​Шест симптоми на менопауза зад кои се крие опасна болест (фото) - Канал 5

​Шест симптоми на менопауза зад кои се крие опасна болест (фото)

Жените може да почувствуваат повеќе од 50 промени по породувањето.

​Шест симптоми на менопауза зад кои се крие опасна болест (фото)

Менопаузата е процес кој може да трае неколку години и е проследен со различни симптоми. Најчесто тоа се топлите бранови кои се појавуваат нагло и нагло престануваат, а покрај нив се јавуваат и промени во расположенито, промени на кожата, опаѓање на косата или намалување на волуменот, будење во текот на ноќта...

Д-р Тавина Банот од Велика Британија вели дека симптомите на менопаузата можат да се заменат со други состојби, на пример, ендокрини проблеми како хипотироидизам, но тука се вбројуваат и депресијата и фибромијалгијата.

- Менопаузата може да го зафати секој орган во телото и затоа е неопходно жената штом ќе влезе во овој период редовно да оди на прегледи - истакнува д-р Банот.

Д-р Сара Бревер исто така ги истакнува и следниве состојби: анксиозност, промени во расположението, „замаглување“ на мозокот, тешкотии при концентрација, промени во либидото, болки во зглобовите, пречки при варењето, дијареа, како и сува кожа и коса.

Еве кои шест состојби ги наведува таа за британски „Сан, а чии симптоми може да се поврзат со менопаузата, но всушност, може да се работи за болести за кои е потребно итно лекување.

1. Проблеми со тироидната жлезда

Кога тироидната жлезда лачи премногу хормони, таа го забрзува метаболизмот, што може да доведе до анксиозност, раздразливост, замор, несоница, чувствителност на топлина, потење, дијареа и менструални проблеми.

Од друга страна, неактивната тироидна жлезда може да предизвика зголемување на телесната тежина, замор и лошо расположение. Симптомите вклучуваат мускулни грчеви, болка и слабост, болки во зглобовите, сува кожа, кршлива коса, запек, обилни менструации, лоша концентрација и меморија.

2. Нарушено ментално здравје

Вообичаено е жените да доживуваат променливо расположение, раздразливост и анксиозност за време на менопаузата. Но, општите лекари не секогаш ги препознаваат овие симптоми како дел од некоја друга болест, т.е. честопати ги поврзуваат со менопаузата, иако можно е да се работи за нарушено ментално здравје, па затоа е потребно посебно да се обрати внимание на нив.

3. Мултиплекс склероза

Оваа болест обично се дијагностицира на возраст од 20 до 50 години и е една од најчестите причини за инвалидитет кај помладите луѓе.

Тоа се случува кога имунолошкиот систем го напаѓа мозокот или 'рбетниот мозок, а повторените епизоди на воспаление предизвикуваат губење на изолационата миелинска обвивка која ги опкружува нервите во мозокот и рбетниот мозок. Како последица се јавуваат следните симптоми: замор, проблеми со размислувањето и контрола на мочниот меур.

Малку е веројатно дека мултиплекс склерозата ќе биде погрешно дијагностицирана како менопауза. Сепак, можно е неспецифичните симптоми првично да бидат отфрлени како такви, велат експертите.

4. Рак

И менопаузата и ракот предизвикуваат широк спектар на симптоми, од кои многу се преклопуваат. Ноќното потење, на пример, се смета за еден од најчестите симптоми на ракот. Исто така, се јавува кај околу 60 проценти од жените кои се во менопауза. Не треба да се заборави дека различните видови рак можат да дадат различни симптоми, во зависност од тоа каде се наоѓаат. Ракот често се поврзува со замор и губење на енергијата, а некои видови на рак може да предизвикаат црвенило и потење.

Сепак, д-р Брајер како симптом кој е специфичен за ракот го наведува необјаснивото губење на тежина.

5. Деменција

Многу жени кои минуваат низ менопауза велат дека почнуваат да стануваат дементни, односно ја губат меморијата. Мозочната магла е симптом кој се јавува кај 68 проценти од жените во менопауза.

Деменцијата честопати погрешно се поврзува со староста. Раните симптоми на деменција не се препознаваат секогаш кај помладите луѓе и може да се припишат на други причини како стресот, депресијата, менопаузата, а тоа доведува до нејзино одложено дијагностицирање, велат експертите.

6. Фибромијалгија

Како и менопаузата, фибромијалгијата се јавува пред 55-тата година и е почеста кај жените. Оваа ревматолошка состојба може да се маскира под менопаузата, а вклучува болни зглобови, замор и недостаток на концентрација. Иако точната причина за фибромијалгијата е непозната, се смета дека таа е поврзана со абнормални нивоа на одредени хемикалии во мозокот и промени во начинот на кој централниот нервен систем ги обработува пораките за болка што се пренесуваат низ телото.

Поради сето наведено, многу е важно секоја жена која влегува во менопауза редовно да оди на лекарски прегледи и да му го сврти вниманието на својот матичен лекар на секој симптом што ќе го почувствува, за да може тој да ја упати кај специјалист.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски.

Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата.

Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава.

СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи.

Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот.

Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски.

По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа.

И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника.

Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава.

Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее.

Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група.

Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара.

Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад.

Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер