„Скопско лето“ ќе се затвори со Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ - Канал 5

„Скопско лето“ ќе се затвори со Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“

- Четириесет и шестото издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“. 

„Скопско лето“ ќе се затвори со Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“

Ќе почне вечер во 20:30 часот во „Сули ан“, информираат организаторите на настанот.

- Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија во 1986 година. Составен е од студенти на Факултетот за музичка уметност од Скопје, но, во него често може да се сретнат и млади музичари од други земји. Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија со своето музицирање во сиот овој период се наметна како изведувачки состав со високо професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле значајни имиња од македонската музичка сцена: Фимчо Муратовски, Горјан Коруновски, Саша Николовски - Ѓумар, Вања Николовски - Ѓумар, Мирослав Спасов, Борјан Цанев, Бисера Чадловска, Олег Кондратенко, но и познати странски диригенти како: Арилд Ремерајт, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и други. Оркестарот е и добитник на национални награди и признанија, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.

Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации.

Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега.

Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море.

Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска.

Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев.

Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите 

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите – Центарот за управување со кризи го вклучи црвениот аларм откако земјата веќе се денови се наоѓа во портокалова фаза, а високите темепратури се очекува да продолжат и следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер