„Симовците“ блеснаа во Велес, познати се победниците од „Денот на спортот“ - Канал 5

„Симовците“ блеснаа во Велес, познати се победниците од „Денот на спортот“

Велес е шестиот град во кој се одржа „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади.

„Симовците“ блеснаа во Велес, познати се победниците од „Денот на спортот“

Во незаборавна атмосфера и фер-плеј игра, младите „симовци“ се натпреваруваа во шест дисциплини: Coca Cola Cup 2011, футсал 2015, ракомет во женска конкуренција, баскет 3х3 во машка и женска конкуренција, народна и атлетика. Секој спорт донесе неизвесност и многу возбудувања.

Велес уште еднаш покажа дека Плазма Спортските игри за млади се дополнителен мотив овој град и во иднина да создава нови шампиони и да продолжи да пишува успешни спортски приказни.

Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање на здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17–22 август), каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

Плазма Спортските игри за млади беа свечено отворени во Скопје, а потоа се одржаа и во Куманово, Штип, Кочани, Струмица и Велес. СИМ веќе во вторник продолжува во Кавадарци.

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН

Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на: https://sportskiigrizamladi.com/

ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ – ВЕЛЕС

РЕЗУЛТАТИ

Coca Cola Cup 2011

Машки

Галактикос (Лозово)

Женски

Лозово (Лозово)

Футсал 2015

Овче – Гол (Свети Николе)

Ракомет женски

Црвени Стрели (Велес)

Баскет 3х3 машки

VG Siks Seven (Велес)

Баскет 3х3 женски

Viktori Girls (Свети Николе)

Народна 2015

Магија (Велес)

Народна 2017

Зајчиња (Велес)

Атлетика 2015

Машки

Прво место: Ѓорѓи Ѓоргиевски (ООУ Св. Кирил и Методиј - Велес)

Второ место: Теодор Василев (ООУ Св.Кирил и Методиј – Свети Николе)

Женски

Прво место: Ена Радев (ООУ Св.Кирил и Методиј – Свети Николе)

Второ место: Марта Гугуталиева (ООУ Св.Кирил и Методиј -Велес )

Атлетика 2017

Машки

Прво место: Дамјан Петрушевски (ООУ Панко Брашнаров – Свети Николе)

Второ место: Симон Ристов (ООУ Блаже Конески - Велес)

Женски

Прво место: Марија Кирова (ООУ Блаже Конески - Велес)

Второ место: Калина Темелковска (ООУ Блаже Конески - Велес)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. 

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста.

„Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет.

„Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Денеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. 

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под

Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните.

Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани.

На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Повеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер