Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
Култура„Шпанска гитара“ со виртуозот Милош Карадаглиќ и Македонската филхармонијаВо Домот на АРМ вечер Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт под наслов „Шпанска гитара“, на кој како солист ќе настапи светскиот виртуоз на гитарата, Милош Карадаглиќ од Црна Гора.Најпопуларниот класичен гитарист на новата генерација ќе го изведе фантастичниот и романтичен Концерт за гитара и оркестар „Аранхуез“ од Хоакин Родриго, кој е сместен и на неговото најново ЦД и за чии изведби добива не само извонредни критики, туку и престижни награди. Критиката е едногласна дека со неговиот редок талент и се разбира, со настапите, Милош Карадаглиќ (1983) ја убедува публиката дека гитарата е природно продолжение на неговите раце. Списанието „Грамофон“ пак, напиша дека е „гитарист кој со својата музичка и техничка умешност ја изразува својата личност, но на еден интелигентен начин, со вкус“. За него е снимен документарен филм насловен „МИЛОШ; HEARTSTRINGS“. Со Македонската филхармонија ќе диригира маестро Емил Табаков од Бугарија, а оркестарот оваа вечер ќе изведе уште три мошне популарни дела - Симфониската рапсодија „Шпанија“ од Емануел Шабрие, како и атрактивните „Болеро“ и „Ла Валс“ од Морис Равел. До крајот на мај и почетокот на јуни, Македонската филхармонија ќе ги изведе традиционалните концерти за студентите и учениците од државните училишта и факултети, додека кон средината на јуни, македонската публика ќе има можност да присуствува на уште едно возбудливо доживување со мултимедијалниот спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ кој ќе се одржи во Градскиот парк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗападен Нил ја зема единаесетата жртва – почина 66 годишна жена од Росоман Западно нилската треска ја зема и единаесетта жртва. Почина 66 годишна жена од Росоман, која подолго време била хоспитализарана и имала и други заболуавња.Епидемијата со Западен Нил стивнува и веќе трете недела нема нови хоспитализирани пациенти, посочи директорот на инфективна Фадил Цана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНаунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во „Идризово“ при продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Сведочеше вешто лице кое посочи дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување. Родителите на жртвите од Пулс реагираа и порача дека судскиот процес не се води само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притворСо факели, петарди, огномет и музика, како на голема прослава, синоќа во скопски Чаир стотина лица го пречекаа поранешниот вицепремиер Артан Груби, откако му беше укинат куќниот притвор. Во друштво на пријатели и соработници, Груби се поздравуваше со присутните, додека се палеа факели и чадни бомби. Снимките од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи. Одбраната на Груби , на кого му се суди за злоупотреби во „Лотарија“ во соопштение до јавноста се оградува за синоќешното славење во Чаир. -Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење, нагласува одбраната на Груби. Но, иако Груби од вчера може да се брани од слобода, обвинението против него останува. Од Кривичниот суд соопштија дека куќниот притвор му е укинат по сила на законот, по истекувањето на максималниот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот исто така не ја прифати ниту понудената гаранција од над 335 илјади евра за враќање на пасошот Груби е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој Обвинителството го товари за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според обвинението, со спорни одлуки и постапки поврзани со набавката на видеолотариски терминали, на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 9,7 милиони евра. Во предметот се обвинети вкупно осум лица, меѓу кои и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој по бегство од органите исто така се врати во Македонија. Груби пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен, но и и натаму има забрана да го напушта Скопје, обврска да се јавува во судот и забрана за контакти со определени лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter