МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
2МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
Македонија„Системот“ на обвинителна клупа – ќе има ли правда и дали лекциите од трагедијата се научени? Еден излез за спас и тоа тесен, немало ПП апарати, ниту хидратантска мрежа, а наместо фискални за купени карти се ставале печати, често и на рацете на малолетниците кои не смееле да влезат .Еден излез за спас и тоа тесен, немало ПП апарати, ниту хидратантска мрежа, а наместо фискални за купени карти се ставале печати, често и на рацете на малолетниците кои не смееле да влезат – Ја научи државата лекцијата од „Кафезот на смртта“ – Пулс кој одзеде 63 млади животи или институционалната реакција беше само инстантна? Една година подоцна од најавеното стегање на „обрачот“ се забрани само употребата на пиротехника во затворена просторија, и натаму по истите закони и пропишани процедури се издаваат лиценци - низата најавени законски измени кои треба да спречат нова трагедија се уште ја чекаат својата сила – во моментов се во владина процедура.. Во меѓувреме, на последната владина седница се усвои национален план за справување со масовни жртви – со кој земјава би требало да има соодветна реакција при вакви катастрофи. Сепак, до лиценца веќе не може лесно да се дојде – уверуваат од министерството за економија. Од таму за Канал 5 велат дека постапуваат многу построго – само осум клубови лани успеале да обезбедат дозвола за работа.. Одговорноста веќе нема да се префрла, точно ќе се знае што е чија надлежност, се воспоставуваат сосема нови услови и се формираат комисии кои ќе го чешлаат секое барање за лиценца – уверуваат од министерството. -Нашата цел е јасна – да воведеме ред, да ги затвориме правните празнини и да спречиме каква било можност за произволна примена на законот. Со предложените измени се доуредуваат одредени одредби од Законот кои во досегаѓната примена се покажаа како недоследни и возоможија произволна примена. Се заоструваат условите за добвање на угостителска дејноств во угостителски објект ноќен бар, кабаре, диско клуб. Се зголемуваат глобите за сторени прекршоци и неодговорни практити. Се врши специфирање на институциите кои треба да ја проверат исполнетоста на пропишаните услови. Се воведува комисија за проверка на комплетноста на пропишаните услови. Се дигитализира процесот за лиценци, за да се избегне човечкиот фактор,- – Министерство за економија и труд. Постојано во прашање се доведува и правната квалификација во обвинението – Одбраната во процесот го оценува како линч, оти, според нив, не можат сите да се товарат за исто дело. Очекувањата на адвокатот Петре Шилегов се дека предметот ќе трае најмалку две години во првостепена фаза, што би се избегнало со преквалификација... -Јас кажав дека за тие луѓе не постои пресуда која ќе ги задоволи, освен пресуда што може да го врати времето пред една година, да не се случи настанот. Ако јавноста сака градење на систем за што мислам дека беше главната алузија на јавноста, тогаш предметот поставен на вистински начин може да биде добар почеток за изградба на системот, меѓутоа не можеме да се обидуваме со ваква правна квалификација да дадеме правна форма на повикот за линч. Јавноста не повикува на линч, јавноста повикува на уредување на систем,- – Петре Шилегов – Адвокат . Предметот „Пулс“ е поделен во два дела, во едниот му се суди на системот, каде обвинети се 34 физички лица, а во другиот се гонат полициски службеници, предмет кој го води ОЈО ГОКК. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници. Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив. Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата. Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.Тагови: Врело Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдатаОткако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
МакедонијаДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговориВо споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00