Дводневни разговори зад затворени врати- делегациите на Русија, САД и Украина заминаа од Абу Даби, кој е епилогот?
Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните
1Дводневни разговори зад затворени врати- делегациите на Русија, САД и Украина заминаа од Абу Даби, кој е епилогот?
2Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните
3Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Забава Скопје во недела ќе трча во ритамот на Виз Ер Скопскиот маратонСè е подготвено за 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела, 4 октомври, кога Скопје повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. На традиционалната прес-конференција по повод годинешното издание, која се одржа денеска во Europe House, беа презентирани најважните информации за организацијата, трките и подготовките за големиот спортски настан. Годинава маратонот поставува нов рекорд со пријавени 15.050 натпреварувачи од 63 земји, што уште еднаш потврдува дека Виз Ер Скопскиот маратон одамна ги надмина локалните рамки и прерасна во значаен меѓународен спортски настан. Покрај рекордниот број учесници, на стартот ќе има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати. Најбројни по земји, покрај учесниците од Македонија, се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција. За значењето на маратонот за градот зборуваше Зоран Стојановиќ, претседател на Сојузот на спортови на Скопје, кој истакна дека Виз Ер Скопскиот маратон со секое ново издание ја потврдува својата спортска традиција и значењето за Скопје. „Виз Ер Скопскиот маратон е спортска традиција која со секое ново издание го обединува Скопје. Оваа година имаме рекорден број учесници и голем број тркачи од странство, што е потврда дека маратонот има свое место на меѓународната спортска мапа. Нашата цел е сите учесници да имаат одлични услови за трката и да понесат убаво искуство од Скопје.“ Масовноста и вклученоста на граѓаните се важен дел од приказната на маратонот, а токму спортот и активното учество на заедницата се во фокусот и на Министерството за спорт. Министерот за спорт Борко Ристовски посочи дека ваквите настани имаат значење и за промовирањето на спортот кај младите. „Маратонот е пример како спортот може да ги обедини граѓаните и да испрати позитивна порака до целото општество. Министерството за спорт продолжува да ги поддржува настаните кои го промовираат спортот и активното учество на граѓаните,“ истакна Ристовски. Поддршката за маратонот доаѓа и од Делегацијата на Европската Унија, а Бен Нупнау, заменик-шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија, истакна дека голема чест и задоволство е што и оваа година ја поддржуваат манифестацијата. „Голема чест и задоволство е за нас што и оваа година ја поддржуваме оваа голема спортска манифестација. Спортот ги поврзува луѓето без оглед на нивното потекло и граници, а Виз Ер Скопскиот маратон е убав пример за тоа како еден настан може да ги поврзе Скопје, државата и европската спортска заедница.“ Подготвеноста на градот да биде домаќин на големиот спортски настан ја потврди и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој упати и повик до скопјани да бидат дел од атмосферата на 4 октомври. „Град Скопје ја дава својата целосна поддршка на маратонот, со сета расположливост на јавните претпријатија и службите кои се вклучени во организацијата, за настанот да помине безбедно и во најдобар ред. Ги повикувам скопјани да излезат, да ги бодрат тркачите и да бидат дел од енергијата која го прави маратонот посебен.“ Спортскиот директор на Виз Ер Скопскиот маратон, Кире Синадиновски, посочи дека рекордниот број учесници е голем предизвик, но и дополнителна мотивација за тимот. „Со рекордниот број пријавени учесници, ова е голем предизвик за сите нас, но и голема мотивација. На 4 октомври очекуваме уште едно големо тркачко доживување и ги повикуваме сите да бидат дел од него.“ Зад успешната организација стои и голем број луѓе кои со месеци работат на подготовките. Секретарот на Виз Ер Скопскиот маратон, Гордана Николовска, посебно ја истакна улогата на околу 500 волонтери кои ќе бидат распоредени на различни позиции долж патеките. „Зад секое издание на Скопскиот маратон стои голем број луѓе кои посветено работат со месеци. Оваа година имаме околу 500 волонтери кои ќе бидат на различни позиции долж патеките и ќе бидат важен дел од целата организација. Од организацискиот тим и волонтерите, до институциите, партнерите и сите кои ја поддржуваат трката – секој има свој удел во успехот на маратонот.“ Годинешното издание повторно носи четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка. Покрај натпреварувачкиот дел, Виз Ер Скопскиот маратон и годинава подготвува активности со кои дополнително ќе се збогати искуството на учесниците и публиката. Посебно внимание е посветено и на поддршката долж патеката, која традиционално е еден од препознатливите делови на маратонот. На 4 октомври, улиците на Скопје повторно ќе бидат исполнети со маратонци, полумаратонци, рекреативци, навивачи и поддржувачи. Рекордните 15.050 учесници од 63 земји ќе трчаат низ главниот град, а Скопје ќе има уште една можност да покаже дека знае да биде добар домаќин на големите спортски настани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДводневни разговори зад затворени врати- делегациите на Русија, САД и Украина заминаа од Абу Даби, кој е епилогот?Вториот ден од трилатералните преговори Украина – САД – Русија заврши со средба која траеше помалку од два часа и без присуство на медиуми. Деталите од преговарачкиот процес нема да се откриваат се додека не се достигне финален договор, соопштија и од руската и од украинската делегација на одделни прес конференции, меѓутоа повоената европска безбедност била централна тема на средбата, која помина без европски претставници. Европа прво треба да се определи кој ќе зборува од нејзино име, нагласи еден од предводниците на американската делегација - Џаред Кушнер. -Доколку Европа може да идентификува едно лице кое ќе зборува во нивно име, тоа би било поголемо достигнување отколку да се натераат Русите да ги вклучат во преговорите. // Ангажманот со Европа, барем знам дека со украинската и американската страна е многу силен. Неколку пати му кажавме на претседателот Путин и на неговиот тим дека единствениот начин да се постигне ова е да бидат тие покрај нас. Мислам дека се отворени за тоа, се надевам дека утре во Москва, Стив и јас ќе бидеме успешни и дека претседателот Путин ќе даде благослов тоа да се случи. Мислам дека ако тој се согласи со тоа, тогаш мислам дека ќе можеме да постигнеме многу поголем напредок,- - Џаред Кушнер, претставник на американската делегација. На преговорите е договорена размена на заробени војници од големи размери, соопштија од украинската делегација која оцени дека има вистински моментум да се достигне договор до нова година, доколку европски претставници се вклучат во преговорите. -Има огромен напредок во однос на прашањата поврзани со безбедноста и просперитетот и за ова ќе разговараме подоцна,- - Рустем Умеров, предводник на украинската делегација. -Работиме кон конечната цел каде што не треба да биде трилатерално, туку мултилатерално, бидејќи Европејците мора да седнат на маса. Зборуваме за повоена европска безбедност,- - Давид Арахамија, член на украинската делегација . Предводникот на руската делегација пак - Владимир Медински, остро ги искритикува европските лидери – нека учат од американските претставници што е здрав разум и реализам, порача Медински. -Ние не сосема разбираме за што може да се разговара со нив (европејците). Ниту една мировна иницијатива, ниту еден конкретен мировен предлог од страна на европските држави ние не добивме. Затоа, за што да се разговара со нив, не е јасно. Но ако пристигнале овде како туристи, нека си разговараат во хотелското лоби, нека си поразговараат за нивните работи,- - Владимир Медински, предводник на руската делегација. Дипломатските напори продолжуваат. Додека американските претставници Виткоф и Кушнер утре заминуваат кон Москва на средба со Владимир Путин, украинските преговарачи ќе оддржат одделни средби со европските претставници кои од вчера се присутни во Абу Даби, но не и на преговарачката маса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаТошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи.„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи, оставајќи зад себе светски метрополи и технолошки лидери како Сингапур, Дубаи и Абу Даби. Што точно значи ова признание, колку се намалени жртвите на патиштата и како системот „Safe City“ ќе се шири низ целата држава, дознаваме од разговорот на колегата Дејан Трајкоски со министерот за внатрешни работи - Панче Тошковски. Во видеото погледнете го целиот разговор со министерот Тошковски. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банкатаМинистерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка. „На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката. При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница. Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката. Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook