СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот
1СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓаните
2ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот
1Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
Македонија Таравари отфрла можност да се приклони кон Европскиот фрнот, вели дека не е за предвремениВо пресрет на состанокот со премиерот по кој ќе се знае дали ќе остане или ќе ја напушти владата, Арбен Таравари тврди без разлика на исходот, не е за одржување на превремени избори заедно со локалните.. Во поткастот „ На кавга со Иван“ уверува дека и при евентуален излез од владината коалиција, тоа нема да значи дека како пратеничка група ќе преминат во Европскиот фронт предводен од Ахмети, иако и натаму ја остава отворена вратата за соработка на локалните избори со ДУИ, но и со Вреди во некои општини, и покрај тоа што неговите доскорешни партнери од коалицијата се децидно против. -Кажав може соработка за втор круг да направиме.. За прв круг зависи од околностите. Ако евентуално дојдеме до ситуација ние да сме надвор од Владата, ние ќе си бараме чаре како партија. / Јас апсолутно мислам дека не е добро да имаме двојни избори, меѓутоа, знаете дека за двојни избори се потребни 61 пратеник. Тоа може да го направи само ВМРО, никој друг. Така да, сите може да имаат желби, меѓутоа само ако ВМРО каже дека имаме потреба за предвремени, тогаш нема што, одиме на тоа, изјави Арбен таравари во поткастот „На кавга со Иван“.. Предвремени парламентарни избори заедно со локалните бараат од опозициската ДУИ, а послендиот аргемент им е дека има застој во евроинтеграциите.. По овој повик одговорија од коалицијата Вреди- велат дека ДУИ како да посакува ВМРО-ДПМНЕ да победи со над 60 пратеници. „Само политички аматери не може да предвидат дека на локални заедно со предвремени парламентарни избори, ова ВМРО-ДПМНЕ, во ваква кондиција, со ваква слаба опозиција, ќе биде апсолутен победник. ДУИ бараат предвремени парламентарни избори за да издејствуваат „Пржинска Влада”, во која министер за внатрешни ќе даде нивниот политички контролор СДСМ. Ахмети во тој период од 100 дена гледа шанса да ги уништи доказите за корупција за неговите поранешни функционери. “ – велат од коалицијата Вреди.. Од ВМРО-ДПМНЕ досега информираа дека интензивно се подготвуваат за локалните избори наесен за кои се убедени во победа, за што вчера разговарале и на седница на Централниот комитет на партијата... Досега премиерот Мицкоски беше децидно против предвремни избори, но дали околносите ќе се променат, ќе биде познато по неговата средба со Таравари, најавена за следната недела. Тагови: Арбен Таравари ВРЕДИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓанитеМицкоски ја распродава Македонија.Земјата, водата, рудата, природните ресурси, националните богатства ги нуди на компании. Одлучил Мицкоски сам, народот никој не го прашува. Прво, за дата-центрите – одлуката е веќе донесена од Мицкоски. Дата-центрите ја загреваат водата, трошат огромни количества електрична енергија, а сметката ја плаќаат граѓаните и земјоделците кои ќе останат без вода. Нема нови работни места, нема профит за државата – профит има само за компанијата. Водата е најважниот ресурс. Во време кога водата на повеќе од 50 места во Македонија е загадена, Мицкоски сака да копа антимон. Ископувањето може да биде опасно за граѓаните, бидејќи изложеноста на прашина може да ги оштети белите дробови и да влијае врз срцето, црниот дроб и други органи, а може да дојде и до загадување на подземните води. Водата тогаш може да содржи антимон и други тешки метали. Јасно ви е колку може да биде опасно, кога сега во водата имаме бактерии од фекално загадување, а замислете го и ова. Веќе 11 недели не можеме да добиеме извештај дека водата во Гостивар е чиста, иако над 5.000 луѓе завршија во болница. Како оваа неспособна власт ќе се справи со ризиците од рудник за антимон? Ископот на антимон е опасен исто како и литиумот. Запрен е на повеќе места во Европа токму поради опасност по животната средина и по луѓето. Изгледа дека Мицкоски одлучил да им ги земе сите пари на граѓаните, да земе провизија од секој проект и да ја упропасти целата држава. Да ги истера луѓето од сопствената земја. Мицкоски нема право да ја распродава земјата, водата, рудите, националните богатства Мора граѓаните да се прашаат. Во средините во кои што живеат да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат, близу до нивните места на живеење, да се градат рудници. Бараме референдум! Македонија не е на распродажба! Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 19.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законотОвој правосуден систем подобен и во служба на моќни поединци, со години се градел и секогаш кога ќе се јави потреба инсталациите од СДС и ДУИ во него се активираат.Кога некој од блиските на СДС и ДУИ ќе се најдат во тесно и во судир со правдата, како по нарачка од одговорност ги спасуваат нивните луѓе во судството. Судии и обвинители, пресудуваат во нивна корист, враќаат постапки на повторни судења, укинуваат пресуди, затвораат истраги, само за да им угодат на нивните наредбодавци. Во таквите постапки, инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството никако не се на линија за правдата и законот, а такви изминатиов период имаше многу кои македонските граѓани тоа јасно ги видоа. Роднински, пријателски, партиски, комшиски врски со СДС и ДУИ, биле предуслов за да стане судија или обвинител и да се напредува во кариерата и да се искачуваат повисоко во хиерархијата на правосудниот систем. Меѓу предметите кои не го видоа светлото на правдата се предметот Мазут, тежок 167 милиони евра, затворената истрага за набавката на модуларните болници, каде главен осомничен требаше да е Венко Филипче, укинатата пресуда за Ласкарци каде животот го загубија 16 лица и ред други. Со ваквите постапки, каде поединци место да се гонат и судат, со сите сили се штитат, поединците во правосудството стануваат соработници на криминалот и корупцијата. Овие судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, кои среќа што се во мал дел од правосудството, со нивните одлуки спротивни на правдата, го корозираа правосудниот систем до ниво на 2% доверба од граѓаните. На овој систем мора да му дојде крајот, затоа што македонските граѓани сакаат независен и непристрасен правосуден систем во служба на словото на закон. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во ЛуксембургВластите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите. Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал. Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот. Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29