„Сопственост на Роналдо“ – тоа е напишано во визата на Георгина (ФОТО) - Канал 5

„Сопственост на Роналдо“ – тоа е напишано во визата на Георгина (ФОТО)

На интернет кружи документ во кој Георгина Родригез е означена како „робинка“ на Кристијано Роналдо.

„Сопственост на Роналдо“ – тоа е напишано во визата на Георгина (ФОТО)

Двојката доби специјална дозвола од саудиската влада за заеднички живот. Заедничкиот живот на двајца невенчани лица инаку е забранет со државните закони на Саудиска Арабија, кои се тесно поврзани со исламската вера.

Во документот, за кој се вели дека е виза на девојката на Роналдо и е преведен од корисници на Твитер, Георгина е означена како „сопственост на фудбалер“. Потсетуваме дека жените во Саудиска Арабија немаат независност или автономија, а славниот пар не е официјално во брак.

CNN Arabic испрати барање за објаснување за документот до властите во Саудиска Арабија, но не добиле одговор. Тие напишале и дека документот најверојатно е лажен, но без официјална потврда не е можно да се потврдат или демантираат овие гласини.

Потсетуваме дека Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселија во Саудиска Арабија, каде живеат според новите правила. Георгина неодамна го прекрши кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, за што се соочува со парична казна.

Имено, во Саудиска Арабија според шеријатските правила жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, па затоа не смее да се носи тесна или проѕирна облека. Во јавноста, Георгина треба да носи абаја, традиционална долга туника со темна боја.

Освен тоа, манекенката открила нови детали во интервју за шпански Телемундо и се пожалила дека нивните деца искусиле физичко насилство на училиште.

„Има моменти на училиште кога децата ги удираат и не се бранат“, рече Георгина и потоа ја опиша ситуацијата. „Пред некој ден дојде едно од децата кај мене дома и почна да плаче, прашав што се случи и добив одговор: Ме удри дете. Му реков: „Зарем не знаеш да се браниш?“, изјавила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови обвинувања меѓу власта и опозицијата за случајот со Алта банка

Во новиот Кривичен законик кој веќе е објавен на ЕНЕР и испратен на мислење во Брисел, ќе има и посебно кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем.  

Нови обвинувања меѓу власта и опозицијата за случајот со Алта банка

Според предложеното решение, кривично ќе одговара тој што, злоупотребувајќи го своето влијание, службената или општествената положба и углед, преку лажни изјави или исправи ќе пласира неточни информации во јавноста, а со тоа ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем до степен што ќе наложи преземање законски мерки за нејзино одржување. За ова дело е предвидена затворска казна од една до пет години.

Премиерот Мицкоски вели дека одредбата е додадена по актулените случувања поврзани со Алта банка, но и претходните слични искуства.

-За банкарскиот тоа е дел којшто е додаден како резултат на искуството кое сега го гледаме а тоа е искуството со Стопанска Банка Битола, Алта Банка. Гледаме како на отворена сцена имаме обид да се опструира изнаоѓање на решение од одредена политичка структура и тоа да помине неказнето и ладно. И тоа не е прв пат. Ако се навратите назад во 2016/17 година тогаш заменскиот заменик министер во техничката влада за финансии испраќаше писма во светот на начин кој ја опструираше тогашната емисија на еврообврзница. И мислам дека е ова една добра форма за понатаму да не се случува за никој политичар ваква тема да злоупотребува за политички поени,- Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Иако во сегашниот КЗ нема вакво конретно дело, од НБРМ пред неколку дена поднеле две пријави до скопското обвинителство против раководството на СДСМ за наводите што ги изнесуваа на прес конферецнии во врска со Алта банка.. Од обвинителството брифираат дека во пријавите не се наведени конкретни кривични дела, но наводите во нив ќе бидат проверени. Од друга страна, кривична пријава против гувернерот Славески поднесе и СДСМ. Од таму денеска побараа обвинителството да не чека и додека ја разгледува пријавата да преземе итни мерки на претпазливост вклучително и привремена забрана за вршење на должноста на гувернерот.

-Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски. Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија,- изјави – Јон Фрчкоски – Член на ИО на СДСМ.

Државниот обвинител Ненад Савески синоќа во тв интервју порача дека Обвинителството ќе постапува по сите кривични пријави поврзани со Алта банка, без разлика кој ги поднесува и против кого се поднесени.

Тој вели дека секоја пријава ќе биде распределена кај надлежен обвинител, кој треба да ги провери наводите, да ги истражи и да собере докази, нагласувајќи дека самото поднесување пријава не значи автоматски и основ за кривично гонење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови законски измени: Полицијата ќе може веднаш да го отстрани насилникот од домот, воведени и електронски алки

Итно отстранување од домот на 48 часа на насилникот од страна на полициски службеник, дури и ако е сопственик на истиот, и алка која ќе ги алармира жртвата и полицијата за негово повторно приближување.

Нови законски измени: Полицијата ќе може веднаш да го отстрани насилникот од домот, воведени и електронски алки

Итно отстранување од домот на 48 часа на насилникот од страна на полициски службеник, дури и ако е сопственик на истиот, и алка која ќе ги алармира жртвата и полицијата за негово повторно приближување – се меѓу најрадикалните и клучните предложени измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство кој од август е во Собраниска процедура. Тој е предложен од група пратенички од владејчаките партии, а поддршка има и од МВР.

-Еден од радикалните исчекори, ако полицаецот утврди дека станува збор за сериозен ризик по жртвата, може да донесе итна мерка и да го отстрани насилникот од домот, дури и ако домот е во негова сопственост. Во рок од шест часа треба да биде доставена мерката во писмена форма, потоа судот ќе одлучува дали мерката ќе ја продолжи до 30 дена или ќе ја прекине. – - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Кажа Тошковски на брифингот на кој беа споделени податоци во однос на пријавите на семејно насилство. Во 10те месеци од 2026 година биле пријавени речиси 1900 случаи на семејно насилство, односно зголемување за 70% во однос на лани. Според министерот, ваквиот тренд е и поради охрабрувањето на жртвите се почесто да пријават, наместо да молчат и да трпат. Најчести жртви биле жените, напаѓани од брачни или вонбрачни партнери.

Законските измени се поднесени на крајот на август, а претседателката на комисијата за еднакви можности – Жаклина Пешевска, уверува дека во завршна фаза се сите консултации за законското решение и дека процедурата ќе продолжи во догледно време.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски, им оддаде почит на хероите што го дадоа најскапоценото за нашиот град да живее.

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

- На 13 Ноември стоиме исправени пред историјата и длабоко се поклонуваме пред оние што ни ја подарија слободата. На луѓето чија храброст беше посилна од стравот, а љубовта кон татковината поголема од грижата за сопствениот живот. Пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје ја извојува својата слобода. По тешките борби, по страдањата и неизвесноста, нашиот град ја дочека победата над фашистичкиот окупатор. Секоја негова улица носи дел од тоа паметење. Секое име врежано на спомениците носи приказна за еден живот, една младост, еден сон прекинат за да можат да живеат соништата на генерациите по нив. Нивната жртва засекогаш е вградена во темелите на слободно Скопје. Наша должност е да ја чуваме од заборав и да ги учиме нашите деца колку скапо е платено правото да живеат слободно. Антифашистичката борба ни остави завет да стоиме исправени пред неправдата, да го браниме човечкото достоинство и да ја чуваме силата на заедништвото. Тоа е духот на Скопје. Градот што и во најтешките мигови знаел да се издигне, да подаде рака и да покаже дека солидарноста е посилна од секоја поделба – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека денес наша обврска е тој завет да се преточи во дела и да создаваме град на ред, чистота и сигурност.

- Скопје во кое нашите деца ќе сакаат да останат, да создаваат и да ја градат својата иднина. Со таа мисла работам секој ден. Пред една година затекнавме закочени проекти и наталожени проблеми. Денес, промените се гледаат, големите проекти се движат кон завршницата, а со секој нов парк, мост и обновена улица градиме подобри услови за скопјани. Круна на мојот мандат ќе биде првата подземна сообраќајница, дело што ќе им служи и на генерациите по нас.Нашите ослободители го исполнија својот завет со храброст и со жртва. Нашиот мора да го исполниме со одговорност и со дела. Да бидеме достојни за слободата што ни ја оставија. Да изградиме Скопје достојно за генерациите што доаѓаат. Нека е вечна славата на ослободителите. Нека ни е честит 13 Ноември. Да живее слободно Скопје. Да живее Македонија – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер