„Скопје се смее“ на Светскиот ден на шегата

Под мотото „Скопје се смее“ денеска пред „Порта Македонија“ се одржува манифестацијата „Априлијада 2015“ во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје.

На забавата има принцези, самовили, шеици, бетмени, супермени..., како и настапи на децата од Златно славејче и танцови групи од повеќе основни училишта од Скопје.

На манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

- Први април е денот кога е дозволено децата, учениците, студентите и граѓаните на Скопје, да се препуштат на својата фантазија и креативност, маскирајќи се во принцези и принцови, кралици и кралеви, во омилените ликови од цртаните филмови и стрипови, во бетмени, спајдермени, кловнов, самовили... Преку шаренилото на бои, фигури и маски, со различни мотиви и теми, збогатено е скопското секојдневие преку маскембалската магија, заедно со звуците на музиката, играта и забавата, истакна Трајановски.

Тој информира дека до доцните вечерни часови, граѓаните од сите возрасти, на плоштадот „Пела“, ќе имаат можност да се забавуваат, дружат и да се шегуваат.


Ноќната забава ќе почне вечер во 21 часот, а присутните ќе се забавуваат со: Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, групата Тхе ноисе макерс и Диџеј Бабура.

Денот на шегата беше одбележан и во општина Кисела Вода, каде маскирани дечиња пееја, играа и се дружеа во паркот Шопен.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер