„Stellantis“ ги враќа легендарните евтини автомобили, но сега како мали електрични модели - Канал 5

„Stellantis“ ги враќа легендарните евтини автомобили, но сега како мали електрични модели

„Stellantis“ лансира нова стратегија за развој на прифатливи електрични автомобили за Европа, а инспирација наоѓа во модели како што се „Citroen 2CV“ и „Fiat Panda“.

„Stellantis“ ги враќа легендарните евтини автомобили, но сега како мали електрични модели

Новата иницијатива, наречена „E-Car“, предвидува производство на мали градски електрични модели од 2028 година.

Автомобилите ќе се произведуваат во фабриката во Помиљано во Италија, каде што со години се прават прифатливите модели на „Fiat“.

Целта на проектот е да се развијат едноставни и прифатливи електрични возила наменети за градско возење и за клиенти за кои новите автомобили станаа премногу скапи.

Во меѓувреме, Европската Унија подготвува нова категорија „M1E“ за мали електрични автомобили пократки од 4,2 метри, што би можело дополнително да го олесни развојот на вакви возила.

Според достапните информации, „Fiat“ работи на помала и поевтина верзија на „Fiat Grande Panda“, инспирирана од оригиналната „Panda“ од 1980-тите.

Во исто време, наводно, „Citroen“ развива едноставен електричен модел кој би го оживеал духот на легендарниот „2CV“.

„Stellantis“ сака да понуди едноставни градски автомобили по пониски цени со овој проект и на тој начин да одговори на растечките трошоци за нови возила во Европа.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

притисни ентер