„Стражарите“ од ДУИ си заминаа- Уставниот ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците

Ќе се одржи подготвителна седница за уставноста на Законот за јазиците за да се слушнат експертските ставови.

Но оваа одлука не значи слабост или подлегнување на притисок изјави по седницата претседателот на Уставниот суд Костадиновски, кој и денеска порача дека нема да дозволи судот да биде под притисок и закани од кого било..

Пред Уставниот суд е Михајло Видимлиски.. Михајло дали таму се уште се чува стража?

Нетанјаху му честиташе на Трамп:„Најдобрите денови допрва доаѓаат“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата втора инаугурација, велејќи во видео изјава дека „најдобрите денови на нашиот сојуз допрва доаѓаат“.

- Вашиот прв мандат како претседател беше исполнет со револуционерни моменти, рече Нетанјаху, наведувајќи некои од клучните чекори што Трамп ги презеде за време на неговото прво претседателствување, вклучително и потпишувањето на Абрахамскиот договор со кој се нормализираа дипломатските односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

- Се повлековте од опасниот ирански нуклеарен договор, го признавте Ерусалим како главен град на Израел, ја преместивте американската амбасада во Ерусалим и го признавте суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина, рече тој.

- Уверен сум дека ќе го завршиме поразот на иранската терористичка оска и ќе воведеме нова ера на мир и просперитет за нашиот регион, рече Нетанјаху.

Нетанјаху, исто така, му се заблагодари на Трамп за неговата помош во посредувањето за договорот со Хамас за прекин на огнот и за заложниците./МИА

Хабек: Враќањето на Трамп на власт е опасност за американската демократија

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек, водечки кандидат на „Зелената“ партија за претстојните избори во Германија, денеска предупреди дека демократијата во САД е загрозена под владеењето на новиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.

Ако на актуелните настани се додадат „политичките интереси“ и „богатството на милијардерите се комбинира со политичките интереси и со сопственоста на инфраструктурата, тогаш богатството на власта и сила на власта може да ја турнат демократијата до нејзините граници“, рече Хабек на само неколку часа пред Трамп да положи заклетва во Вашингтон.

Хабек рече дека искрено се надева дека тоа нема да се случи, но дека луѓето во Европа мора да преземат мерки за да се заштитат од таквите сили.

-Европа мора да стане посилна и порешителна – ова е пораката од денешниот ден, нагласи Хабек./МИА

Зеленски му го честиташе на Трамп враќањето во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му честиташе на Доналд Трамп за неговото враќање на претседателската функција во САД.

Зеленски укажа на решителноста на Трамп и нагласи дека политиката „мир преку сила“ што ја најави дава можност да се зајакне американското лидерство и да се постигне траен и праведен мир.

- Овој век се оформува токму сега, и сите ние мора да работиме заедно за да го направиме голем и успешен век за демократските земји, а не за оние кои сакаат да пропаднеме, нагласи тој на Х.

- Денеска е ден на промени и ден на надеж за решавање на многу проблеми, вклучително и глобални предизвици, напиша Зеленски на Х.

притисни ентер