„Театарот комедија“ во објектот на театарот „Центар“ - Канал 5

„Театарот комедија“ во објектот на театарот „Центар“

Со одлука на Владата објектот на театарот „Центар“, каде што претходно беше сместен Македонскиот народен театар, е доделен на НУ „Театар комедија“, кој досега функционираше во просториите на Драмскиот театар. По тој повод, „Театарот комедија“ утревечер во 20 часот во новиот простор организира настан насловен „Микс на среќата“, кој е компилација на шест претстави по 15 минути со кратки интермеца.

„Театарот комедија“ во објектот на театарот „Центар“
Ова денеска го истакнаа министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која го посети новиот простор на „Театарот Комедија“ и директорката на „Театарот Комедија“, Јелена Жугиќ.

- Со „Миксот на среќата“ ќе почне објектот да зрачи со оној најубавиот хормон ендрофин. Во центарот на Скопје добивме објект кој ќе биде храм на смеењето, уметноста, на културата. „Театар комедија“ почнува со работа од 12 март, тогаш ни е првата претстава. Понатаму имаме сериозен репертоар. Премиера ќе има на средината на април, рече Жугиќ и додаде дека „Театарот комедија“ првата претстава ја изведе на 27 март 2012 година.

Таа посочи дека во кратките интермеца меѓу претставите ќе има куси биографски информации - автор, режија на текстот, колку пати е одиграна претставата, каде гостувала и евентуално колку награди добила.

Министерката Канческа Милевска изрази уверување дека и по добивањето на новиот простор „Театарот комедија“ самостојно ќе продолжи да функционира и да добива голем број награди.

Таа посочи дека во изминатиот период од неполни две години од основањето, „Театарот комедија“ реализирал над 120 претстави, освоил голем број меѓународни награди, а оваа година изрази надеж дека на гостувањето со претствата „Женидба“ од Гогољ во Руската федерација, театарот ќе се претстави во најдобро можно светло.

- Досега имаше публика од над 30.000 посетители во „Театарот комедија“. Навистина се потврдија заложбите на Владата и на Министерството дека е потребен еден ваков нов театар кој нуди еден поразновиден жанр и претстави на кои луѓето може да дојдат да се насмеат, да избегаат од секојдневните проблеми итн. Тоа ни беше и целта да се основа овој театар каде ќе можеме да видиме комедија, мјузикл и разновидни други вариетети кој ги нуди „Театарот комедија“, рече Канческа Милевска.

Во овој простор, нагласи министерката, за кратко време се направени одредени инфраструктурни измени, инвестиции, каде може да се види промена во фоајето, дел и од сцената итн.

- И оваа година издвоивме средства за инфраструктурни инвестиции. Верувам ќе се направат и други промени со цел да имаат навистина добри услови за функционирање и реализација на програмата. Минатата година „Театар комедија“ заедно со општина Аеродром имаа организирано прекрасно културно лето со голем број претстави, истакна Канческа Милевска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека се планира по пат на јавно приватно партнерство да се изградат два театри, на местото на Драмскиот театар и на местото на стариот МНТ и проектите се целосно завршени.

- Има многу странски инвеститори заинтересирани за изградбата на Драмскиот театар. Таму и тука просторот согласно деталниот урбанистички план е со поголема висина каде се нуди можност да се привлече интерес од страна на странскиот партнер. Беше објавен повик и по завршување на законските процедури јавноста ќе биде информирана, посочи Канческа Милевска.

Што се однесува до иградбата на местото на стариот МНТ, исто така, информира министерката, проектите се завршени.

- Во моментот се работи физибилити студијата која за брзо време ќе биде завршена по што ќе ја информираме Владата која треба да донесе одлука за отворање јавен повик. Доколку не се успее да се најде инвеститор по пат на јавно приватно партнерство ние како држава ќе продолжиме согласно проектите да ги градиме театрите, додаде Канческа Милевска.

Жугиќ, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имале четири нови вработувања -освен актерските имало и технички вработувања.

- Навистина многу ни помогна трансферот од Македонски шуми. Трансферирани ни се осум луѓе кои ни го пополнија оној технички дел, значи сценската техника, хигиеничарки, портири итн. Со мали надворешни соработници можеме да постоиме без услугите на Драмски театар. Ансамблот сега сочинува 33 луѓе од кои 13 се актери. Останатите се технички, адмнистративен персонал, имаме правна, маркетинг служба, техничко одделение, истакна Жугиќ и се заблагодари на Драмскиот театар, кој изминатите две години го прифатил „Театарот комедија“.

За гостувањето на Театарот Комедија со претствата „Женидба“ од Гогољ во Руската федерација, Жугиќ додаде дека предизвик е да се отиде со руски автор во срцето на таа држава и оти со нетрпение ја очекуваат таа изведба во мај. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер