Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
Култура„Соседи" документарен филм за подигнување на свеста за правата на лицата со психо-социјални нарушувањаМинистерството за труд и социјална политика со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации преку заедничкиот проект организира премиерна проекција на документарниот филм „Соседи".Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации преку заедничкиот проект „Градење на локален модел за деинституционализација на лица со попречености" организира премиерна проекција на документарниот филм „Соседи". -Во ситуација кога многу држави ја ратификувaa Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, целта на настанот е подигнување на свеста за правата на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост да живеат во заедница, но се уште се соочуваат со маргинализација и социјална исклученост, велат организаторите. „Соседи" ја раскажува приказната на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост од Осиек (Република Хрватска), кои после декади поминати во изолација, ја напуштаат институцијата за згрижување и почнуваат независен живот. Филмот се прикажува во рамките на регионалната програма „DOX FOR CHANGE". На настанот ќе присуствува режисерот и авторот на документарниот филм – Томислав Жаја, преставници на Министерстото за труд и социјална политика, невладини организации, социјални установи и лица со попреченост вклучени во процесот на деинстуционализација./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријаваЛицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМинистерството за финансии објави Проспект за нова Граѓанска обврзницаМинистерството за финансии денеска објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно. Граѓаските обврзници може да се запишат во филијалите на деловните банки во земјава до 1 декември 2026 година и да учествуваат на аукцијата која е закажана за 3 декември 2026 година. Миниманиот износ што граѓаните може да го запишат е 10.000 денари, односно една граѓанска обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2029 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2028 и за втората година на 11 декември 2029 година. Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост. Линк до објавениот Проспект: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/prospekt-aukcija-na-drzavni-xartii-od-vrednost-file-0ib9.pdfТагови: Министерството за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанев на средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и IPASДенеска (18.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и на Меѓународната служба за полициска помош (IPAS) на Обединетото Кралство.На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната успешна соработка меѓу двете држави, како и подготвеност за нејзино продолжување и натамошно интензивирање во областа на безбедноста и полициското работење. Во таа насока, беше истакнато дека се одржани повеќе работни состаноци со претставници на релевантните организациски единици во рамки на Министерството, со цел унапредување на меѓусебната координација, идентификување на приоритетите и реализација на конкретни заеднички активности. Двете страни ја потврдија подготвеноста за продолжување и продлабочување на партнерската соработка, со посебен акцент на реализација на конкретни заеднички активности во областа на безбедноста и полициското работење.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook