Археолошкиот музеј, Германскиот археолошки институт и Конзерваторската лабораторија во Мајнц.

Во срцето на Европа, во Франкфурт, се наоѓа Археолошкиот музеј, кој има цел да ја истражува, чува и пренесува историјата на овој град, од неолитскиот период до раниот нов век. Делата кои се изложени во овој музеј ги информираат посетителите за културата на цивилизациите од праисториската, римската, средновековната и поновата археологија на самиот Франкфурт, но и на регионот.

Археолошкиот музеј е сместен во Кармелитскиот манастир, но обновен со понова современа архитектура. Всушност, самиот Кармелитски манастир бил изграден во 1246 година. Освен уникатно дизајниран внатрешен простор каде се изложуваат археолошки дела, во рамки на музејот постои и надворешен простор каде се организираат разни музички културни забави.

Археолошкиот музеј - чувар на историјата на градот

Музејот редовно објавува експертски истражувања во полето на археологијата и најновите изложби, во своите публикации кои се достапни до јавноста и на нивната веб-страница.

Токму во овој музеј, на 17 декември беше отворена изложбата на Музејот на Град Скопје насловена „Темната страна на Римската историја“. Таа е резултат на соработката меѓу Музејот на Град Скопје и Германскиот археолошки институт, кои неодамна потпишаа Меморандум за соработка. На отворањето на изложбата присуствуваа повеќе од шеесетина посетители и истата ќе биде поставена до јуни следната година.

Директорот на Археолошкиот музеј во Франкфурт, Волфганг Дејвид во изјава за МИА посочи оти се надева дека до јуни изложбата ќе ја видат над илјада посетители.

-Сега е период на божиќни и новогодишни празници, но сепак изложбата ќе биде отворена до јуни следната година и очекуваме дотогаш да ја видат над илјада посетители. Во текот на годината во музејот имаме околу 50 илјади посетители, оптимист сум дека сите ќе ја видат и оваа изложба. За нас е важно изложбата да биде видлива и да се запознаат посетителите за откритието на масовната гробница во Скупи, порача Дејвид.

Изложбата дава уникатна видливост на масовната гробница на обезглавените римски војници во Скупи во римскиот период и претставува поттик за понатамошното истражување на ова место. Таа беше подготвена од страна на покојната Ленче Јованова, а сега куратор е археологот Игор Кузмановски, кој е и задолжен за локалитетот на Скупи.

Скупи интересна појдовна точка за археолошки истражувања и за Германскиот археолошки институт

Институтот се наоѓа во Франкфурт и постои 120 години. Формиран е во 1902 година, а работи на археолошки истражувања во повеќе региони, вклучувајќи ги Британските острови, Скандинавија, Централна Европа, Балканот, Црното Море..

Иако Институтот постои долг период, со текот на годините, развојот на технологијата го менува начинот на работа. Новиот технолошки развој значително влијае и во работата на археолозите.

Иако одредени археолози најпрвин биле загрижени во однос на развојот на технологијата, сметајќи дека нејзиното влијание е сосема непотребно и во ова поле, сега археолозите, вклучувајќи ги и вработените во Германскиот археолошки институт активно ја вклучуваат технологијата во нивниот процес на работа.

Ласерските скенери, 3Д фотограметрија и напредната дигитализација сега се дел од секојдневниот живот на археолозите.

Претставници од Германскиот археолошки институт во ноември беа во посета на Скопје, каде потпишаа Меморандум за соработка со Музејот на Град Скопје.

Меморандумот претставува прв чекор во воспоставување на соработката што ќе биде на државно ниво меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт.

Во рамките на нивната посета во Скопје, тие остварија средба и со претставници од Министерството за култура на Северна Македонија, а го посетија и Скупи, каде што се вршат значајни археолошки истражувања.

Во декември, претставниците од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија и директорот на Музејот на Град Скопје, Панче Велков остварија посета на овој Германски археолошки институт во Франкфурт, каде што одржаа состанок и разговараа за евентуална можна соработка, особено во делот на истражувањата во Скупи,

Директорката на Германскиот археолошки институт, Керстин Хофман, во изјава за МИА објасни дека Институтот се занимава со археолошки наоѓалишта во повеќе области, вклучувајќи го и Балканот.

-Германскиот археолошки институт е формиран во 1902 година. Станува збор за стара институција која постои повеќе од 120 години. Работи во интерокултуролошки контекст, се занимава со откритија од романски период, неолитскиот, но и од средновековен период, рече Хофман.

Таа посочи дека се надева на соработка со Северна Македонија во иднина, особено кога станува збор за проучување на Скупи, еден од најважните романски градови на Балканот, а кој денес е значаен дел од културното наследство на нашата земја.

-Ние се надеваме на идна соработка со Северна Македонија. Тука сме да разговараме со одговорните од Северна Македонија, да размениме мислења и идеи поврзани со можно заедничко истражување кое би претстоело во иднина. Мораме да ги разгледаме овие можности. Романскиот период, поточно делот кај Скупи би била наша почетна точка, додаде таа.

Во однос на изложбата насловена „Темната страна на Римската историја“ која е отворена во Археолошкиот музеј во Франкфурт, Хофман рече дека изложбата прикажува импресивни откритија и точно како што кажува насловот, ја прикажува токму темната страна на Римската историја, која што поретко се прикажува во јавноста.

Таа напомена дека се надева и во иднина ќе бидеме сведоци на уште поимпресивни откритии од Скупи.

-Задоволство ми е што изложбата „Темната страна на Римската историја“ е отворена во Франкфурт, затоа што се создадоа можности да размениме мислења и идеи со луѓето од Северна Македонија во врска со овие импресивни откритија, рече Хофман.

Со најсовремена технологија се создаваат копии од значајни археолошки наоди во Конзерваторската лабораторија во Мајнц

Главниот фокус на Конзерваторската лабораторија во Мајнц е да се сочуваат сите археолошки наоди, преку создавање на копии. Како што објаснија вработените во оваа институција, 50 проценти од нивната колекција на наодите се копии. Технологијата со која се изработуваат копии со текот на годините постојано се менувала, но денес најголем дел од копиите се изработуваат од силикони.

Копии на златните и сребрени откритија се создаваат со помош на поинаква технологија, а за објектите кои се со чувствителни површини во лабораторијата имаат посебни 3Д скенери.

Вработените од лабораторијата велат дека мерките за заштита на артефактите се предуслов за нивното зачувување. Тие велат дека во праисторијата дрвото било еден од најчесто користените материјали.

Крајните продукти од оваа лабораторија се достапни и во музеите во Германија.

Она што е посебно значајно за оваа институција е што организираат обуки за студентите од нивната држава, а исто така планираат да го продолжат процесот и да се формираат обуки и за студентите од другите држави.

Претставниците од Министерството за култура и туризам заедно со директорот на Градот Скопје ја посетија и оваа лабораторија, а во рамки на посетата исто така се разговараше за евентуална идна соработка со оваа институција./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео)

Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.

Извадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео)

По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok.

Животното ја загуби контролата

Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот.

За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild.

Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир.

Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот.

Покрената е кривична постапка

Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб.

Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането.

По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено.

Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка.

Властите запленија и 33 лавови

Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година.

Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар.

Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. 

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг.

Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime.

На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника.

Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи.

„Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи.

„Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа.

Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница.

Според извештаите, најмалку две деца се повредени.

На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура.

Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители.

Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување.

Погледнете ја снимката од овој хаос:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка.

На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи.

Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил.

Брегзит во центарот на разговорот

Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи.

Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок.

Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти.

Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста.

Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста.

Камерон предупредува за враќање во ЕУ

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата.

Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ ​​во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот.

„Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг.

Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“.

Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили.

Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит.

„Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас.

Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“.

Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата.

Спор околу слободата на движење

Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија.

Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ.

Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ.

Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум.

Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум.

Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат.

„На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам.

Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници.

„Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател.

Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер