Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
2Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
Македонија Со кои кандидати партиите ќе „трчаат“ на локалните избори?Од 25 кандидати за градоначалници кои ја добија довербата од Мицкоски и партискиот врв ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, 22-ца веќе ги водат нивните општини во изминативе четири години.Од 25 кандидати за градоначалници кои ја добија довербата од Мицкоски и партискиот врв ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, 22-ца веќе ги водат нивните општини во изминативе четири години, додека тројца кандидати се за општините Чучер Сандево, Делчево и Берово, каде ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, туку коалицијата на СДСМ. Во поголемите општини за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ ќе се борат досегашните градоначалници: во Охрид - Кирил Пецаков, во Штип - Иван Јорданов, во Битола - Тони Коњановски, во Велес - Марко Колев, во Општина Кавадарци - Митко Јанчев, во Гевгелија - Андон Сарамандов. Од скопските општини, шанса за втор мандат добија актуелните градоначалници на Аеродром, Дејан Митески, Бутел, Дарко Костовски и Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Со актуелни градоначалници ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за локалната власт и во повеќе од десетина помали општини: Во владејачката партија се уште се размислува со кој адут ќе настапат за градоначалник на град Скопје. Во игра се повеќе имиња, а како фаворити за таа позиција досега се споменуваа министерот за локална, Златко Перински, и градоначалниците, Орце Ѓорѓиевски и Бобан Стефковски. Неизвесно останува и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи лидерот на коалицискиот партнер ЗНАМ, Максим Димититриевски, за уште еден мандат во Куманово или ќе оди со свој кандидат. Во тие калкулации е и кандидатот за општина Центар – дали ќе биде на ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ или можеби ќе поддржат независен кандидат. За Центар како можна независна кандидатка се споменува поранешната пратеничка и советничка во град Скопје од СДСМ Софија Куновска, која во вчерашната „Само вистина“ потврди дека има поддршка од дел од жителите на општината, но се уште нема донесено конечна одлука. -Точно е дека има шпекулации за моја кандидатура, точно е дека има силен притисок од граѓаните на општина Центар да бидам нивни кандидат, но доколку тоа се случи, тоа би била независна кандидатура, бидејќи јас од 2016 година, откако го пасифизирав моето членство во СДСМ, останува социјалдемократ по убедување, но делувам како независен граѓанин. – Доколку некоја партија или коалиција реши да ве поддржи дали тоа би го прифатиле? – Не можам да му забранам никому, но мојата кандидатура би била независна, изјави Куновска. Ниту од СДСМ, ниту од ДУИ не добивме одговор кога планираат да ги објават имињата на нивните градоначалнички кандидати и дали на листите ќе се најдат позвучни имиња. Засега од СДСМ се извесни кандидатурите на актуелните градоначалници - Горан Герасимовски за Општина Центар и на Томе Христоски за Крушево, а можно е поддршка за уште една изборна трка да добие актуелниот градоначалник на Крива Палнка, Сашко Митовски. Тагови: градоначалник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанотЕдна од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание. Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност. Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема. Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите. Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваТејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозеСветската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови.Каков фустан! Сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе . Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови. Навистина, ова беше глетка за паметење. Тејлор Свифт се врати на голема врата кога станува збор за кантри-музиката. Неодамна, по пауза од 10 години, таа учествуваше на доделувањето на наградите на Здружението за кантри-музика (CMA Awards) во Нешвил. Последен пат таа присуствуваше на оваа церемонија во 2016 година. Овој пат, таа одлучи да блесне во жолта креација на дизајнерот Оскар де ла Рента, оставајќи го модниот свет воодушевен. Станува збор за едноставна, речиси ненаметлива тоалета, одликувана со минимализам. И додека горниот, корсетен дел се одликува со едноставен крој, долниот дел се карактеризира со асиметричен крој, долга опашка и џебови, кои на целиот стајлинг му даваат нота на модерен гламур. Не смееме да ја изоставиме ниту впечатливата жолта боја на фустанот, која беше главниот акцент во нејзиниот изглед. Ретко која дама би одбрала облека во оваа нијанса на жолта боја за некој голем настан, но Тејлор покажа дека за неа не важат овие стереотипи. Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј Ново шоу надовор од теренот на најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го испеа хитот на легендарниот Џеј и предизвика „хаос“ во еден белградски клуб!Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го искористи престојот во Србија за да се опушти во друштво на пријатели, а потоа приреди вистинско шоу во еден познат белградски клуб, што ги воодушеви сите присутни. Ноле уживаше во ноќното излегување, пушејќи и пеејќи, а кулминацијата на вечерта се случи кога пејачката Маријана Злопаша го забележа во публиката и го покани да ѝ се придружи на сцената. Ѓоковиќ не се двоумеше многу! Ја прифати поканата, го зеде микрофонот и ја запеа песната „Ниедни усни не бакнуваат сами“ голем хит на легендарниот Џеј Рамадановски. Атмосферата во тој момент го достигна својот врв, а присутните имаа можност да го видат Новак во сосема поинакво издание – наместо рекет, во рацете држеше микрофон и уживаше во музиката. https://www.instagram.com/reel/Df_Qk2Ts0g5/?utm_source=ig_embed Ѓоковиќ моментално е во Белград, бидејќи тениската сезона за него е завршена. Тој ќе помине уште неколку дена во својот роден град, а оваа сабота ќе ја искористи за да го прослави Свети Архангел со своето семејство. Потоа, планира да замине на одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook