Здравје„Соар“: Експертите предупредуваат за „огромна“ циркулација на Корона вирусот во Белгија Мерните станици на отпадните води во Белгија покажуваат „огромно“ ниво на циркулација на Корона вирусот во земјата, поради што здравствените експерти предупредуваат дека состојбата постепено станува „алармантна“, објави белгискиот весник „СоарСпоред овие податоци, врз основа на мерењата на 13 декември во 22 од 41 пречистителна станица е регистрирано „високо ниво на циркулација на Корона вирусот“ и нагорен тренд на неговото присуството во споредба со претходната недела. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, поради растот на бројот на заболени на крајот на ноември во Белгија беше прогласено „жолто ниво“ на опасност од респираторни инфекции. Сепак, според властите, притисокот врз белгискиот здравствен систем засега „останува под контрола“. За в четврток е закажан состанок на медицинскиот експертски тим за проценка на ризик, кога е можно да биде препорачано воведување на одредени превентивни мерки, како на пример, повторно задолжително носење на маски на лицето во здравствените установи. Белгиската Федерална служба за јавно здравје предупреди дека од суштинско значење е да се почитуваат хигиенски мерки промовирани по појавата на Ковид пандемијата, со цел да се избегне какво било ширење на вирусот. - Редовно мијте ги рацете со сапун и вода, проветрувајте ги просторите и останете дома ако сте болни, потсети Федералната служба, додавајќи дека останува и препораката за вакцинација против Ковид-19 и грип пред се за високоризичните групи граѓани. Белгиското Министерството за здравство соопшти дека и покрај регистрираниот загрижувачки тренд засега не се предвидуваат дополнителни мерки за намалување на бројот на заразени со Корона вирус. Раководителката на лабораторијата на Институтот „Рега“ од градот Лувен, Елке Волантс во интервју за весникот „Нивсблад“ предупредува дека циркулацијата на Корона вирусот во Белгија во моментов е „огромна“. - Го достигнавме вториот највисок врв забележан досега. Дури за време на десеттиот бран, во текот на пролетта оваа година, присуството (на вирусот) на беше на ова ниво. Во отпадните води има многу вируси, а во лабораториите гледаме и многу примероци од болни луѓе. Оваа ситуација не е карактеристична само за Белгија, епидемијата се шири низ цела Европа, додаде Волантс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter