„Талир 2" одложен за 15 октомври

 Судењето за предметот „Талир 2" се одложува за 15 октомври со цел да се доуреди полномошното на адвокатите.

Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е Ленче Ристоска од ОЈО Скопје.

Судијката Стојановска, ги извести присутните дека се сметаат за уредно повикани и за наредна расправа да се уреди полномошното и да се повика претставник на ВМРО – ДПМНЕ.

На денешното рочиште во судница беа присутни второобвинетиот Кирил Божиновски и застапникот на правното лице ДГ Бетон АД Скопје. За првообвинетиот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, Судот информира дека е писмено известен оти тој не е достапен на органите на прогон.

На почетокот обвинителката Ленче Ристоска до Судот достави решение од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека таа е застапник на обвинението.

Ристоска од Судот побара на следното рочиште да биде повикан и претставник на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, со оглед дека е замрзнат имотот на партијата.

Адвокатот на обвинетите Дончо Наков, на почетокот на денешното рочиште побара од Судот да му дозволи да се консултира со неговиот клиент дали му го продолжува овластувањето да го застапува, со оглед дека тој има овластување со друг број.

– Земајќи го предвид решението доставено од колешката Ристоска, со кое денеска се запознаваме. Го известувам Судот дека иницијалното полномошно со кое го застапувам мојот клиент е врзано со стариот број на предметот НСК 15/18 од СЈО, а не со предмет КО бр. 2917/19 на ОЈО Скопје. Барам Судот да ми дозволи да го запознаам клиентот со ова и да добијам овластување, изјави Наков.

Адвокатот Еленко Миланов посочи дека има законска пречка да се постапува по решението за распределба на обвинителката Ленче Ристоска и дека нема правна надлежност таа да го застапува обвинението.

Обвинителката Ристоска, рече дека за овој предмет и уште еден предмет кој е во фаза на судење се водела единствена истрага НСК 11/17.

– По раздвојување на предметот тој го доби бројот НСК 15/18. Без оглед на фактот дека е настаната промена на обвинител сметам дека нема процесни пречки за постапување по овој предмет, изјави Ристоска.

Во однос на легитимноста на решението од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, посочи дека државното ЈО ги има преземено предметите од СЈО и има целосна надлежност, со што нема законска пречка ОЈО Скопје да го застапува.

Адвокатот Дончо Наков, на тоа реагираше дека на неправо не може да се спротивстави со право.

– Јас сум легалист и не сакам да се добие впечаток дека одбраната само бара одложување на рочишта. Јас само укажав дека немам полномошно за конкретниот предмет и барам да го известам клиентот. Политиката и правната гимнастика доведе до тоа правото да може да се добие само надвор од државата, изјави Наков.

Во случајот „Талир 2" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, кои, според обвинението на СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Обвинетите спротивно на законските прописи прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424 денари, односно 8.246.576 евра.

По излегувањето од Судот обвинителката Ристоска рече не сакаже да даде изјави и ги упати новинарите за сите потребни информации во иднина да се обратат до прес-службата ОЈО Скопје. /МИА.

НАТО трупите во јуриш на „руски“ позиции- почна најголемата воена вежба на Алијансата

Под водство на Велика Британија, силите на НАТО ја спроведуваат мисијата „Брз одговор“ во Естонија со поглед на Русија.

„Индепендент“ ја нарекува мисијата во Естонија „прва салва“ за тоа како би изгледал денешниот конфликт на суперсили на границата на Северноатлантската алијанса со Русија.

Напаѓачките хеликоптери Апачи летаат како поддршка на копнените трупи кои ги напаѓаат руските позиции. За време на интензивна блиска борба, војниците на НАТО расчистија бројни утврдени ровови и одбија контранапад користејќи беспилотни летала и ракети.

Според Индепендент, силите на НАТО во Естонија, како дел од мисијата Брза реакција предводена од Британците, учествуваат на најголемата воена вежба на НАТО од крајот на Студената војна, „ Steadfast Defender“, која се одржува од Балтикот до Балканот. .

Изданието ги нарекува вежбите во Естонија „први салви“ за тоа како би изгледал модерен конфликт на суперсили доколку започне на источното крило на НАТО.

На аеродромот Нурмси, два часа возење со тенк од руската граница, британскиот оперативен командант во Естонија, бригадниот Гил Харис, вели дека нема сомнеж за потребата да се справи со „јасната и сегашна закана“ од Русија.

- Доколку е потребно, подготвени сме да ја одбраниме секоја педа од естонската земја. Во главите на војниците, стратешката цел и контекстот во кој ја спроведуваме оваа обука дефинитивно се сменија. Фактот што ги правиме толку блиску до Русија објаснува зошто е толку важно да се биде овде, рече Харис.

Британската војска соопшти дека ги анализира воените операции во Украина и ги користи за калибрирање на маневри кои се движат од повеќекратна употреба на беспилотни летала до спротивставување на масивни офанзиви.

Јанчев: По трет пат во Кавадарци се одржа ден на станушината

По трет пат во Кавадарци се одржа ден на станушината на кој се презентираа 27 етикети од оваа автохтона сорта.

Настанот е организиран од здруженијата на македонски семејни Винарии, а е поддржан со финансиски средства и од Буџетот на општина Кавадарци.

За многу години, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Макрон: Европа мора да биде подготвена за да ја спречи Русија, ако отиде предалеку

Европа мора да биде подготвена да ја ограничи Русија доколку отиде предалеку во конфликтот во Украина, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ако во одреден момент Русите одат предалеку, ние, сите Европејци, мора да бидеме подготвени да дејствуваме за да ги задржиме“, рече францускиот лидер одговарајќи на прашања од корисниците на социјалните мрежи.

Макрон додаде дека „со сета своја сила се надева“ дека Франција нема да мора да влезе во конфликтот.

Како што истакна тој, Европската унија ќе ја зајакне својата поддршка за Киев во наредните недели.

„Нашата иднина и нашата безбедност се загрозени. Затоа, како што реков, мораме да ја зголемиме помошта за Украинците, што ќе го направиме во наредните недели. Мораме да им испорачаме повеќе опрема.“, нагласи францускиот лидер.

Според него, Франција „не е сила на војната, туку е сила на мирот“, но ако Европа сака мир, неопходно е да се „одбрани“.

„Затоа мораме да се вооружиме и да бидеме убедливи кон нашите противници, велејќи им: „Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата сопствена безбедност, тогаш не исклучуваме интервенција“, рече францускиот претседател.

Претходно, во интервју за Економист, Макрон повторно изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Руската Федерација ги пробие првите линии на фронтот и ако Украина тоа го побара.

Според него, „многу земји“ се согласиле со пристапот на Франција за можното испраќање војници.

„Доколку Русите ја пробиле одбранбената линија, ако имало барање од Украина - што не е случај денес - ќе имавме легитимни причини да си го поставиме ова прашање (за испраќање војници)“, додаде францускиот претседател.

притисни ентер