„Танец“ ќе гостува во Рига - европска престолнина на културата во 2014

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ викендов ќе настапи во Рига - европската престолнина на културата во 2014 година, и во две вечери - 21-ви и 22 јуни ќе го претстави богатиот македонски фолклор.

Настапот на „Танец“ е поддржан од Министерството за култура и е во рамки на Фестивалот на летната долгоденица, кој Летонија го организира секоја година и се одржува на отворено. Годинава на фестивалот ќе учествуваaт музичари, танцови групи и уметници од целиот свет.

- „Танец“ пред летонската јавност ќе презентира дел од богатото македонско фолклорно богатство, македонските ора и носии кои претставуваат идентитет и историја на македонскиот народ, соопшти Министерството за култура.

Со поддршка на Министерството, во јули во Рига на Светската хорска олимпијада „Рига 2014“ ќе гостува и Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“.
Министерството за култура потенцира дека учеството на Република Македонија ќе придонесе за афирмација на македонската култура и на културните вредности и за продлабочување на соработката во областа на културата и уметноста со Летонија.

Титулата „Европска престолнина на културата“ оваа година Рига ја дели со шведскиот град Умео, а ја презедоа од минатогодишните домаќини - францускиот град Марсеј и словачкиот Кошице.

Рига е клучен индустриски, трговски, финансиски и културен центар во балтичкиот регион. Познат е историскиот центар на градот со градби во стилот арт нуво и дрвена архитектура, кој е впишан на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на овој проект. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент. Целта е да се промовира чувството за заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година.

За изборот решава независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката се донесува четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на ЕУ. Во 2015 престолнини на културата на Европа ќе бидат Монс (Белгија) и Плзен (Чешка), во 2016 - Сан Себастијан (Шпанија) и Вроцлав (Полска), во 2017 – Орхус (Данска) и Пафос (Кипар)

Поради важноста на овие настани, Република Македонија почна да го претставува своето богато културно наследство и современо творештво од 2010 година и оттогаш учествуваше во Истанбул, Талин, Марибор и Марсеј.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер