„Струмица-град на културата 2021" продолжува со изложба „Времено време" - Канал 5

„Струмица-град на културата 2021" продолжува со изложба „Времено време"

В петок ќе се одржи промоција на млади роднокрајни литерати, а в сабота е традиционалниот музички фестивал на лица со телесен инвалидитет.

„Струмица-град на културата 2021" продолжува со изложба „Времено време"

Со изложба „Времено време", која ќе биде поставена на отворено на Струмичкото корзо, вечер продолжуваат настаните за овој месец од манифестацијата „Струмица-град на културата 2021". На изложбата ќе бидат презентирани репродукции од стари фотографии од Струмица, фотографирани во периодот од 1911 до 1938 година.

Локалната библиотека „Благој Јанков Мучето", утре ќе го одбележи патрониот празник со литературен конкурс посветен на херојот, а утревечер треба да се одржи концерт насловен како „Етно ноктурна-ноќна музика", на кој ќе бидат изведени кратки романтични композиции од Александра Коцевска-вокал, Билјана Петровска-пијано и Петар Колевски-кларинет.

В петок ќе се одржи промоција на млади роднокрајни литерати, а в сабота е традиционалниот музички фестивал на лица со телесен инвалидитет.

До крајот на месецот се планирани повеќе настани, а најголемо внимание се очекува да привлече настапот на Фолклорниот музички ансамбл „Танец", кој треба да се одржи на 23 јули на платото пред Центарот за култура.

Инаку, синоќа во НУЦК „Антон Панов" беше отворена изложбата „Поврзување", од истоимениот проект на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија.

Изложбата ги обединува ликовните дела на двајца автори од Македонија, кои живеат и работат во Бугарија-Марјан Ѕингаров од Струмица и Иво Пецов од Виница и делата на Свилен Стефанов од Софија, Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во град во Јапонија мечка влегува по куќи и ги празни фрижидерите

Мечка во еден јапонски град провалува во куќи и ги празни фрижидерите. Најмногу сака слатки.

Во град во Јапонија мечка влегува по куќи и ги празни фрижидерите

Властите се во потрага по мечка која влегла во домот на постара двојка и им го ограбила фрижидерот.

Се сомнева дека истото животно може да биде одговорно за 14 провали во јапонскиот град во текот на изминатите две недели.

Во понеделник вечерта, 87-годишниот Мицуо Мацубара се сретнал лице в лице со голема азиска црна мечка откако отишол да истражи бучава што доаѓала од кујната.

Фрижидерот бил отворен, а храната била расфрлана по подот. Неговата сопруга ја повикала полицијата. Досега се пријавени провали на пет локации во североисточниот град Шизукуиши, што ги навело властите да веруваат дека истата мечка може да е вклучена. Поставени се стапици во кафези, инсталирани се електрични огради околу често напаѓаните домови и воведени се патроли за да се предупредат жителите за опасноста, објавува „Гардијан“.

„Невообичаено е мечка постојано да упаѓа на истото место. Можно е да станува збор за истото животно, поради што сакаме да го фатиме што е можно поскоро“, изјави Шихо Чида, експерт за мечки од Одделот за заштита на природата на префектурата Ивате, каде што се наоѓа градот Шизукуиши.

Мечката била фатена како четири пати упаѓа во земјоделски објекти и краде храна за добиток на база на млеко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон.

На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам.

Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите“, соопштија од министерството.

Во рамки на посетата на Вашингтон, на маргините на состанокот се очекува министерот Муцунски да оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за западна и централна Европа и јужна Европа во бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за навредите

Христијан Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните на Македонија. 

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за навредите

Не на пратениците во празна сала, туку на граѓаните кои ги навредуваше со месеци.

Тој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и со други погрдни имиња.

Ги омаловажуваше сите кои не се согласуваат со него, кои ја критикуваат неговата политика или кои едноставно бараат подобар живот.

Таквото однесување не е достојно за премиер на држава. Уште помалку е достојно за човек кој се претставува како универзитетски професор.

Ова е срамота и за институцијата која ја претставува и за државата која ја води.

Особено што Мицкоски не застана сам во навредите туку беше поддржан. Заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ, во Собранието отворено псуеше пратеници, а Стоилковиќ физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески.

Ова не е политичка расправа туку понижување на пратениците кои се претставници на граѓаните, како и на највисоката институција во државата.

Мицкоски мисли дека едно изнудено изговорено „извинете“ во празна сала може да ги избрише сите овие навреди? Не може.

Граѓаните не се наивни и не може да ги излаже.

Ова однесување е резултат на губењето на поддршката и на падот на рејтингот, кој самиот си го предизвика со секојдневните лаги, со немањето никаков резултат и со тоа што ја води државата во изолација и економски колапс.

Христијан Мицкоски должи јавно и искрено извинување на граѓаните на Македонија.

Сè додека тоа не го направи, ќе остане запаметен како премиер кој наместо да ги обединува граѓаните, ги навредува и ги понижува.

Скопје, 15.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер