3Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
Забава„ТехноАлпин“ го претстави планот за ски-центарот Попова Шапка, скијачка сезона од над 100 денаСтанува збор за инвестиција вредна над 180 милиони евра.Скијачки патеки, системи за вештачки снег, сместувачки капацитети, паркинзи, ски-лифтови, жичари, угостителски објкети, како и планинарски домови, предвидува планот за разој на ски-центарот Попова Шапка, што денеска на прес-конференција го претстави компанијата „ТехноАлпин“, а е одобрен од Владата. Станува збор за инвестиција вредна над 180 милиони евра. Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се спроведува во шест инвестициски фази, од кои првата изнесува речиси 55 милиони евра. Претставникот на компанијата „ТехноАлпин“ Немања Џого истакна нивната цел е да привлечат повеќе туристи на Попова Шапка. Тој посочи дека планираат да направат нови 16 скијачки патеки. – Ако се развиваат нови ски патеки тогаш мора да да имаме и нови ски лифтови и нови жичари. Вкупно сакаме да изградиме девет нови жичари, а на почетокот би направиле две од нив. Во правата фаза би ги изградиле системите за вештачки снег, тие се навистина многу важни, сакаме тие да бидат целосно автоматизирани и да бидат поврзани со нашиот софтвер. Тоа е многу важно за ски-центрите затоа што планираме да работиме повеќе од 100 дена на Попова Шапка, а ако сакаме да го направиме тоа тогаш ни требаат системи за правање на вештачки снег за да можеме да гарантираме отворање на сезоната на почетокот на декември и затворање на крајот на март, истакна Џого. Тој додаде дека исто така е потребна и набавка на ратраци. Во рамки на цела инвестиција се планирани седум нови ратраци, а во првата фаза планирана е набавка на два. – За да правиме снег потребни ни се резервоари за вода, би инвестирале во два резервоари и за зимската сезона би ги користиеле за правање вештачки снег, а во летото ќе ги користиме како летни атракции, рече претставникот на „ТехноАлпин“. Тој нагласи дека сакаат да инвестираат и во крос-кантри скијање и дека планираат да изградат 15 километри нови стази за крос-кантри. – Важно е на клиентите да им се дадат повеќе можности за искористување на планината. Во првата фаза сакаме да изградиме два нови спа-хотели со четири ѕвезди, а вкупно да бидат четири во целиот проект, а сакаме да ги искористиме и постојните хотели. Исто така би имале и викендици, важно е за нас да ги имаме овие викендици и тие да бидат блиску до ски-центарот, сакаме да ги имаме тие стази за почетници коишто ќе бидат блиску до овие викендици. Исто така сакаме и два планинарски домови со 160 места. Би имале и пицерија, но изградба и на ресторан каде што ќе може да се зема храна за носење. Предвидени се и паркиниг места коишто сега ги има недоволно. Планираме три нови паркинзи како и улици коишто ќе водат до новите хотели, информираше Џого. Тој додаде дека важно е тоа туристичко место освен во зимската сезона, да се користи и во летната, па поради тоа планираат да инвеситираат и во изградба на алпски жичарници кои што ќе бидат блиску до езерата како и во нови велосипедски патеки. – Првата фаза е могу важна за нас, планираме да го изведеме тоа во периодот од 2023-2028 година, а потоа имаме уште шест фази, со што вкупно се седум фази за да се реновира целиот ски-центар Попова Шапка. Ќе имаме поврат на средствата само ако можеме да гарантираме повеќе од 100 денови за скијање, ако не ја достигнеме таа бројка тогаш може да го заборавиме повратот, тоа нема да функционира, нагласи Џого. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференцијата во Влада наведе дека Попова Шапка е туристички центар во Република Северна Македонија што е лоциран на 1700 метри надморска височина, каде што постои можност за уживање во скијање и други зимски спортови на отворено за време на постудената сезона, како и уживање во класични летни планински спортови, благодарение на голем број патеки и планински патишта. – Станува збор за прилично стар ски-ентар, каде првите основи започнале да се градат во текот на 50-те години од минатиот век, додека помеѓу 1970-тите и 1980-тите е изградена ски-зоната со ски-лифтови и патеки, како и првите хотели. За жал, повеќе од две децении не се инвестираше во модернизирањето на постоечките капацитети или проширување на сегашните, па поради истото, локалитетот во денешно време е застарен и заостанат, постојните ски-лифтови се застарени, нема систем за правење снег и последователно скијачката сезона е условена од временските прилики, односно, се скија само кога има обилни врнежи на снег, а скијачките патеки главно се поврзуваат без каква било адаптација на теренот, потенцираше Нуредини. Министерот нагласи дека жичарата со градот Тетово повеќе не е употреблива и оти пристапот до ски-центарот сега е можен само со користење на возило. Нуредини истакна дека поголемиот дел од хотелските капацитети се застарени, додека услугите поврзани со локалите за храна и пијалоци се малку достапни, а во високите планински делови нема планинарски домови. Тој заклучи дека генерално туризмот на нашите планини, иако доживува позитивен тренд, има силна потреба од масовна преадаптација и реновирање на постоечките капацитети за да ги исполнат тековните стандарди за квалитет што ги бара пазарот, бидејќи, како што нагласи, без да го сторат тоа им прети опасност од исчезнување. – Тргнувајќи од овие факти инициравме физибилити студија за проект за реновирање на ски-центарот Попова Шапка. Попова Шапка во едно минато време беше предизвик за врвни имиња на зимските спортови, но за жал долгогодишното неинвестирање доведе до сериозно заостанување и неискористеност на бројните можности и капацитети за развој на туризмот што го нуди овој планинарски локалитет високо вреднуван и на европско и на светско ниво. Големо задоволство беше што успеавме да добиеме сериозна понуда од страна на реномирана европска компанија од Јужен Тирол, „ТехноАлпин“ којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони, посочи Нуредини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправаОдделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, и покрај тоа што на 03.03.2026 и 09.07.2026 не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, изготвил и употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за деновите 03.03.2026, 04.03.2026 и 05.03.2026, како и за 09.07.2026, 10.07.2026 и 13.07.2026, по што ги искористил. Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес го погоди Нов ЗеландЕпицентарот на земјотресот бил на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКасано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано повторно крена бура со своите изјави, а овојпат мета на неговите критики беше Жозе Мурињо. Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Рома остро зборуваше за португалскиот стручњак во интервју за шпанскиот весник „Ас“, доведувајќи ги во прашање неговите тренерски квалитети и начинот на кој ги води екипите. „Мурињо повеќе не би требало да води екипи. Имаше многу среќа, бидејќи ниту еден од неговите тимови не играше атрактивен фудбал. Неговите идеи за играта беа актуелни пред една деценија. Во кариерата не остави никакво фудбалско наследство, туку само скандали со сите“, изјави Касано. Италијанецот изрази изненаденост што Реал Мадрид своевремено го ангажираше португалскиот тренер и што претседателот Флорентино Перез му ја укажал својата доверба. Касано го пофали тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, нагласувајќи дека го смета за многу подобар стручњак од Мурињо. Според него, доколку двајцата си ги заменеле улогите, Реал под водство на Гасперини би можел да оствари убедлива победа, дури и со резултат 10:0. Поранешниот фудбалер исто така смета дека Реал треба да се угледа на Барселона и на тренерот Ханси Флик. „Во Реал треба да учат од Барселона и Флик. Тој изгради импресивен тим со силен карактер, во кој сите фудбалери учествуваат во нападите. Во Мадрид, пак, го прават токму спротивното“, изјави Касано. На удар се најде и Винисиус Жуниор. Италијанецот смета дека неговиот соиграч Родриго, кој моментално е повреден, е многу подобар фудбалер. Иако признава дека Бразилецот Винисиус е голгетер и поседува добри напаѓачки способности, Касано смета дека нему му недостасува класата на вистинска светска ѕвезда. Особено интересна беше неговата споредба на двајца познати фудбалери со име Роналдо. Касано, без двоумење, му ја даде предноста на Бразилецот Роналдо Назарио, познат како „Феноменот“. „Како централен напаѓач, немам видено подобар од Роналдо Назарио. Тој беше неверојатен феномен. Да не беа сериозните повреди, ќе достигнеше незамисливи височини. Тоа е вистинскиот Роналдо. Кристијано не може да се споредува со него и поседува само половина од класата на ’Феноменот‘“, истакна екс репрезенативецот на Италија и член на Реал, Антонио Касано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook