„Струшки книжевни средби“ викендов во Струга - Канал 5

„Струшки книжевни средби“ викендов во Струга

Награда за „Животно дело“ ќе ја прими Мишо Китаноски, новинар, публицист, поет, раскажувач и автор на телевизиски сценарија. 

„Струшки книжевни средби“ викендов во Струга

Со промоција на трите тома од книгата „Мојата Струга“ на новинар, книжевник и член на Друштвото на писателите на Македонија Наум Бајо, утре во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга почнува манифестацијата „Струшки книжевни средби“.

Во рамките на манифестацијата, ќе бидат доделени неколку востановени награди „Петковиот Аманет“ за оваа година. Ќе бидат доделени и благодарници и признанија на застапинете лица, или на нивни претставници, во трите тома од книгата „Мојата Струга“.

Награда за „Животно дело“ ќе ја прими Мишо Китаноски, новинар, публицист, поет, раскажувач и автор на телевизиски сценарија.

Награда „Автор на годината“ („Македонска поетска ризница”) годинава ќе ја добие авторот Дарко Лешоски.

Емилија Карафилоска е наградена со „Млад автор на годината”, а награда за „Посебни книжевни достигнувања на автор од странство“, ќе ја прими црногорскиот книжевник, Лабуд Н. Лончар.

Како што е најавено, во недела, 8 октомври, манифестацијата се сели во питоресткниот амбиент на Вевчани, каде во црквата „Свети Никола“ и кај познатите Вевчански извори ќе се одржи поетски настан, на кој ќе настапат сите учесници на овогодишните „Струшки книжевни средби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесен обвинителен акт против директорот на ДИЗ

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп.

ЈО: Поднесен обвинителен акт против директорот на ДИЗ

Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.

Обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на правно лице кое се занимавало со негово производство и увоз, иако истото и претходно повеќепати увезувало ваков вид стока. Притоа влијаел врз службено лице – фитосанитарен инспектор на граничен премин, да не го одобри влезот на стоката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на граничниот премин.

На 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно побарал поткуп во износ од 100.000 евра за одобрениот увоз и за идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал износот да биде исплатен во три рати.

На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници.

Со Обвинителниот акт е поднесен и посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот поради постоење на околнистите заради кои истиот беше определен, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа

СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа.

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа

Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат и СДС и Левица на следните избори, како и успехот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во делот на реализација на Реформската агенда и повлекување на средствата од Планот за раст, го вклучи алармот во двете партии и се здружија заедно во блокирање на реформскиот закон односно Изборниот законик.

Иако Законот беше усогласен со сите забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР, барањата на СДС и Левица не се суштински, туку имаат за цел да направат штета на Македонија во делот на исполнување на Реформската агенда.

Врз основа на тоа, јасно укажавме дека оваа коалиција на Филипче и Апасиев, да поднесат амандмани за корекција на начинот на заокружување на гласачкото ливче, да поднесат амандмани за процесот за поднесување на приговори, да ги повлечат другите демагошки амандмани кои ги поднесоа и заедно сите политички чинители во консензус да го донесеме Изборниот законик.

Единствено што бараме и тоа е нашта црвена линија и беше прифатено, тоа е нашата македонска дијаспора на следните претседателски избори да гласа по електронски пат.

Почитувани граѓани,

Нема да дозволиме СДС и Левица на чело со Филипче и Апасиев, да си создаваат алиби за дебаклот што ги чека на следните избори.

ВМРО-ДПМНЕ не работи по стапките на СДС, во чии редови очигледно им работи Фројд. Тоа што тие би го направиле, нам ни на мисли не ни поминува.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија по победата на Мексико на Светското првенство-Тројца навивачи загинаа во големата гужва

Прославата на победата на фудбалската репрезентација на Мексико над Еквадор на Светското првенство заврши трагично во Мексико Сити, каде што три лица загинаа во стампедо, потврдија локалните власти.

Трагедија по победата на Мексико на Светското првенство-Тројца навивачи загинаа во големата гужва

Жртвите се 44-годишен маж, 48-годишна жена и 19-годишно девојче, објави „Еуроњуз“.

Итна помош беше повикана во округот Хуарез во вторник вечерта по извештаите дека три лица се онесвестиле за време на улична прослава. Градскиот здравствен оддел соопшти дека причина за смртта е задушување. На местото на настанот беа испратени болничари, пожарникари и полиција.

И покрај напорите за прва помош и реанимација и итен транспорт во болница, жртвите не можеа да бидат спасени и беа прогласени за мртви.

Победата на Мексико од 2-0 над Еквадор предизвика еуфорични прослави на стадионот „Ацтека“ и низ целиот главен град. Головите на Раул Хименез и Хулијан Кињонес им обезбедија пласман на ко-домаќините во осминафиналето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер