Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Технологија„Соларен саем“ за обновливи извори на енергија во СкопјеОд денеска до 17 септември, во организација на „Македонската Соларна Асоцијација“ и Скопје Сити Мол ќе се одржува „Соларен Саем“.Со учество на преку 20-тина компании, на 24 резервирани локации, на приземјето во Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите технологии од соларниот сектор. На саемот ќе бидат присутни производители и трговци на соларна опрема како: фотоволтаични колектори, термални колектори, акумулаторски батерии, топлински пумпи, фото/термални колектори, громобранска заштита, системи за греење/ладење/вентилација, бакарен фитинг за термални системи, инвертори, соларни сушари, воздушни колектори, електрични велосипеди и електрични полначи, конструкции за монтажа на соларни колектори и соларни бојлери. Посетителите ќе можат да учествуваат и на дискусии за користење на обновливи извори енергија за домаќинства и да слушнат препораки од граѓанските организации кои работат во овие сектори. При разгледувањето на соларната опрема граѓаните ќе можат да остварат непосредни средби и со претставници од банкарскиот сектор и со донатори и ќе добијат корисни препораки за различни опции за финансирање при избор на опрема. Целта на саемот, како што велат организаторите, е да се намали влијанието на климатските промени преку примена на обновливи извори енергија. Саемот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест” и во соработка со „Македонското здружение на млади правници“ и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP). Целиот проект финансиски е поддржан од Владата на Кралството Шведска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЃорѓи Димов во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ѓорѓи ДимовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без макаЦарската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости.Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости. Не бара сукање, ниту чекање тестото да нарасне, состојките едноставно се соединуваат, смесата се истура во плех и се пече. Најубава е додека сè уште е топла, но вкусна е и кога сосема ќе се излади. Токму затоа може да се приготви однапред и да се послужи кога ви одговара. Состојки: 4 јајца 200 мл јогурт 100 мл масло 200 г. брашно 1 кесичка прашок за печиво 150 г. шунка 150 г. полутврдо сирење 3 помали кисели краставички 1 помала црвена пиперка прстофат сол малку бибер по желба Подготовка: Скршете ги јајцата и изматете ги во поголем сад додека не станат благо пенести. Додајте го јогуртот и маслото, па сето тоа добро соединете го. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата, непрекинато мешајќи, сè додека не добиете глатка смеса без грутчиња. Шунката, сирењето и киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни коцки. Додајте ги во приготвеното тесто и измешајте со дрвена лажица или шпатула, за рамномерно да се распределат. Со солта внимавајте, бидејќи шунката, сирењето и краставичките се веќе солени. По желба додајте малку бибер. Приготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење или претходно намачкан со малку масло. Измазнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна на 180°С. Печете околу 30-35 минути, односно додека питата не нарасне и добие убава златно - румена кора. Пред крајот на печењето проверете со чепкалка. Ако излезе сува, питата е готова. Кога ќе ја извадите од рерна, не сечете ја веднаш, оставете ја да постои 10-тина минути за да се стегне и парчињата да го задржат својот убав облик. Оваа пита може да ја послужите со јогурт, кисело млеко или кефир. Погодна е да ја понесете на работа или излет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусотПо неколку сезони во кои доминираа предимензионираните палта, модната сцена се свртува кон поструктурирани силуети.Кога станува збор за гардероба во преодниот период и есента, постојат неколку парчиња кои се апсолутно неопходни. Добар пар фармерки, пар удобни рамни чевли и стилска, но практична чанта секогаш се основа на нашиот изглед кога се шетаме низ град, како и квалитетен блејзер што може да се стилизира на безброј различни начини. Затоа не е изненадување што токму сега повторно сме во потрага по оној модел што ќе го воздигне нашиот есенски outfit. Судејќи според актуелните трендови, оваа сезона не бараме какво било сако, по долгото владеење на преголемите кроеви, модниот фокус се префрла кон поструктурираните стилови кои ја нагласуваат фигурата и враќаат одредена доза на женственост во кројот. Еден од најголемите трендови ќе бидат блејзерите што ја следат линијата на телото и го нагласуваат струкот. Моделите со „издолжен“ струк потсетуваат на елегантните силуети од педесеттите години, но во модерна интерпретација делуваат доволно опуштено за секојдневни комбинации. Можеме да ги замислиме со широки фармерки и рамни чевли, но и со здолништа, фустани или панталони од истиот материјал. Понудата е доволно разновидна за секој да може да ја пронајде својата верзија на овој тренд - од модели без јака и заоблени контури до построги кроеви со изразени рамена и јасни линии. Токму овој нагласен струк e она што ги разликува од блејзерите што ги носевме во последните неколку сезони. Особено изгледаат добро кога строгата силуета се комбинира со парчиња облека што даваат одредена лежерност, блејзер со нагласени рамена одлично се усогласува со обична бела маичка, фармерки, патики, но и со широки панталони и елегантни чевли. Кога станува збор за боите, класиката е сигурен избор. Црните, белите и сивите блејзери се сè уште најпопуларните стилови за есенската гардероба, но оваа сезона вреди да се обрне посебно внимание на потоплите тонови. Карамела, беж, темно кафеава и чоколадна боја се совршени за есенската палета и изгледаат особено добро со тексас, кремасти нијанси и други земјени тонови. Ако барате нешто малку подраматично, бордо е една од оние бои што и на наједноставен блејзер му дава сосема нова димензија. Не треба да се занемаруваат ниту материјалите. Превртената кожа, како и нејзините висококвалитетни имитации, веќе некое време се меѓу најпосакуваните есенски текстури, а блејзер направен од овој материјал функционира особено добро како алтернатива на класичната кожна јакна. Без разлика дали оваа есен ќе изберете женствен модел што го нагласува струкот или ќе се наклоните кон помоќната естетика од 80-тите, едно е сигурно - блејзерот повторно станува многу повеќе од практичен слој за постудените денови. Ако има добар крој, може да биде парче облека што го дефинира целиот изглед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11