„Светот Јура“ в четврток во Синеплекс, еден ден пред премиерата во САД

Стивен Спилберг се враќа како извршен продуцент на долгоочекуваното продолжение на „Паркот Јура“. Приказната на филмот се одвива 22 години по случувања во „Паркот Јура“. Сега, на островот Нублар, се наоѓа вистински тематски парк посветен на диносаурусите со име „Светот Јура“, точно онаков каков што Џон Хамонд првично и го замислуваше. Но, ниту пак оваа атракција е сосема безопасна.

Паркот Јура пристигна во кината во 1993 година и остави незаборавна трага на гледачите ширум светот. Ги остави без здив, прашувајќи се: „Дали ова нависнина може да се случи“? Откако сними уште два филма сместени во истиот свет, Спилберг се сврте кон други проекти, но никогаш не заборави на оваа приказна. Со помошта на талентираните сценаристи замислувал како би изгледа паркот, конципиран пред дваесет и две години, доколку тој е навистина изграден.

Наскоро тој ги здружува силите заедно со Френк Маршал, еден од најуспешните продуцнети на денешницата а воедно и негов долгогодишен пријател, и со искусниот продуцент Патрик Краули.

Иако многу искусни режисери беа заинтересирани за повторно впуштање во една од најомилените приказни до сега, Спилберг, Маршал и Краули барале особа која ќе внесе нешто ново и креативно, а истовремено ќе го почитува духот и пораката на приказната. Својот наследник го
пронашле во новиот талент – Колин Треваро.

Како што сме навикнале на Спилбергоите филмови, гледачите ќе ја искусат магијата на светот Јура од перспектива на детето. „Случувањата во филмот се раскажани на доста интересен начин, бидејќи гледачите прво го доживуваат светот Јура низ очите на Греј“, објаснува Маршал. „Колин верување дека тоа е значајно – сакаше прво да уживаме во величенствениот парк, а тоа ни успеа благодарејќи на перспективата на ова момче.“

Филмот ќе ја доживее македонската премиера, на еден ден пред редовните проекции во САД. „Светот Јура“ од 11 јуни во киното Cineplexx!



Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер