„Танец“ на Деновите на културно наследство во Обединети Арапски Емирати - Канал 5

„Танец“ на Деновите на културно наследство во Обединети Арапски Емирати

Република Македонија од 7 до 25 април е почесна земја-учесник во рамките на манифестацијата „Денови на културното наследство“ во Шарџа, Обединети Арапски Емирати, каде што македонското културно наследство е презентирано со посебно македонско етно село, соопшти Министерството за култура.

„Танец“ на Деновите на културно наследство во Обединети Арапски Емирати
Манифестацијата синоќа започна со концертот на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ чиј настап беше поздравен со бурен аплауз и особен интерес од страна на присутните. Ансамблот „Танец“ кој повеќе од шест децении е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура, во рамките на овој фестивал, кој секоја вечер просечно има околу 11.000 посетители од сите емирати и пошироко, со поддршка од Министерството за култура, предвидено е да одржат уште неколку концерти преку кои ќе се презентира богатото македонско културно наследство.

Во македонско етно село, пак, занаетчиите од Занаетчиската комора на Македонија ги презентираат своите уникатни ракотворби. Исто така, девет шефови на кујни, во рамките на „Вкусот на традицијата“, ги презентираат македонските традиционални јадења.

Настанот, како што информира организаторот на претставувањето, Амбасадата на Република Македонија во ОАЕ, беше медиумски поддржан и од многубројни медиуми од овој регион, како што се весниците Khaleej Times, Gulf News, Emarat Alyoum, телевизиите Sharjah TV, Dubai7TV, CNBC Arabia и кинеската телевизија CATV, која емитува програма од OAE за милијарда гледачи во Кина. На шеикот му беше упатена официјална покана да дојде и да ја посети Република Македонија, а за време на средбата му беа подарени репрезентативни подароци, меѓу кои и уникатна дрвена резба со мотив од рајски птици, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Учеството на Република Македонија на оваа манифестација беше договорено на средбата меѓу министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска, директорот на Институтот за културно наследство на емиратот Шарџа, Абдулазиз ал Муссалам и амбасадорот на РМ во ОАЕ, Сашо Ташевски, што се одржа во декември минатата година. На средбата беше разговарано за можностите за продлабочување на културната соработка преку размена на уметници и културни програми, особено во годината кога двете земји прославуваат две децении дипломатски односи.

Согласно со Годишната програма на Министерството за култура, во 2016 година е поддржана реализацијата на неколку културни активности, меѓу кои и концерт на Трио Интерарт од Битола кои ќе настапат во Дубаи, а уметникот Мирослава Трујкановиќ оваа година во Ал Аин, ОАЕ, ќе учествува на ликовното биенале со наслов „Earth Dream“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции?

Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство.

Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија.

Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси.

И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси.

Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари.

Има голема разлика, не сме сите исти.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер