„Tai 9“: Огромен хибриден теренец со два електрични мотори - Канал 5

„Tai 9“: Огромен хибриден теренец со два електрични мотори

Кинеските производители продолжуваат да ги зголемуваат своите теренски модели, а брендот „Fangchengbao“ на „BYD“ добива нов луксузен модел, „Tai 9“.

„Tai 9“: Огромен хибриден теренец со два електрични мотори

Станува збор за голем теренец со три реда седишта, кој комбинира робустен дизајн со напреден хибриден погон.

„Tai 9“ користи 1,5-литарски турбо бензински мотор со 150 КС (110 kW), кој служи исклучиво како генератор на електрична енергија, додека два електрични мотори од по 272 КС (200 kW) обезбедуваат енергија.

Енергијата се складира во голема батерија со капацитет од 66,5 kWh.

Вкупната комбинирана моќност на електричниот погонски систем сè уште не е објавена, но се знае дека „Tai 9“ може да помине 310 километри на електрична енергија.

Возилото ја поддржува и технологијата „Flash Charging“ на „BYD“ со моќност до 1.500 kW.

Поголем од „BMW X7“

„Tai 9“ е долг 5,27 метри, широк речиси 2 метри и висок 1,85 метри, со меѓуоскино растојание од 3,13 метри.

Ова го прави подолг од „BMW X7“ и „Mercedes GLS“, а неговите димензии се слични на огромниот, исто така кинески модел „Zeekr 9X“.

Дизајнот комбинира луксуз и робусност. На предниот дел има „LED“ светлосна лента, квадратни браници, странични скали за полесно влегување на патниците, багажници на покривот и висок клиренс.

На задниот дел се издвојуваат светлата во облик на Т.

Кабината сè уште не е официјално прикажана, но потврдена е конфигурацијата 2+2+2, со шест седишта.

Се очекува дигитална инструмент табла и голем екран што комбинира мултимедија и екран за патникот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

Општина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман  се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.

Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците.

„Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите“. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руските бродови пристигнаа: Велика Британија во шок

Руски рибарски бродови поминале повеќе од 500 пати преку или долж трасите на подводните комуникациски кабли што ја поврзуваат Велика Британија со Европа и САД, што би можело да укажува на обиди за мапирање на нивната точна локација, пишува „Телеграф.

Руските бродови пристигнаа:  Велика Британија во шок

Британскиот весник наведе дека, врз основа на анализа на податоци собрани во текот на четири и пол години, биле идентификувани 17 бродови кои подолго време пловеле со мала брзина во близина на планираните траси за поставување кабли.

Според весникот, некои од бродовите повторувале маневри над важни телекомуникациски врски во Северниот Атлантик. Извор од НАТО за „Телеграф“ потврди дека Алијансата е свесна за движењата на руските цивилни рибарски бродови, додека поморски експерти истакнаа дека пловилата што се движат со мала брзина можат да користат сонар за мапирање на морското дно, како и подводни возила за испитување на инфраструктурата.

Британските власти предупредуваат на ризикот од напади врз подводните кабли, од кои зависат комуникациите и значителен дел од економската активност на земјата.

Командантот на Кралската морнарица, Гвин Џенкинс, предупреди дека Русија би можела да ги нападне британските подводни комуникациски кабли уште првиот ден од евентуален судир со НАТО. Британската влада најави предлози за заострување на законот што се однесува на намерно оштетување на подводната инфраструктура, вклучително и зголемување на максималната затворска казна од пет на 14 години, при што се разгледува и можноста за воведување доживотен затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес

Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан, објави на совјот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес

Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер