„Слетале“ од незавршен мост, висок 10 метри – слепо верувале на навигацијата на Гугл (ВИДЕО) - Канал 5

„Слетале“ од незавршен мост, висок 10 метри – слепо верувале на навигацијата на Гугл (ВИДЕО)

Индонезиец и неговиот сопатник едвај преживеале несреќа кога автомобилот им паднал од височина од десет метри.

„Слетале“ од незавршен мост, висок 10 метри – слепо верувале на навигацијата на Гугл (ВИДЕО)

Како што е објавено на социјалните мрежи, тие слепо ѝ верувале на навигацијата на Google Maps, кој ги упатил да користат пат кој се уште не бил завршен, објави Дејли Меил.

За среќа, необичната несреќа ја преживеале неповредени, паѓајќи од недовршениот мост.

„Патот наеднаш стана неосветлен и немаше други автомобили, а потоа се најдовме во провалија“, вели возачот.

@dailymail This driver plunged 40ft off an unfinished bridge after getting confused by Google Maps, before making a miraculous landing. While his GPS mapped the new road in Indonesia, and rerouted him away from the incomplete highway, Rudie Heru Komandono, was perplexed by the change in direction. Instead of taking a slip road, he passed through a gap in a concrete barrier and ploughed ahead. He later claimed it was 'not my fault' as he was 'trying to follow the GPS' on his phone. 🎥 Viral Press Read more at DailyMail.com #driver #googlemaps #GPS #road #crash #scary #indonesia ♬ Minimal for news / news suspense(1169746) - Hiraoka Kotaro

Сепак, не е јасно дали 61-годишниот маж ќе преземе правни мерки како што беше направено во слична несреќа во Индија минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

По кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009.

Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република Македонија

Последните 17 години беше незаменлив дел од тимот на МЕГАМЕД ПЛУС. Колегите и пациентите ќе го паметат како врвен радиодијагностичар со огромна емпатија и висока стручност, кој спаси стотици човечки животи.

Со неговото заминувањето ќе остане огромна празнина во јавното и приватното здравство.

Последниот поздрав ќе се одржи во Четврток, 25 Јуни 2026, од 09:00 до 10:00 часот на гробиштата Ѓорче Петров во Скопје

Нека почива во мир

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, денеска беше официјално презентиран. 

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Станува збор за иницијатива што треба да ја поврзе домашната научна заедница, државните институции и приватниот сектор со европската инфраструктура за развој на вештачка интелигенција.

На промоцијата беше истакнато дека „Везилка“ не претставува самостојна „фабрика за вештачка интелигенција“, туку таканаречена „АИ антена“ – национален центар поврзан со европската АИ фабрика „Фарос“ во Грција. Преку ова партнерство, македонските истражувачи, стартапи, компании и јавни институции ќе добијат пристап до европски суперкомпјутерски капацитети, вклучително и суперкомпјутерот „Даедалус“, како и до напредни бази на податоци и специјализирани алатки за развој на модели со вештачка интелигенција.

Проектот чија реализација е планирана за три години, има вкупен буџет од околу 6,2 милиони евра. Од нив, приближно 3,1 милиони се обезбедени како грант од Европската Унија додека останатите средства се кофинансирани од државата.

„Везилка“ е вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании. Тоа е и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет - Христијан Мицкоски- претседател на владата

проектот претставува историски чекор во дигиталниот развој на државата и обид да се изгради траен систем, наместо да се реализираат поединечни и краткорочни проекти, посочи министерот Андоновски.

Целта на Везилка,се конкретни решенија базирани на вештачка интелигенција – од македонски јазични модели и дигитализација на културното наследство, до анализа на здравствени податоци, оптимизација на енергетските системи, автоматизација на административните услуги и примена на паметни технологии во земјоделството.

Покрај истражувачката компонента, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на кадри..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер