Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
1Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
2Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
Македонија Со вело-тура околу Охридското езеро се заокружија активностите на ЕУ по повод Денот на Европа 2026Преку велосипедизам кој поврза три града и две држави, детска смеа и музика, мали бизниси, креативни работилници, улични изведувачи и акробати, Струга овој викенд беше домаќин на завршната активност од програмата за Денот на Европа 2026.Настанот ја заокружи серијата настани што во текот на мај и почетокот на јуни се одржаа во повеќе градови низ земјата, под мотото „Наша Европа.” и Посилни заедно“, со порака до граѓаните да ја почувствуваат Европа во својот град. Преку прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро велосипедисти, институции, партнери и гости ја поминаа рутата Струга, Поградец, Охрид, Струга, носејќи порака за одржлива мобилност, активен животен стил, прекугранична соработка и отворени јавни простори што им припаѓаат на граѓаните. Настанот беше организиран од Јуроп хаус и Делегацијата на Европската Унија во Македонија, во соработка со Јуроп хаус и Делегацијата на Европската Унија во Албанија, заедно со Општина Струга, Општина Поградец и Општина Охрид. Во текот на денот, паралелно со велосипедската тура, Паркот на поезијата во Струга стана едно од најживите места во градот. Во велосипедската тура учествуваа и претставници на амбасадите на земјите членки на Европската Унија, предводени од Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, словенечкиот амбасадор Грегор Прескер и неговиот тим од Амбасадата на Словенија, Матијас Хуменбергер, заменик амбасадор на Австрија, како и претставници од Амбасадата на Словачка и Делегацијата на Европската Унија. За време на активностите во паркот, граѓаните имаа можност да уживаат во базарот на мали бизниси, детската програма, креативните работилници, друштвените игри, музика и ди-џеј сет, улични изведувачи и акробати. Програмата беше создадена како отворена покана за сите генерации, за семејства, деца, млади, локални креативци и посетители кои сакаа да поминат ден во духот на дружење, радост и европски вредности. Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Бен Нупнау, истакна: „Оваа велосипедска тура го носи духот на Европа: отворена, инклузивна и секогаш во движење напред. Таа нè потсетува дека сме дел од истото патување и дека кога се движиме и педалираме заедно, можеме да постигнеме извонредни работи. Со изборот на две тркала наместо четири, покажуваме дека малите, одржливи избори можат да донесат големи промени за нашето здравје, нашата планета и нашите заедници. Од Струга, преку Поградец и Охрид, па назад до Струга, ова не е само тура околу езеро, туку круг на пријателство, соработка и заедничка посветеност на „Наша Европа“, во која сме „Посилни заедно““. Во реализацијата на програмата во Струга значајна улога имаше Општина Струга, со силна поддршка во создавањето на ова заедничко случување за градот. Во активностите беа вклучени и партнерите Здружение АКВА, “Youth for Struga”, ИНКА, ПХВ на Црвен крст Струга и Дуќан, а за музичката атмосфера се погрижи “Rootboy Selector”. Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, истакна дека Струга е жив пример за европските вредности во секојдневниот живот. „Струга е жив доказ дека овие вредности не се само теорија. Струга е град во кој различните култури, јазици и традиции не нè разделуваат, туку нè прават посилни. Град во кој соживотот е начин на живот, а не само слоган. Стружани ја сакаат Европа, затоа што Европа сме самите ние, во начинот на кој се почитуваме едни со други, во начинот на кој соработуваме и ја градиме иднината за нашите деца“, изјави градоначалникот Ќура. Во Скопје, Градскиот парк беше претворен во вистински европски простор преку настанот „Уживај ја Европа во градскиот парк“, со еко-бизниси, саем на цвеќе, “slow food”, маалски бувљак, “food corner”, игри на отворено од земјите членки на ЕУ и целодневна музичка програма. Во Велес, преку активноста „Растеме заедно“, волонтери, студенти, граѓани и амбасадори заедно садеа дрвја во опожареното подрачје околу езерото Младост. Во Битола, платото пред Јуроп хаус беше исполнето со музика преку концертот на отворено на Фанк Шуи, како дел од програмата „Уживај ја Европа со музика“. Европската приказна продолжи и во Тетово, каде што настанот „Уживај ја Европа со книга“ донесе саем на книгата, панел-дискусии, размена на книги, музика во живо и детска програма. Во Штип, младинскиот настан „Откриј ги можностите“ понуди саем за студирање, мобилност и музичка програма, со фокус на младите и нивните идни можности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт МолПарфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда. По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови. Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи. Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото. Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!Вистината за Алта банка е на виделина. Јавното обвинителство и Ненад Савески нема што повеќе да чекаат, мора веднаш да постапат.Во Србија на Алта банка ѝ е одземена дозволата. Отворен е стечај. Уапсен е сопственикот Давор Мацура. Има истрагата за 380 милиони евра. Во Македонија нема никаква реакција од Обвинителството. Народот не може да дојде до своите пари а тие што ја донесоа Алта банка во Македонија, уште договараат и нов сопственик. Фактите се јасни како ден. Трајко Славески и Христијан Мицкоски ја внесуваат Алта банка во Македонија, пералница на пари на Вучиќ со сомнителен капитал. Има јавно признание од Трајко Славески дека зад одлуката за Алта банка стои Христијан Мицкоски. Иако Народна банка треба да е независна институција. Иако СДСМ уште во декември 2025 година предупредуваше и алармираше јавно за позадината на оваа банка, за врските со Вучиќ, со СНС, со ВМРО и за сомнителниот капитал. Иако во Европа имаше санкции и суспензии, во Црна Гора е одбиена, Славески и Мицкоски ја носат Алта банка во Македонија. Во Законот за банки, член 13, се наведува дека „Акционер со квалификувано учество во банка не може да стане лице или правно лице контролирано од лице на кое му е изречена прекршочна санкција„ А Alta Group —во 2024 година била правосилно санкционирана од Австриската FMA. Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка. Дополнително морал да ја погледне и репутацијата на сопственикот Давор Мацура, банкарот на Вучиќ кој стана банкар на Мицкоски а сега во притвор. Покрај се ова наведно, Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата. Не само што му дозволи да купи банка, Мицкоски му дозволи на Мацура да купи и осигурително друштво. Сите овие факти, заедно со јавното признание на Славески за политичко влијание на Мицкоски повикуваат на акција на Обивнителството. Молкот ја продлабочува недовербата и отвора сомнеж дека се штити Мицкоски. Се оставаат Мицкоски и Славески да ја заташкаат работата, да уништуваат докази, да не се дознаат сметките, транакциите од Алта банка. Нека не чека Савески повик од Мицкоски. Нека му ги одбиве повиците и нека постапува. Обвинителството има обврска кон граѓаните. Бараме веднаш да се испитаат сите околности за влезот на Алта банка во Македонија. Улогата на Мицкоски. Постапувањето на Славески. Предлогот на Кочоска. Владините заклучоци. Потеклото и текот на парите. Сите инволвирани да одговараат. Доколку Обвинителството не постапи, СДСМ највува кривични пријави за Алта банка. Го потсетуваме Савески дека јавниот обвинител мора да биде независен и да работи според Уставот и законите. Дека со полагањето заклетва му дал збор на народот. Видовме дека наскоро се очекуваат апсења на обвинители во Србија. Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија. Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш! Одговорност ќе има! Прес конференција на СДСМ, Бодганка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter