ВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа
СДСМ: Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?
1ВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа
2СДСМ: Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?
Македонија(СТАВ) Погледај го домот свој Зоране и симни ја пајажината од очитеЗоране Иванов, моја вечна инспирација за саркастични и сатирични беседи, дали знаеш која е сличноста меѓу мене, Канал 5 ТВ и тебе? Јас ќе ти кажам – никаква, нема сличност, или едноставно речено– ние сме два различни света.Не сакам да помислам дека како „призрак“ на одреден политички центар, си во некој круг на морална анархија во кој те опчинува некаква бурна елегична дистракција. Причината за овој сериозен интелектуално-креативен немир можам само да го претпоставам и верувам дека е поврзан со познатото „проклетство“ – да имаш, па да немаш. Како човек кој огромен број пати гостувал во Канал 5 ТВ, кому му била дадена шанса да ги артикулира своите ставови без никакви задршки или опструкции сметам дека ако веќе не можеш да ја „симнеш пајажината од очите“, обиди се барем да ги подигнеш мечот. Знаеш што ќе видиш? Ќе видиш потресни призори, ќе видиш несреќни и болни , ќе видиш „чемер , смрт и мизерија“. Твојот обид за моја лична дискредитација, девалвација и јавна дефамaција, при што ја извртуваш толку очигледната вистина, е само продолжение на еден медиумски авантуризам во кој учествуваше и ти а е поврзан со моето вклучување во емисијата „Само Вистина“ во ноември 2023 год. Те молам, немој „пајажината“ која ја имаш на твоите очи да ми ја лепиш на моите очи. Немој само да ме убедуваш дека фундаментот на говорот и слободата на израз се навредите и клеветите и потенцијалниот говор на омраза. Канал 5 ТВ бил и ќе остане храм на демократијата и новинарството, и дај те молам, охрабри се, и конечно не бегај од јавна дебата со мене „на кавга со Иван“, со цел заедно да откриеме како тоа црното е бело, говорот на омраза е говор на слобода, и кој навистина се слизнува или е веќе слизнат во т.н. морално дно. Навистина се чувствувам екстатично и треперам за моментот кога ќе дојдеш во мојата емисија , а не постојано да наоѓаш изговори при тоа „гушкајќи ја“ твојата тастатура...како до сега. Терминот за снимање и емитување на мојата „кавга“ ти го оставам тебе, нормално оставам да кореспондираат со твоите слободни термини , време кога не пишуваш вакви фантазмагорични текстови. Став на Иван С. Мирчевски Канал 5 ТВКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќаГази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа, следува законско решение кое ќе важи на цела територија.ВМРО-ДПМНЕ продолжува со креирање и спроведување конкретни политики за поддршка на младите за да им овозможи полесно да го решат едно од најважните животни прашања, обезбедувањето сопствен дом. Со новата мерка, која ќе биде преточена во законско решение, се предвидува младите брачни парови на возраст до 35 години, кои сакаат да изградат сопствен дом, да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општините, на цела територија на државата. Оваа мерка претставува директна финансиска поддршка за младите семејства и значително олеснување при започнувањето на изградбата на сопствен дом. Дека станува збор за конкретна политика, а не само за најава, покажува и нејзината досегашна реализација во неколку скопски општини, меѓу кои и Општина Гази Баба, која е меѓу првите. Општина Гази Баба уште кон крајот на минатата година ја спроведе мерката, со која младите брачни парови до 35 години се ослободуваат од целосниот износ на комуналиите што и припаѓаат на општината. Дополнително, Советот на Град Скопје ја усвои мерката со која младите брачни парови до 40 години и самохраните родители се ослободуваат од 60 проценти од вкупниот надоместок за уредување на градежното земјиште, односно од делот што му припаѓа на Градот Скопје, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план. Првичната старосна граница од 29 години беше проширена на 35, односно 40 години, по направените анализи и согледувањето на реалните потреби на младите семејства, затоа што целта е поддршката да опфати што поголем број млади луѓе и семејства на кои им е потребна помош при создавањето услови за сопствен дом. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политиките што носат конкретни придобивки за граѓаните за младите да имаат сигурност, перспектива и можност својата иднина да ја градат во Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со Алта банка, ниту побарала од неа проверки за лица.Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со Алта банка, ниту побарала од неа проверки за лица од управниот или надзорниот одбор на банката. Ивановски призна и дека Финансиската полиција нема отворен предмет. Ова значи дека не се проверени потеклото на капиталот за кој медиуми во Србија наведуваат дека се криминално стекнати пари. Значи клучни за Алта банка да влезе во Македонија биле консултациите на Трајко Славески со Христијан Мицкоски кои гувернерот јавни ги призна. Мицкоски вчера во Собрание одбегна да одговори на прашањето од претседателот Венко Филипче со кого го направил дилот за влез на Алта банка во Македонија. Во меѓувреме, истрагата во Србија се проширува, има нови осомничени и уапсени. Дубравко Мацура, брат на претходно уапсениот сопственик на банката Давор Мацура. Тој е осомничен дека неовластено влегувал во трезорот на банката, изнесувал готовина во евра и му ја предавал на својот брат. Во истиот случај е уапсена и директорка на „Алта пеј груп“ Татјана Бундало. Значи таму има истрага, има приведени, одземена е лиценцата на Алта банка, се истражуваат 380 милиони евра.... Во Македонија нема ништо. Македонското Обвинителство сè уште молчи и не отвора истрага за Алта банка. Зошто? Дали има телефонска нарачка ништо да не се презима за да се спаст Мицкоски, Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка? СДСМ на 12 ноември поднесе кривична пријава против Трајко Славески и други службени лица во Народната банка. Јавноста не знае дали се постапува по неа или се држи во фиока? Скопје, 27.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПатници поради снежни врнежи останале „заробени во авионот осум часа“Патници на летот на „Рајанер“ од Виена до Лондон поминале повеќе од осум часа во авионот поради обилни снежни врнежи и проблеми со системот за одмрзнување, а некои ги опишаа условите на авионот како неподносливи. Авионот требало да полета вчера во 9:40 часот, но полетувањето било одложено неколку пати. Патниците прво беа информирани дека летот може да се реализира околу 13:30 часот, поради технички проблем со системот за одмрзнување, но ниту тој рок не беше испочитуван. Еден од патниците изјави за „Хојт“ дека атмосферата во авионот станувала сè понапната, наведувајќи дека стјуардесата седела во аголот и плачела. Според него, некои патници сакале да го напуштат авионот, но капетанот преку интерфон објавил дека слетувањето не е дозволено. Патниците се пожалиле и на недостаток на храна и пијалоци, наведувајќи дека не им била обезбедена ниту бесплатна вода. Авионот полетал во 17:34 часот, според податоците од веб-страницата на Flytradar, откако претходно објавеното време на полетување од 16:10 часот не било реализирано. „Рајанер“ соопшти дека има технички проблем со системот за одмрзнување што го управува контролата на летање на аеродромот во Виена, поради што авиокомпаниите се принудени да чекаат слободен термин за одмрзнување на авионите. Компанијата изјави дека не можела да предвиди толку долго чекање и дека детално ќе го разгледа случајот со контролата на летање во Виена. Управата на аеродромот во Виена ги наведе континуираните обилни снежни врнежи како причина за доцнењето. Како што е објавено, екипите за зимско одржување постојано ги чистат површините на аеродромот, а сите авиони мора да се одмрзнат пред полетување. Поради ова, беа регистрирани доцнења при полетување, а во некои случаи и доцнења при слетување.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter