Свет„Супер вторник“ во САД – клучно гласање за Бајден и Трамп Претседателските избори во САД на пат и официјално да станат трка меѓу Трамп и Бајден. И републиканците и демократите го чекаат исходот од „Супер вторник“ денот „Д“ кога 15 сојузни држави истовремено гласаат на внатрепартиските избори. Актуелниот претседател Бајден нема никакви противкандидати во редовите на демократите, но затоа пак сите очи се вперени кон републиканците, Трамп се очекува да извојува конечна победа против неговата ривалка Ники Хејли и со тоа да се доближи до републиканската номинација. Токму тоа го очекуват и дел од политичките аналитичари во САД. -Колку републиканците се уште се грижат за оваа трка? Колкав ќе биде степенот на излезност? Ова веројатно ќе биде последниот здив на натпреварувачка трка и веројатно е дека луѓето ќе свртат нова страница и ќе одлучат да не учествуваат во нешто што во основа е веќе одредено,- - Рик Дејвис – Политички Аналитичар од САД. Иако анкетите покажуваат убедлива победа на Трамп, сепак Хејли вели дека целта е да остане конкурентна, и засега не ги открива следните чекори доколку нејзиниот противкандидат извојува убедлива победа. Трамп пак, кој благодарение на одлуката на врховниот суд на САД ќе му биде дозвлено да се кандидира во Колорадо, воопшто и не ја споменува Хејли. Во речиси секој негов говор, фокусот го става на актуелниот претседател Бајден. -Нашата цел секогаш беше да останеме конкурентни, и се додека сме конкурентни ќе продолжиме да се натпреваруваме. Видете, конвенцијата е дури во јули, има многу време. Многу јасно кажав, колку сметам дека Џо Бајден е проблем, како мислам дека е опасен за нашата земја и како мислам дека треба да одиме во поинаква насока. Но, не мислам дека Џо Бајден или Доналд Трамп треба да бидат наши претседатели, затоа се натпреварувам,- - Ники Хејли – Кандидат за претседател на САД од републиканците. -Иако повеќето држави беа пресреќни да ме имаат (на гласачкото ливче) имаше некои кои не го сакаа тоа, и не го сакаа тоа од политички причини. Не го сакаа тоа поради бројките од анкетите. Бидејќи бројките од анкетите се многу добри, го победуваме претседателот Бајден во речиси секоја анкета,- - Доналд Трамп – Поранешен претседател на САД. Поранешниот американски претседател до сега победи во речиси сите внатрепартиски избори на републиканската партија, загуби само во Вашингтон каде Хејли ја извојува единствената победа. Таа до сега има само 43 делегати, наспроти 273 на Трамп. На денешниот „Супер вторник“ и Трамп и Хејли ќе се натпреваруваат за 865 делегати кои би можеле да го одредат текот на изборната трка. За добивање на номинацијата во републиканската партија потребни се минимум 1.215 делегати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Доцнењето на американските ракети „Патриот“ чини животиУкраинскиот претседател Зеленски изрази незадоволство од САД поради доцнењето на испораките на ракети „Патриот“, нагласувајќи дека тоа чини човечки животи.Во интервју за Би-Би-Си тој оцени дека Вашингтон не врши доволен притисок врз Русија за постигнување мир.Зеленски ја критикуваше и изјавата на Доналд Трамп, кој го нарекува Путин свој пријател.Тој нагласи дека рускиот претседател е агресор и дека не може да биде пријател. Според него последните мировни преговори во Абу Даби не донесоа напредок, а нови разговори се очекуваат во декември.Рече дека Украина се соочува со сериозен недостиг од ракети за пресретнување на руските балистички проектили.Зеленски изрази разочарување што САД поголемо внимание посветуваат на Блискиот Исток.Тој предупреди и на проблемите со системите „Стар-Линк“ и „Стар-Шилд“, кои влијаат врз украинските беспилотни летала.Во пресрет на тешката зима, руските напади врз енергетската инфраструктура предизвикуваат прекини на струјата.Зеленски порача дека Украина ќе го брани Киев по секоја цена, бидејќи како што рече без главен град нема држава.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаИзненадување во Градскиот парк-Кипар подобар од МакедонијаМакедонската сениорска репрезентација го претрпе првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Европското првенство 2029 година.Во салата „Лазар Лечиќ“, Кипар одигра квалитетен натпревар, ја искористи послабата одбранбена реакција на нашиот национален тим во завршницата и забележа победа МАКЕДОНИЈА – КИПАР 75:85 Избраниците на Жозеп Марија Берокал не успеаја да ја наметнат посакуваната контрола врз играта. Иако Македонија имаше свои добри периоди, гостите покажаа поголема сигурност во клучните моменти и заслужено стигнаа до триумфот. Ненад Димитријевиќ беше најефикасен во македонскиот состав со 30 поени и шест асистенции, додека Стојан Ѓуроски постигна 11 поени. Кај гостите се истакна Филипос Тигкас со 25 поени. По победата над Австрија во првото коло, Македонија го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Евробаскетот 2029. Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, не го криеше разочарувањето по поразот од Кипар (75:85). Шпанскиот стратег посочи на големиот пад во играта во последната четвртина, зголемениот број грешки и непочитувањето на основните кошаркарски принципи како клучни причини за негативниот резултат. Сепак, повика на заедништво, извлекување поуки и подготовка за февруарскиот прозорец, во кој Македонија ќе има уште две можности да ја оствари целта. „Мечот го започнавме на неочекуван начин. Имавме израмнети четвртини, одбраната се подобри во третиот период, но во последните десет минути покажавме една друга игра. Се зголемија грешките, промашувавме, но мора да научиме од овој пораз, да бидеме заедно. Овој меч не беше како што го посакувавме, но во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата“, истакна Берокал. Селекторот особено го потенцираше непочитувањето на основните кошаркарски правила, кои според него мора да бидат присутни без оглед на противникот и важноста на натпреварот. „Мора да ги почитуваме сите репрезентации и да ја почитуваме кошарката. Едноставните правила од кошарката. Денес не го правевме тоа, не почитувавме да вадиме топка надвор, играта еден на еден, да не губиме топки, протокот на топка... А Кипар одигра добар меч. Тажен сум, но ќе мислиме на следниот прозорец и мечевите кои ни следат“, објасни селекторот. Берокал направи разлика меѓу промашените шутеви, кои се составен дел од играта, и грешките што се резултат на недоволна концентрација и контрола врз сопствените постапки. „Да промашиш шутеви можам да разберам, но другите нешта кои се во твои раце и не ги контролираш, тоа не го разбирам. Шутот за три можеби е и клучен на крајот, но готово е сега. Мора да останеме оптимисти, да размислуваме за натпреварите и да се подготвиме за она што ни следи“, порача Берокал. Македонија го завршува овој ноемвриски прозорец со победа над Австрија и пораз од Кипар. Следниот предизвик е февруарскиот циклус, во кој националниот тим ќе мора да покаже поинакво лице и да ја продолжи борбата за пласман на Евробаскетот 2029.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче ПетровВработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата. Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка. Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот. „Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој. Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.Тагови: ЈСП Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter