„Студент ФМ“ распишува конкурс за избор на најдобар млад поет дебитант - Канал 5

„Студент ФМ“ распишува конкурс за избор на најдобар млад поет дебитант

„Студент ФМ“, радиото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, петти пат го распишува конкурсот за избор на најдобар млад поет дебитант „Поезија во глувата соба“.

„Студент ФМ“ распишува конкурс за избор на најдобар млад поет дебитант
Право на учество имаат сите заинтересирани студенти кои досега не објавиле поетска збирка. Заинтересираните потребно е да испратат пет поетски творби напишани на македонски јазик и кирилично писмо, заедно со податоците-име, презиме, факултет и контакт на е-маил адресата: [email protected] најдоцна до 31 март годинава.

Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радио перформанс „Поезија во глувата соба“ на фреквенцијата на „Студент ФМ“ 92,9.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Освојувачка на Вимблдон суспендирана до 2030 година сега ужива на Бали !

Чешката тенисерка Маркета Вондроушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, доби четиригодишна суспензија поради одбивање на допинг-тест надвор од натпреварување во декември 2025 година. 

Освојувачка на Вимблдон суспендирана до 2030 година сега ужива на Бали !

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот ја објави одлуката на 22 јуни 2026 година, а суспензијата трае до 21 јуни 2030 година. Во меѓувреме, Вондроушова поднесе жалба до Судот за спортска арбитража, кој во август потврди дека ја примил нејзината жалба.

Причини за суспензијата Вондроушова објасни дека одбила да даде примерок бидејќи во тоа време била под значителен физички и психички стрес. Таа изјави дека службеното лице за тестирање пристигнало околу 20:00 часот и дека, поради околностите и – според нејзините зборови – недоволната идентификација, стравувала за својата безбедност.

Независен трибунал не ги прифати овие аргументи како доволно оправдување за одбивањето на тестот. За време на суспензијата, на Вондроушова ѝ е забрането да се натпреварува, да тренира играчи или да присуствува на официјални турнири под покровителство на ITF, WTA, ATP, Грен слем турнирите и националните федерации.

Додека го очекува исходот од својата жалба, Вондроушова слободното време го поминува на Бали. Таа објави фотографии од одморот на социјалните мрежи, вклучително и некои во бикини.

Овие слики особено ги истакнуваат бројните тетоважи на нејзиното тело – по кои чешката тенисерка е позната – како и нејзината одлично дефинирана фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

Само околу два месеца по последниот ребаланс, Мицкоски повторно најавува можност за ново прекројување на народната каса. Нема пари. 

СДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

Мицкоски признава дека има помалку пари од приходи, дека се зголемува дефицитот.

Обидот целиот буџетски проблем да се оправда со намалениот ДДВ за горивата е класична манипулација. Владата не се откажа од акцизата и не го намали ДДВ на горивата на 5%. Проблемот е многу поголем.

Затоа дефицитот на крајот на годината ќе биде над 900 милиони евра!

Претседателот Филипче веќе со месеци предупредува дека состојбата со државата каса е катастрофално лоша поради арамиските политики на Мицкоски и дека буџетската дупка се зголемува.

Тотален дебакл на сите економски политики на Мицкоски.

Очигледно следува нов ребаланс а со тоа со сигурност и ново задолжување, нов арамилук врз грбот на народот.

Сè што најавивме се случува. Задолжувањето од 1,3 милијарди евра е веќе на хартија.

За две години оваа власт го задолжи народот со 4 милијарди евра. Половина од долгот на државата во изминатите 35 години арамијата го направи за само 2 години. Јавниот долг е веќе околу 11 милијарди, околу 60 проценти од БДП-то.

Долговите растат а пари за поголеми плати и пензии нема. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО и арамијата Мицкоски.

Скопје, 01.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерката Јаневска им посака добредојде на бруцошите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти.

Министерката Јаневска им посака добредојде на бруцошите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти, нагласувајќи дека тие се најголемиот потенцијал што го има Македонија.

„Овие млади луѓе избрале со високо образование да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните професионални и животни предизвици. Очекуваат да стекнат знаења и да научат вештини што ќе им овозможат успешно да се вклучат во светот на брзи технолошки, економски и општествени промени. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е вистинското место за учење, поставување прашања и истражување. Бидете љубопитни и храбри во потрагата по нови знаења“, рече министерката Јаневска во обраќањето пред студентите, професорите и академската заедница.

Покрај предавањата, колоквиумите и испитите, студентите имаат можност за вклучување во истражувања, научни проекти, академски размени, летни школи и различни обуки, а Јаневска ги охрабри да ги искористат затоа што ќе им отворат нови хоризонти.

„Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на државата. Токму затоа високото образование е еден од нашите најважни приоритети. Во Министерство за образование и наука посветено работиме на создавање подобри услови за студирање, на модернизација на студиските програми, поголема поддршка за науката и истражувањето и на јакнење на врските меѓу високото образование и потребите на пазарот на труд“, посочи министерката Јаневска.

Во оваа насока, спроведени се евалуации на дел од постојните студиски програми, а акредитирани се и повеќе нови, со цел понатамошно усогласување на високото образование со европските стандарди и потребите на општеството.

Со порака дека Министерството ќе продолжи со конструктивна соработка со студентските организации, Јаневска ги повика студентите активно да учествуваат во академскиот живот, да ги споделуваат своите предлози и иницијативи и да придонесуваат во креирањето на подобри услови за студирање, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи да биде нивен партнер во унапредувањето на студентскиот живот и образовниот процес.

Во делот на студентскиот стандард оцени дека се реализираат значајни инвестиции во студентските домови. Два студентски дома во Скопје се темелно и енергетски ефикасно реконструирани – „Стив Наумов“ е веќе вселен со студенти, а наскоро ќе биде отворен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Во наредниот период ќе продолжи модернизацијата и на останатите студентски домови во државата.

Јаневска го најави новиот конкурс за студентски стипендии, кој покрај постојните ќе опфати и нови категории на корисници, меѓу кои и студенти со ретки болести и посебни образовни потреби, со цел да се овозможи поголема достапност на високото образование за сите млади.

Посакувајќи успешна академска година, министерката ја нагласи важната улога на професорите во создавањето образовани, одговорни и етички личности кои ќе придонесуваат за развојот на општеството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер