3Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
Балкан„Телеграф“: Приемот на Бугарија во Еврозоната може да доведе до нова должничка криза по грчкиот примерВесникот посочува дека Европската централна банка (ЕЦБ) се надеваше дека Еврозоната ќе ја пречека својата нова членка со стабилна Влада, ентузијастичка јавна поддршка за еврото и просперитетна индустриска база.Бугарија на почетокот на годинава стана 21-ва членка на Еврозоната во време кога се соочува со политички превирања, широко распространета корупцијата и раст на државниот долг, што може да биде причина за следната финансиска криза во Европа, оценува лондонскиот весник „Телеграф“. Весникот посочува дека Европската централна банка (ЕЦБ) се надеваше дека Еврозоната ќе ја пречека својата нова членка со стабилна Влада, ентузијастичка јавна поддршка за еврото и просперитетна индустриска база. - Наместо тоа, нејзината Влада штотуку падна, има јавни протести поради корупцијата, а обичните Бугари, кои не беа прашани за нивното мислења на референдум, изгледаат многу воздржани во врска со целиот проект, се наведува во текстот. „Телеграф“ додава дека Бугарија, која е меѓу најсиромашните земји во ЕУ со БДП по глава на жител од 17.600 долари, тешко дека може да се смета како пример за фискална одговорност или политичка стабилност. - Таа постојано не успева да ги постигне своите цели за инфлацијата, при што инфлациската стапка достигна 16 отсто во 2022 година. Таа е жестоко поделена политички, со збунувачка серија избори и осум премиери од 2020 година, ако ги вклучиме и привремените администрации, и не може да се пофали со отплатата на своите долгови, се оценува во анализата. Во неа се наведува дека за волја на вистината кога станува збор за долговите, Бугарија историски не може да се споредува со Грција, кој во последните 200 години шест пати се доведе во состојба да не може да ги отплаќа своите долгови, но бугарскиот лев имаше четири големи ревалоризации од независноста на земјата. Покрај ова, смета весникот, периодот на нестабилни бугарски влади резултира со зголемување на трошоците за нивно останување на власт, што предизвикува зголемување на државниот долг, кој ќе продолжи да расте сè додека не стане неодржлив, додека пазарите не ги „затворат славините“ и не се урне економијата. - Накусо, повторно ќе ја има грчката криза, заклучува „Телeграф“. Сепак, според весникот, овој пат проблем е што Еврозоната е во многу полоша состојба отколку во време на избувнувањето на грчката должничка криза во 2010 година. - Долговите на Франција излегоа од контрола. Уделот на нејзиниот долг во БДП се зголеми од 81 на 114 отсто. Германија се впушти во масовна треска предизвикана од долгови и повеќе не е во позиција да ги спасува своите соседи. И самата ЕУ сега е задолжена со огромни долгови, смета лондонскиот весник. Во анализата се додава дека дополнителна неизвесност е тоа што не постои вистинска претстава за билансот на состојбата на ЕЦБ по „годините тајни интервенции на пазарот“, но не е охрабрувачки тоа што минатата година Банката објави рекордна загуба од речиси осум милијарди евра. - Денес блокот се дави во долгови. Се откажа од сите ограничувања за задолжувањето, неговата индустриска база се урива, зависи од увезената енергија и е далеку зад САД. Наскоро ќе биде и зад Кина. Сè што ќе биде потребно е една искра за да се запали уште една криза по грчкиот пример. Неа би можела да ја предизвика Бугарија, но сега е веќе предоцна да се направи нешто за да се спречи тоа, заклучува „Телеграф“. Во такви услови, според весникот, вреди да се напомне дека успешните економии во рамките на ЕУ, како што се Полска и Чешка, не покажуваат апсолутно никаков интерес да имаат каква било врска со еврото, иако се законски обврзани да се приклучат кон Еврозоната. Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секогоАмериканската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината. Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги. Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки. Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година. Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS). Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината. За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!Мајкл Керик е сè поблиску до заминување од клупата на Манчестер Јунајтед! Иако раководството на клубот одлучи да му даде дополнително време по поразот од Борнмут, сè поголеми се шансите англискиот стручњак наскоро да добие отказ. Според информациите на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), челниците на Јунајтед сè уште се држат до првичниот план – детално да ја проценат ситуацијата за време на ноемвриската репрезентативна пауза. Сепак, сè поизвесно е дека извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс ќе им предложат на косопственикот Џим Ретклиф и на семејството Глејзер да го сменат Керик. Капка која може да ја прелее чашата е нерешениот резултат против Астон Вила (4:4). Јунајтед моментално се наоѓа на 18-тото место во Премиер лигата и го бележи својот најлош почеток на една домашна сезона во последните 40 години. Манчестер Јунајтед веќе разгледа неколку опции за наследник на Керик. Како што претходно објави Би-Би-Си (BBC), клубот ја испитуваше можноста за ангажирање на поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, и поранешниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман. Антонио Конте, исто така, покажа интерес за работа на „Олд Трафорд“, додека, според неколку извори, и Маурисио Покетино е отворен за враќање во клупскиот фудбал. Сепак, ситуацијата со Покетино не е едноставна, со оглед на тоа што аргентинскиот стручњак во август го продолжи договорот со националниот тим на Соединетите Држави. Наводно, неговиот договор содржи клаузули кои би му овозможиле да замине доколку добие понуда од одредени големи клубови. На Керик му е дадена уште една шанса по поразот од Борнмут, но резултатите не ја оправдаа довербата на раководството. На последните десет првенствени натпревари, Јунајтед забележа само една победа, учинок што ги доведе до 18-тото место на табелата. Со 19 примени гола, тимот има една од најслабите одбрани во Премиер лигата; повеќе голови примиле само Кристал Палас и Ипсвич. Особено загрижувачки е фактот што „Јунајтед“ има само три победи на 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Ова е најлошиот учинок во последните 40 години, токму на годишнината од доаѓањето на Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“. Поразите од Манчестер Сити, Брајтон и Борнмут, како и натпреварите што завршија нерешено – при што тимот ја испушташе предноста во завршницата – претставуваа посебен удар. Незадоволството станува сè повидливо и во самата соблекувална. Лисандро Мартинез јавно ја критикуваше летната трансфер-политика на клубот, префрлајќи ја одговорноста врз спортскиот директор Џејсон Вилкокс. Дури и Бруно Фернандеш не го криеше своето незадоволство, па по поразот од „Кома“ (Манчестер Сити), упати критики кон тактиката на Керик. На Карик му беше дадена шанса да ја промени ситуацијата, но резултатите и понатаму се под очекувањата. Управата сега ги разгледува следните чекори, а сè поизвесно е дека Керик би можел да ја плати цената за катастрофалниот почеток на сезоната. Конечната одлука сè уште не е донесена, но неговата позиција е сериозно разнишана. Манчестер Јунајтед наскоро би можел да започне нова потрага по тренер, во обид да ја спаси сезоната која веќе е далеку од очекувањата на навивачите.Тагови: Мајкл Карик Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 НоемвриСветскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа.Светскиот ден на науката за мир и развоj - 10 Ноември оваа година го одбележуваме со видливи резултати во научно-истражувачката дејност. Ова го нотира и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата за 2026 со оценката дека е направен добар прогрес во остварување на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација, со основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво ИНОВА, но и со продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации. Резултатите ја покажуваат посветеноста на Владата и на Министерството за образование и наука кон поттикнување на научните истражувања и иновациите. Имаме јасна цел: да ги зајакнеме капацитетите за научно-истражувачка дејност и да го зголемиме влијанието на научно-истражувачките резултати врз општеството и економијата. Ова го поддржуваме преку континуиран раст на буџетот за наука, за да осигуриме дека научната заедница има ресурси и поддршка што ѝ се неопходни. Овогодинешниот буџет изнесува рекордни 773 милиони денари, што е скок во споредба со 680-те милиони денари минатата година и повеќе од двојно зголемување во однос на 380-те милиони денари издвоени пред две години. И резултатите се опипливи. Минатата година поддржавме околу 50-тина двогодишни научни проекти, што се сега во завршна фаза. Презедовме конкретни активности поврзани со потребата за зголемена научна продукција. Обезбедивме бесплатен пристап до главните глобални научни бази на податоци „Web of Science“ и „Scopus“ за нашите научници и академски професори. Ги покриваме трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, ги покриваме трошоците за објава на зборници. Системски инвестираме во наука и ги отстрануваме бариерите за да можат нашите научни работници да се натпреваруваат и да соработуваат глобално, а нивните резултати да можат да донесат вистинска вредност дома. Наш стратешки приоритет останува забрзан развој на науката и подобро позиционирање македонските универзитети на глобалните ранг-листи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06