3Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
Шоу биз„Следоред“ со рекордни 27 номинации за годинашните „Еми“ награди Драмата на „Ејч-би-о“, „Следоред“ (Succession), води по бројот на номинации за телевизиските „Еми“ награди, со 27 можности за одличје за својата последна сезона. Toa e рекорд како број на номинации во една година.Досега двапати прогласена за најдобра драма, приказната за битката за контрола на медиумската империја на едно семејство, се натпреварува покрај апокалиптичната „Последните од нас“ (The Last of Us) која доби 24 номинации. За најдобра драмска серија, номинирани се и „Куќата на змејот“, „Андор“, „Повикај го Сол“, „Јелоуџекетс“, „Круна“ и „Белиот лотос“. „Тед Ласо“ - двократен добитник на „Еми“ за најдобра хумористична серија, ќе се бори за наградата за најдобра комедија против „ОУ Абот“ (Abbott Elementary), „Чудесната г-ѓа Мајзел“, „Само убиства во зградата“ (Only Murders in the Building), „Мечка“ (The Bear), „Бери“ и „Венздеј“. Ѕвездите од „Наследство“ Брајан Кокс, Џереми Стронг и Киран Калкин се во трка за најдобар глумец во драма, а нивната колешка Сара Снук се смета за фаворитка во женската категорија. Првпат номинираните Џереми Ален Вајт од „Мечка“ и Џејсон Сигел, кој глуми психотерапевт од „Терапија“ (Shrinking), се кандидати за најдобар глумец во комедија, покрај веќе наградениот Џејсон Судејкис, ѕвездата на „Тед Ласо“. Во категоријата комедија, номинирани се и глумиците Рејчел Броснахан, Квинта Брунсон, Кристина Еплгејт, Наташа Лајон и Џена Ортега. Победниците ќе бидат избрани од речиси 20.000 членови на Телевизиската академија. Наградите обично се доделуваат во септември, но тоа овојпат може да биде одложено поради штрајковите на сценаристите и глумците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСо спортски и европски дух во недела во Градски парк во Скопје - ЕРАЗМУС КРОСВ недела, 18 октомври, со почеток во 10 часот, во Градскиот парк во Скопје (Тартан патека) ќе се одржи спортско-забавен настан Еразмус крос, во организација на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Со овој масовен спортски настан официјално се означува финишот на одбележувањето на европската иницијатива Еразмус денови кои се одбележаа со различни настани од 12-17 октомври, недела со која се слават успесите и можностите на програмата Еразмус+ во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Еразмус кросот в недела ќе ги обедини учениците од основното и средното образование во трка која ги симболизира заедништвото, динамиката и отворањето нови хоризонти за младите. Настанот нема натпреварувачки карактер, главната цел е да се упати силна порака за поддршка на физичкото здравје, здравите навики, инклузијата и промоцијата на европските вредности меѓу новите генерации. „Еразмус+ програмата нè учи дека секој голем успех започнува со еден чекор напред. На овој крос нема губитници, победник е секој млад човек кој ќе застане на стартната линија да ги помести сопствените граници, да спортува и да даде поддршка на своите врсници. Ги повикуваме граѓаните, медиумите и љубителите на спортот да ни се придружат во Градскиот парк и со својата присутност и аплаузи да го поддржат спортскиот и ентузијастички дух на нашите деца и млади“, истакнуваат од Националната агенција. За време на настанот, покрај трките по соодветни возрасни категории, присутните ќе имаат можност да се забавуваат со весела програма, како и да се запознаат со можностите што ги нуди програмата Еразмус+.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
ФудбалВинисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитениЅвездата на Реал Мадрид, Бразилецот, Винисиус Жуниор, оваа недела повторно јавно им се обрати на судиите и на надлежните органи кои ги регулираат правилата на играта, повикувајќи на подобра заштита на фудбалерите. Во изјава за новинарите по победата на Реал Мадрид над Рома во Лигата на шампионите, одиграна на стадионот „Олимпико“во Рим, популарниот Вини ја искористи можноста да го изрази своето незадоволство, како од противничките одбранбени играчи, така и од судиите. „Имам чувство дека одбранбените фудбалери можат да ме удираат кога и да посакаат, а сепак, на крајот јас сум тој што добива жолт картон. Сметам дека треба да ги заштитиме играчите кои прават разлика на теренот – како мене, Ламин Јамал и Хулијан Алварез“, изјави Винисиус. Винисиус имаше големи потешкотии на теренот против Рома и беше заменет по еден час игра, откако не успеа да оствари значително влијание во нападот.Тагови: Винисиус Жуниор Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
СветБолсонаро или Лула?Сенаторот Флавио Болсонаро продолжува да води пред бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва пред вториот круг од претседателските избори.За потсетување, вториот круг е закажан за 25 октомври, сепак, според медиумските извештаи, разликата меѓу двајцата кандидати се намалила. Како што пренесува Ројтерс, анкетата на институтот „Датафоља“, објавена во четвртокот, покажува дека Болсонаро – најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро – би добил 47 отсто од гласовите, додека Лула би добил 45 отсто. Во анкетата на „Датафоља“ објавена минатата недела, Болсонаро имаше поддршка од 49 отсто од испитаниците, наспроти 45 отсто за Лула. Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто од гласовите, додека Лула доби 45,16 отсто. Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тие ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 25 октомври. Извор: Б92Тагови: Болсонаро Лула да Силва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26