„Светот е поубав кога сме сите заедно“ – ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ го одбележа Денот на аутизмот - Канал 5

„Светот е поубав кога сме сите заедно“ – ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ го одбележа Денот на аутизмот

Под мотото „Светот е поубав кога сме сите заедно“, во ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка вчера беше одбележан 2 Април – Светскиот ден на аутизмот.

„Светот е поубав кога сме сите заедно“ – ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ го одбележа Денот на аутизмот

Учениците и наставниците преку низа креативни активности испратија силна порака за прифаќање и поддршка. Училиштето беше обоено во сино – симболичната боја на аутизмот, а преку активноста „Сино срце за секого“ учениците изработија цртежи и симболи инспирирани од виножитото и знакот на бесконечност.

Во училишната сала, најмладите ученици со сини балони ја формираа буквата „А“, симболизирајќи единство и солидарност со лицата со аутизам.

Од училиштето истакнуваат дека преку ваквите активности се поттикнуваат емпатијата, разбирањето и прифаќањето, нагласувајќи дека нивната мисија е да создадат инклузивна средина каде секое дете ќе се чувствува сакано, прифатено и разбрано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Денес во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Предвидено е тој да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево повикува на марш за чист воздух и прекин на практиката на толерирање на застарени гранични вредности за воздухот.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Маршот ќе почне од собранието во 18 часот, а ќе заврши пред министерството за животна средина кое е задолжено за издавање на а-интергрираните дозволи. Според „Стоп за Усје“, цементарница Усје бара обнова на дозволата за работа без никакви промени во однос на дозволата од 2020 година. Министерот за животна средина Муамет Хоџа неодамна во телевизиско гостување демантираше дека цементарница Усје ќе добие дозвола по старите правила. Усје уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат а интегрирана еколошка дозвола, изјави Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес– 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка.

Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер