Сведок падна во несвест сред испрашување

Тројцата рибари што последни ги виделе момчињата што беа масакрирани кај Смилковското езеро во Кривичниот суд повторно раскажуваа што виделе пред шест години на 12 април кога се случи петкратното убиство.

Првиот сведок, не издржа да сведочи до крај затоа што падна во несвест додека го испрашуваше специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Пред да биде однесен со возило на итната помош во болница, тој раскажуваше дека дента на езерото ловел риба со уште тројца негови пријатели.

Додека биле таму дошле четири момчиња и побарале леб како мамка за ловење риби по што си заминале. По некое време слушнал пукање по што тој и неговите пријатели се исплашиле и одлучиле да си одат дома. Откако се собрале со мотор трганале и по пат, раскажуваше сведокот, сретнале човек со автоматска пушка кој им рекол “бегајте, ќе ве убијам”.

Тие се исплашиле и при бегањето забележале четири тела како лежат на земја, но продолжиле накај своите домови.

Вториот сведок, рече дека откако се стемнило и се спакувале да си одат дома, прво видел темно големо воизло во кое имало човек кој седел на возачкото место. Откако го поминале возилото го виделе човекот кој им се заканил дека ќе ги убие. Според него, тој им рекол дека е од полиција и носел панцир на себе, а позади него стоеле три или четири лица.

По ова ги забележал четирите тела кои лежеле на земјата, но и едно сиво возило кое било со отворени врати. Сведоците за грозоморниот настан разбрале од вести на телевизија, а утредента биле повикани на разговор во полиција.

Адвокатот Насер Рауфи изјави дека во денешното седочење на сведоците нема некои отстапувања од претходните искази.

Во декември минатата година Врховниот суд ги укина пресудите и ослободи четворица од шесте обвинети. Останатите двајца, прво и второобвинетите се уште се недостапни за органите на прогон.

Фестивалот „Прво па женско“ почнува со претставата „Свет без жени“

Со претставата „Свет без жени“, на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности вечер почнува дванаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“.

Како што информираат од Тиииит! Инк., по изведбата на претставата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. - „Дијалогот што недостасува“, ќе следува разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова од феминистичката платформа „Медуза“.

Претставата „Свет без жени“ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ ја освои наградата од публиката на Фестивалот „Битеф“ во 2022 година.

-Жените и работата - тоа е главниот мотив на проектот „Свет без жени“. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици. Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија, соопштија организаторите на фестивалот.

Претставата ќе биде изведена како соработка меѓу Центарот за иновација во уметноста и културата „Локомотива“ и организацијата за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ и нивните фестивали Перформанс платформа фестивал и „Прво па женско #12“.

Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот: поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Сиљановска Давкова беше инаугурирана на 12 мај во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата. Сиљановска Давкова е шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција.

Администрацијата на Бајден ангажирана е на евакуација на американските лекари од Појасот Газа

Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден е ангажирана во евакуацијата на американски лекари од Појасот Газа, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Група американски лекари од Палестинската американска медицинска асоцијација претходно за „Вашингтон пост“ потврдија дека се блокирани во Газа откако Израел го затвори граничниот премин Рафа.

Внимателно ја следиме ситуацијата и работиме да ги извлечеме американските граѓани од Газа, истакна Жан-Пјер, додавајќи оти за тоа се разговара со Израел.

притисни ентер