3Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година
Култура„Сила“ - концерт на Македонска филхармонија по повод Денот на женатаМакедонската филхармонија вечер ќе одржи концерт по повод Денот на жената насловен „Сила“, кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција.На програмата се „Павана“, оп. 50 од Габриел Форе, Концертот за пијано и оркестар бр.2 во ге-мол од Камиј Сен-Санс и симфониската скица „Море“ од Клод Дебиси. Ребека Тонг е резидентен диригент на Симфонискиот оркестар и уметнички и музички директор на Ансамблот за современа музика во Џакарта. Таа ја освоила Првата награда на „La Maestra“ во 2020 година во Париз, каде што, исто така ја добила и „ARTE Prize“. Нејзините настапи вклучуваат дебитантски концерти со: Симфонискиот оркестар на Барселона, Германскиот симфониски оркестар во Берлин, Оркестарот на Париз, Националниот оркестар на Франција, Филхармонијата и Симфонискиот оркестар на Лондон, Камерниот оркестар на Париз, Националниот оркестар на Монпелие, Кралскиот Филхармониски оркестар на Ливерпул, Би-би-си Филхармонијата...Во сезоната 2021/22 дебитираше со Националниот оркестар на Лион, Полскиот национален радиосимфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Порто... Маестра Тонг во својата биографија запишува и дека била асистентка на диригенти како Мајкл Тилсон Томас и Франсоа Гзавие-Рот, а учествувала и на мастер-часови со врвни имиња како Туган Сокијев, Пабло Ерас-Касадо,Марин Алсоп... Таа е добитничка на Taki Award 2019 и на неколку диригентски стипендии, вклучувајќи David Effron Conducting Fellowship и Cabrillo Festival of Contemporary Music Fellowship. Активно учествува во конципирање на програмата на Симфонискиот оркестар на Џакарта, со цел да ја запознае индонезиската публика со класични и со современи оркестарски дела. Таа е основач на Младинскиот христијански оркестар на Џакарта (2011). Родена е во музичко семејство, има кинеско потекло и уште од млада возраст ѝ се посветува на музиката и верува во нејзината моќ на поврзување на заедниците. Ендру фон Ојен е меѓународно признат пијанист, познат по својата извонредна техника и елегантна изведба. Роден во САД, со германско и холандско потекло, започнал да учи пијано на петгодишна возраст, а на десет години дебитирал со оркестар. Дипломирал на Колумбија Универзитетот и на Џулијард школата, каде што негови наставници биле Херберт Стесин и Џером Ловентал, а работел и со Алфред Брендел и Леон Флајшер. Дебитирал со Филхармонијата на Лос Анџелес на 16-годишна возраст, а од тогаш настапувал како солист со водечки оркестри низ светот, вклучувајќи ги и Филаделфија оркестарот, Симфонискиот оркестар на Лос Анџелес, Берлинскиот симфониски оркестар, Прашката филхармонија, Марински оркестарот, Би-би-си симфонискиот оркестар, Симфонискиот оркестар на Токио, Симфонискиот оркестар на Сингапур и многу други. Настапувал во најпрестижните концертни сали како Вигмор Хол и Барбикан Хол во Лондон, Линколн Центар во Њујорк, Кенеди Центар во Вашингтон, Симфониската сала во Бостон, Театарот Тони Хол во Лос Анџелес, Театарот Хербст во Сан Франциско, Тонхале во Цирих, Ројал Опера во Версај, Театро Олимпико во Рим... Фон Ојен издава албуми за Warner Classics, вклучувајќи ги „Bach-Beethoven“ (2021) и „Angels & Demons“ (2024), кои веднаш достигнаа високи места на платформите за стриминг. Неговите снимки опфаќаат репертоар од Бах и Бетовен, до Дебиси, Равел, Лист, Сен-Санс и Месијан. Добитник е на Gilmore Young Artist Award (1999) и на Првата награда на Léni Fé Bland Foundation National Piano Competition (2001). Денес живее во Лос Анџелес и во Париз, и поседува американско и француско државјанство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа информираше дека за десетина дена ќе започне испораката на 3.300 нови контејнери, со кои значително ќе се унапреди системот за собирање и управување со отпадот во главниот град. „Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски. Тој посочи дека со новите контејнери, заедно со новите специјализирани комунални возила, во значителна мера ќе се надмине состојбата со отпадот во Скопје и ќе се создадат подобри услови за одржување на јавната хигиена. Покрај новите контејнери и комунални возила, Градот Скопје наскоро ќе ги стави во функција и новите метлачки и цистерни. Нивната употреба ќе придонесе за почисти улици, булевари и јавни површини, што е од директен интерес за сите граѓани. Ѓорѓиевски најави и иницијатива која ќе биде доставена до Советот на Град Скопје, со која се предвидува еден ден во месецот депонирањето отпад на депонијата „Дрисла“ да биде бесплатно за граѓаните. „Со конкретни мерки и инвестиции продолжуваме да работиме на подобрување на комуналната хигиена и создавање почист и поуреден град за сите скопјани“, порача градоначалникот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ТехнологијаКинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнуваКинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнува во домовите ширум светот. Кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) претстави хуманоиден робот кој, за време на демонстрација, самостојно извршува низа домашни обврски – од подготовка на храна и чистење до местење на креветот и ракување со апарати за домаќинство. Сепак, сè уште не се знае кога овој робот ќе биде достапен за купување. Идејата за робот за домаќинство со децении припаѓаше на сферата на научната фантастика, но снимките од кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) прикажуваат хуманоид кој се движи низ домот и извршува разни секојдневни задачи. Во демонстрацијата, роботот подготвува храна, ги чисти подовите, го мести креветот, ракува со апарати за домаќинство и служи оброци. Тој е претставен како систем способен да преземе дел од домашните обврски и да помогне во организацијата на домаќинството. Во јуни, Кина покрена национална иницијатива со цел да воведе повеќе од 10.000 хуманоидни роботи во комерцијална употреба, во над 100 различни сценарија за примена, до крајот на 2026 година. Развојот на оваа индустрија е дел од пошироките напори за воведување на роботиката во производството, логистиката, малопродажбата, здравството и други сектори. #UniXAI robot #Panther is now on duty. From managing wake-up calls, controlling home appliances to organizing tasks & cooking, #Panther offers a comprehensive range of household services in residential environments, serving the public into daily life! https://t.co/uvrFZwhfuL https://t.co/njGPXDysiJ — Unix AI (@RoboticsUnixAI) March 25, 2026 Сепак, патот до целосно автономен домашен робот, способен да ги извршува речиси сите домашни обврски, сè уште не е целосно реализиран. Дури и најнапредните хуманоидни роботи сè уште имаат ограничувања, а за посложени задачи, некои системи може да се потпираат на човечки надзор или далечинско управување. Еден пример е роботот NEO од компанијата 1X, дизајниран специјално за домашна употреба. За разлика од роботот на Unipath – за кој сè уште не се објавени ниту датум на пуштање во продажба, ниту официјална цена – NEO е веќе достапен за преднарачка. Цената за ран пристап изнесува 20.000 долари, иако компанијата нуди и опција за претплата од 499 долари месечно. Се очекува испораките до купувачите во САД да започнат уште кон крајот на 2026 година.Тагови: Робот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ФудбалПознат денот кога Меси ќе го одигра последниот натпревар за АргентинаЕден од најдобрите светски фудбалери во историјата, асот на Интер Мајами, Лионел Меси неодамна објави дека се повлекува од аргентинската репрезентација, а за време на претстојната меѓународна пауза ќе му биде приредено официјално испраќање.Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони го вклучи долгогодишниот капитен Меси во списокот за претстојните пријателски натпревари, а како што пишува Фабрицио Романо, „малиот волшебник“ ќе се прости од репрезентацијата во Буенос Аирес, на 6 октомври, на натпреварот против Бенин. Пред тоа, Аргентина ќе игра против Боливија и Буркина Фасо, но не е познато дали освојувачот на осум златни топки за најдобар светски фудбалер ќе настапи на тие натпревари. Меси на 31 август објави дека се повлекува од националниот тим, за кој во текот на кариерата одигра 207 натпревари, постигна 125 гола и забележа 68 асистенции. Со Аргентина освои две титули на Копа Америка, Светското првенство и „Финалисима“, а својот последен танц во дресот на „Гаучосите“ ќе го има пред своите навивачи.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter