Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“
1Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
Шоу биз Тајната на вечната младост на Рис Витерспун: Еве како актерката во 50-тата година изгледа како да има 20 години – детална програмаРис Витерспун се прослави како Ел Вудс во филмот од 2001 година „Вистинска русокоса“ (Legally Blonde), кога имаше само 25 години. Речиси три децении подоцна, Рис Витерспун и понатаму изгледа младолико, иако веќе го прослави својот 50-ти роденден.Еве детален увид во нејзините навики во исхраната, вежбање и нега на кожата. Железна дисциплина Кога станува збор за фитнесот, Рис е исклучително дисциплинирана и се обидува да вежба секој ден. „Вежбам секој ден и се хранам здраво, без разлика што се случува во мојот живот“, рече актерката. Дури и кога работи до доцна во ноќта, таа се грижи за својот ум и тело. Нејзиниот личен тренер, Киршен Кац, открива дека режимот на актерката често започнува со лесно трчање од пет до осум километри. Потоа следат вежби за сила за горниот дел од телото, по што следи 30 минути јога. Вежбањето го завршува со вежби за дишење. Покрај фитнесот и јогата, Рис ја одржува формата со пешачење и играње пиклбол (популарен спорт сличен на тенисот). Зелено смути кое „ги избелува белките на очите“ Исхраната на Рис Витерспун се базира на рамнотежа, а нејзиниот ден неизбежно започнува со зелен напиток. „Секое утро правам зелено смути. Ставам спанаќ, зелена салата, јаболко, круша, банана и цел лимон“, откри таа во еден подкаст. Иако овој рецепт можеби не им звучи привлечно на многумина, Рис тврди дека го пие веќе 10 години и дека е одговорен за нејзината чиста кожа, силна коса, па дури и за „белките на очите“. Рецептот го добила од нејзината колешка Кери Вашингтон, која на една церемонија на доделување награди ја прашала на што се должи нејзината блескава кожа. Таа не додава суплементи во своите смутија, туку се потпира исклучиво на свежи состојки. Диета без ригорозни диети Рис не верува во екстремни диети. Нејзиното дневно мени обично изгледа вака: 11:00 часот: Ужина - јаболко со путер од кикирики. Ручек: Салата од кељ со леќа или пилешко на скара. 16:00 часот: Чај и бисквити Вечера: Пилешко или риба со темнозелен лиснат зеленчук. Иако денес внимава што јаде, таа призна дека тоа не било секогаш случај. Бидејќи доаѓа од Нешвил, таа не ги разбирала основите на исхраната сè додека колегите не ѝ објасниле дека нема да може да издржи 15-часовен работен ден без доволно „гориво“. Сепак, си дозволува да погреши некои денови, па се препушта на пржен стек, тестенини или домашно топло чоколадо. Нега на кожа Актерката стана заштитно лице на брендот Biossance во 2021 година, а нејзините омилени производи вклучуваат масло од шипка, крема за околу очи со морски алги и серум со витамин Ц за блескав тен. Таа исто така е долгогодишен фан на брендот на Elizabeth Arden, чии пробиотски производи за чистење на организмот редовно ги користи. Сепак, има еден чекор што Риз никогаш не го прескокнува, а тоа е кремата со заштитен фактор (SPF). „Многу зборуваме за кремите за сончање. Она што ќе го направите за вашата кожа во раните 20-ти години, се гледа подоцна во животот. Затоа нанесувањето крема зсо заштитен фактор двапати дневно е најважен дел од негата на кожата“, изјавила актерката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 14. септември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 14. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот . Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаСтоле Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ ќе гостуваат Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо ТасевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МагазинНедостатокот на овој витамин го зголемува ризикот од вирусни инфекции и воспаленијаВитаминот Д игра важна улога во правилното функционирање на телото, а во последниве години, сè повеќе внимание се посветува на неговото влијание врз имунолошкиот систем.Витаминот Д е еден од важните хранливи состојки што придонесуваат за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Телото може да го произведува кога кожата е изложена на сончева светлина, но во текот на зимските месеци, оваа можност е значително намалена. Затоа, доволната количина на витамин Д може да се обезбеди и преку храна или додатоци во исхраната. Покрај учеството во бројни процеси во телото, витаминот Д игра важна улога и во одбраната од инфекции. Неговото дејство е поврзано со неколку механизми што му помагаат на имунолошкиот систем правилно да реагира на различни закани. Витаминот Д придонесува за зачувување на природната заштитна бариера на телото. Мукозните мембрани претставуваат една од првите линии на одбрана од вируси и други микроорганизми, а нивното правилно функционирање е важно за заштита на телото. Витаминот Д, исто така, му помага на имунолошкиот систем правилно да реагира на разни предизвици. Тој придонесува за способноста на телото да се справи со респираторни инфекции, како што се настинки и грип. Ниските нивоа на витамин Д може да бидат почести во текот на зимата, кога изложеноста на сончева светлина е ограничена. На ова посебно се изложени постарите лица, луѓето со потемна кожа и луѓето кои поголемиот дел од времето го поминуваат во затворен простор. На нивото на витамин Д може да влијае и на начинот на живот. Ако поминувате помалку време на отворено и не внесувате доволно од овој витамин преку вашата исхрана, неговите резерви може да се исцрпат. Што значи недостатокот за имунитетот? Кога на телото му недостасува витамин Д, имунолошкиот систем може да нема оптимална поддршка за извршување на своите функции. Ова може да влијае на способноста на телото ефикасно да се заштити од одредени инфекции. Ниските нивоа на витамин Д се поврзани и со потешки симптоми кај одредени респираторни инфекции, како и со подолг период на закрепнување во одредени случаи. Затоа, важно е да водите сметка за внесувањето на овој витамин. Сончева светлина, соодветна исхрана и, кога е потребно, додатоци во исхраната можат да помогнат во одржувањето на оптимални нивоа на овој витамин во телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter