3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Кошарка„Соколите“ против Солнок ќе атакуваат на првата европска победа сезонаваКошаркарите на Карпош Соколи го претрпеа и петтиот пораз во ФИБА Еврокуп. Во дуел од 5.коло на Х групата екипата на Карпош Соколи, загуби на гостувањето во Русија, кај Нижи Новгород со 95:70 по четвртини 19-22, 27-23, 26-16 и 23-9. Тимот од Карпош беше рамноправен противник се до 27.минута кога резултатот гласеше 61-61, по што домаќините до крајот на третиот период направија серија од 11-0 за во последната четвртина да влезат со предност од 72-61. На крајот рускиот тим до својата четврта победа стигна со 25 поени разлика, односно конечни 95:70. Кај „соколите“ само тројца играчи имаа двоцифрен број на постигнати поени и тоа Драган Лабовиќ постигна 23, Чомагиќ 18, а Дарко Соколов средбата ја заврши со 11 поени. Во првиот меч од оваа група, одигран вчера, унгарската пресметка ја доби тим Солнок кој 89-79 го Фалкон Вулкано. Токму тимот на Фалкон ќе биде следниот противник на Карпош Соколи и тоа на дуелот кој ќе се игра во Скопје на 6 декември. На табелата со четири победи и еден пораз првите две позиции се Нижи Новгород и Солнок, додека Фалко има 2 победи и 3 порази, а Карпош Соколи досега се нема радувано на победа, односно претрпе пет порази. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија. На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. РСБСП укажува: Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци. Не користете мобилен телефон додека возите. Користете сигурносен појас на секое патување. Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште. Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри. Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување. Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се. Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома. Вози одговорно. Секој живот е важен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. 7 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, Крушево, Берово, Крива Паланка, 11 Прилеп, 12 Охрид, Претор, Тетово, Виница, Кавадарци, 13 Битола, Струмица, 14 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 15 Штип, Велес, 16 Демир Капија, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 17 Лазарополе, 14 Попова Шапка, Маврови Анови, Тетово, 9 Охрид, 8 Претор, 5 Крушево, 3 Битола, Скопје-Петровец, 2 Велес, Куманово, Крива Паланка, 1 Штип, Прилеп, Виница, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter