Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа - Канал 5

Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од процесот за соработка на Југоисточна Европа кажа таа во телевизиско интервју.

 Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа

Во рамките на средбата, очекува да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа нема нерешлив проблем. Рече дека тоа е продолжение на средбата во Ереван – едно пријатно женско говорење. Ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Морам да кажам, кога првпат го сретнав господинот Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, но сите кои бевме присутни на работниот ручек каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние bona fide да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не се повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Изградбата на училиштата се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните

Изјава за медиуми на премиерот Христијан Мицкоски од населба Хром, Општина Ѓорче Петров.

Мицкоски: Изградбата на училиштата се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните

„Добар ден и од мене. Јас повторно со големо задоволство, со најголемо задоволство, сум овде во Општина Ѓорче Петров. Повторно на почеток на проект којшто е од суштинско значење и е со цел да, практично, помогне на нашите најмлади, на децата во делот на стекнување на нивното образование, во основното образование.

Би сакал што е можно повеќе вакви објекти да можеме да почнеме, како резултат на што е можно повеќе дечиња коишто би си родиле најпрвин, а потоа би дошле до оваа фаза на своето образование.

Му честитам на градоначалникот, на Советот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од Општина Ѓорче Петров, благодарност до Министерството за образование, до колегите од Владата што целиот овој период работиме за да отпочнеме нешто ново, да исправиме нешто од порано коешто било погрешно, да не создадеме нови дубиози и нови проблеми.

И ценам ваквите проекти само се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, пред сè на децата, бидејќи сето ова ние го работиме за нив. Да го оставиме за нив. Тие се тие коишто ќе го наследат сето ова коешто ние го работиме.

Еве нека се изгради овој објект за да можеме сите заедно да се радуваме во тоа што го правиме и што го создаваме.

Така што, нека е честито и да ни се множат вакви проекти уште повеќе.

Ви благодарам.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груевска: Оставката не е од лични причини, за една и пол година, немав ниту една средба со министерот Љутков

Поранешната претседателка на Советот за македонски јазик, Симона Груевска, утрово на Фејсбук ги образложи причините за нејзината оставка, откако министерот за култура и туризам изјави дека таа функцијата ја напуштила од лични причини.

Груевска: Оставката не е од лични причини, за една и пол година, немав ниту една средба со министерот Љутков

Груевска напиша дека за една и пол година, колку што била на чело на Советот за македонски јазик, немала ниту една средба со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Исто така, тврди дека институционалната поддршка за работата на Советот била минимална, а активностите поврзани со одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик биле реализирани без финансиска поддршка. Груевска посочи дека речиси една година инсистирала да започне изработката на националната стратегија за македонскиот јазик, предвидена со законот за употребата на македонскиот јазик, но наишла на административни пречки и доцнења. Според неа, работната група за изработка на стратегијата била формирана дури на крајот на јануари годинава, а нејзините забелешки и барања останале без одговор.Советот за македонски јазик не бил консултиран во делот што се однесува на јазичната политика. Груевска вели дека на расправата ѝ било сугерирано јавно да не ги изнесува своите забелешки, по што ја напуштила седницата и истиот ден и поднела неотповикливата оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од Македонското еколошко друштво

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 % од европскиот континент, површина речиси шест пати поголема од таа што моментално ја заземаат, се предвидува во студијата која обедини истражувачи од 13 европски земји, меѓу кои и д-р Диме Меловски и м-р Александар Стојанов од Македонското еколошко друштво (МЕД).

За подобро да се разбере човековото влијание во интеракциите меѓу различните животински видови, но и е да се објаснат причините за експанзијата на чакалот низ Европа, од 2001 до 2017 година се собирани стандардизирани теренски податоци за завивањето на чакалите на безмалку 9 000 локации низ Централна и Југоисточна Европа, вклучително и во нашата држава. Истражувањето покажа дека пократкотрајната снежна покривка, што е последица на климатската криза, умерената шумска покриеност и близината до водни тела позитивно влијаат врз бројноста на чакалот. Но, клучно за неговото ширење е отсуството на топ предатори, како волкот.

„Истражувањето ја потврди тезата дека историскиот пад на волците во Европа била главната причина за сè поголемата распространеност на чакалите низ Европа. Кога чакалите ќе почнеме да ги среќаваме и на места каде што вообичаено не живееле, вклучително и во повисоките предели, тоа значи дека популацијата на волкот, но и на разни видови плен, како срната, е загрозена“, објаснува д-р Диме Меловски, раководител на Програмата за диви видови во МЕД.

Во деведесеттите години на минатиот век, чакалот кај нас бил истребен, поради што порано го имал статусот на строго заштитен вид. Ова повеќе не е случај. Иако честите случаи на прегазени чакали и бројните пријави од луѓе упатуваат на заклучокот дека бројката на чакали расте и кај нас, сепак не постојат точни податоци за овој вид кој денес ја населува целата територија на Македонија.

„Чакалот, како и секое друго животно, си има своја функција во екосистемот. Но, популациите на крупни месојади мора да се менаџираат. Ова, од една страна, ќе помогне да се врати и одржува балансот во екосистемот, а од друга страна ќе спречи да дојде до истребување на даден вид. Токму затоа, државата, во соработка со ловните друштва и со експертски организации како нашата, треба да преземе мерки за управување со оваа популација, почнувајќи прво од утврдување на бројката на чакали“, подвлекува м-р Александар Стојанов од МЕД.

Истражувањето посочува дека закрепнувањето на топ предаторите може да биде решение базирано на природата за регулирање на растечките популации на мезопредаторите. Во нашиот контекст, ова е уште една причина да се заштити волкот со ловостој, имајќи предвид дека неговата популација е во опаѓање. За да се постигнат и задржат ваквите еколошки ефекти, потребно е топ предаторите да достигнат еколошки ефективна густина и соодветна популациска стабилност. Ова претставува голем предизвик во предели доминирани од човекот, поради што е неопходно да се преземат ефикасни мерки за спречување и намалување на конфликтите меѓу човекот и животните.

Целосната студија е достапна на https://www.nature.com/articles/s41559-026-03060-y

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер