Спасени се четири лица кои залутаа по клисурата на Пчиња - Канал 5

Спасени се четири лица кои залутаа по клисурата на Пчиња

Од опуштена викенд прошетка до велешко Кожле да се види атрактивниот „Стојков мост“ до пеколно искуство и неколку часовно извлекување по полноќ. 

 Спасени се четири лица кои залутаа по клисурата на Пчиња

Александра Спировска, искусен планиран кој ги искачил сите врвови во земјава, за Канал 5 ја раскажува драматичната вечер која таа со својот 7 годишен син и двајца пријатели ја поминале синоќа покрај реката Пчиња.

Природата знае да биде немилосрдна, стравот бил присутен вели таа, но прибраноста била клучна за безбедноста. Прво се соочиле со бујна вегетација кој им оставила траги, а со секој чекор планинските маркери се повеќе исчезнувале од пред нивните очи додека не стигнале до карпеста провалија, заробени во сите правци.

-По неколку часа одење сфативме дека не е тоа патот, се движевме многу полека, затоа што со нас беше и мојот 7 годишен син. Едно време наидовме на една провалија, немаше лево, немаше десно, немаше горе, само имаше надолу, опција да се вратиме назад не беше затоа што да се вратиш по вертикална карпа нагоре, треба да гребеш со раце и со нозе, Згора на се ако си симнувал надоле 4 часа значи нагоре ќе треба да одиш 8. Кога се симнавме долу на чистината, тука веќе ги поминавме најтешките саати, беше веќе ноќ, беше ладно, детето заспа кај мене во прегратка и си спиеше неколку часа.

Тука започнала комуникацијата со ЦУК и операцијата за извлекување, хеликоптер не бил опција, па неколку часовното спасување се одвивало со чамец. Храброста на тигрите и ургентноста директорот на ЦУК - Ангелов, вели Спировска беа од клучно значење.

-Стигна чамецот, крајно професионално си ја извршија задачата, секоја им чест, елеци за спасување ни дадоа, не облекоа во топла облека, ни дадоа вода, во чамецот имаше многу вода, заедно ја истуривме им асистиравме, влеговме во чамецот, безбедно не префрлија за една минута на другата страна од реката Пчиња и тука не заврши авантурата, туку имаше уште еден час качување, пак планински предел за да стигнеме до нашето возило. Детето, еден од тигрите го носеше на ушка, бескрајно сум и благодарна, бидејќи беше преморен и му се спиеше. Стојанче Ангелов исто така со нас пешачеше до горе.

Ангелов вели дека задачата пред нив воопшто не била лесна, со бројни препреки и напори сепак успеале да стигнат до четирите лица.

-Се работи за исклучително стрмно место, затоа што местото на кое што се спуштивме за да бидеме спротивно од лицата кои што беа заглавени е многу стрмно би рекол повеќе од 70 степени, со гршушки со трња, исклучтелно тешко пробивање. Спасувачите со гумениот чамец се обидуваа да дојдат но имаа многу препреки, на неколку места морале да скокаат во водата за да успеат со чамецот да ги совладаат препреките.

Запалка, мобилен со полна батерија, рачно ноже и да се оди со водич и да се следат обележаните планински патеки се најбитните работи кога се оди на планински места, вели Ангелов, а и тој и Спировска се едногласно дека ГПС не треба да се користи на такви места, оти дополнително може да ја искомплицира работата. Најдобро е да се застане на безбедно и да се чекаат екипите за извлекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ за изборите за градоначалник на Брвеница покажуваат дека во споредба со изборите од 2025 година гласовите на ВМРО се намалиле за 13% а гласовите на СДСМ се зголемиле за 46%.

СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Односно од 3.388 гласа освоени за градоначалник во 2025 година сега кандидатот на ВМРО, Стојанчо Радичевски освил 2.944 гласа. Тоа е пад на поддршката за 13%. Падот на ВМРО е уште поголем, над 20% ако се има предвид дека и ЗНАМ и Левица го поддржаа кандидатот на ВМРО.

СДСМ во 2025 година освои 481 глас за кандидатот за градоначалник а сега, 2026 година, кандидатот на СДСМ, Јовица Радески освои 706 гласа што е зголемување за 46%.

Резултатите во Брвеница го потврдуваат трендот дека поддршката за ВМРО се намалува, а довербата во СДСМ расте.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат

„Nintendo“ објави дека нема намера да се откаже од издавањето физички копии на игри, иако индустријата сè повеќе се насочува кон дигитални содржини.

Добри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат

Компанијата изјави дека останува посветена на тоа да им понуди избор на играчите на конзолата „Nintendo Switch 2“, поддржувајќи ги и физичките касети и дигиталните преземања.

Во разговор за „YouTube“ каналот „Coelho no Japão“ за време на настанот „Brasil Game Show“, Бил ван Зијл, потпретседател на „Nintendo“ и генерален директор за Латинска Америка, беше прашан за ставот на компанијата по ова прашање и дали таа останува посветена на физичките медиуми.

„Знаете, историски гледано, секогаш сме биле прилично флексибилни во однос на ова, нели? Се водиме според преференциите на потрошувачите и сериозно ги земаме предвид“, објасни тој.

YouTube video

„Исто така, имаме платформа што штотуку е лансирана. Што се однесува до конзолата „NS2“, поминаа само нешто повеќе од една година од почетокот на нејзината ера. Таа нуди две опции – знаете, и дигитална и физичка.“

Потоа, Ван Зијл директно одговори на прашањето: дали „Nintendo“ има намера да се откаже од физичките изданија?

„Значи, нема планови за напуштање на физичките изданија. Знаеме колку фановите ги сакаат. Така што, да – нашиот став е да останеме флексибилни.“

Иако Ван Зијл јасно стави до знаење дека „Nintendo“ моментално нема планови да престане со издавање физички игри, сепак не ја исклучи целосно можноста тоа да се промени во иднина. Покрај физичките игри, „Switch 2“ користи и картички од типот „Game-Key“ – еден вид хибриден медиум кој не ја содржи целосната игра, туку клуч за нејзино преземање од интернет. За да се играат вакви игри, касетата мора да остане во конзолата, дури и откако играта ќе биде преземена.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прес-конференција на Државната изборна комисија по изборите во Брвеница

Вклучување во живо од прес-конференцијата на Државната изборна комисија по изборите во Брвеница.

Прес-конференција на Државната изборна комисија по изборите во Брвеница

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер